Сакам да знам!

Член од
1 ноември 2017
Мислења
66
Поени од реакции
40
Законски ли е користење надзорни камери (деш-камери) во Македонија во колите?
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.536
Поени од реакции
695

Не е законски само автошколите имаат законско право да снимаат ,малку е глупаво сите понови модели на возила се со камери но тоа е таков ни е законот
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.460

Koe ново возило има камера која снима?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817

Koj точно закон го кажува тоа?
Ако успееш да наведеш закон/член кој конкретно и стриктно кажува дека е забрането да имаш дешкам во кола, ќе бидеш првиот што го направил тоа во миљон дискусии и муабети. :)
 
Прочитај го малку делот каде се објаснува околу заштита на личните податоци https://azlp.mk/gragjani/temi/video-nadzor/ , еве и во законот за безбедност во патниот сообраќај во член 244 е наведено за автошколите https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/Збсп - пречистен текст.pdf како и во членот 369 кој се може да постави камери
Koe ново возило има камера која снима?
Постои ЕУ регулатива каде што се поставуваат системи за следење на траекторијата на движење на возилата LDWS-систем и каде во внатрешна меморија се снима и истиот систем служи и за навремено сигнализирање на возачот дека преминал во другата лента доколку го нема вклучено жмигавецот ,но зажал во Македонија таа регулатива не е донесена
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Гледаш Мишко, ова се е веќе поминато... Ама ајде пак ќе се повториме.

https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/Збсп - пречистен текст.pdf како и во членот 369 кој се може да постави камери
Член 369 се однeсува на овластувањата на полицијата да снима за оперативни и доказни потреби.
Член 369 никаде не наведува дека на граѓаните им е забрането снимање на јавен простор.

Прочитај го малку делот каде се објаснува околу заштита на личните податоци https://azlp.mk/gragjani/temi/video-nadzor/ , еве и во законот за безбедност во патниот сообраќај во член 244 е наведено за автошколите
Точно, во член 244 се наведени овластувања на автошколите да снимаат за службени потреби. Никаде во член 244 не се забранува на граѓаните да ја практикуваат слободата на движење и видео документирање на тоа свое движње.

Што се однесува на заштитата на личните податоци - тоа не вклучува забрана за снимање на јавен простор. Не зборуваме за таргетирање, следење и снимање на поединци и имот, туку за снимање на јавен простор. Никаде не е забрането снимање на јавен простор, има такви само толкувања - без основа.
Единствена конкретна забрана, и таа е од понов датум, е забрана за снимање на полиција. Што е глупаво и ретардирано, но е законски факт. Постои конкретен член во конкретен закон кој конкретено наведува дека е забрането да се снима полиција. Тоа е факт но другото не е факт.

Не постои забрана за снимање на јавни локации, не постои забрана за снимање на улици и патишта од автомобили. Ова е точно се додека не биде фактички побиено - со закони и со членови од закони кои конкретно ќе кажат дека на граѓаните им е забрането снимање на јавни локации.

Тоа што не го разбирате - вие што мислите дека е забрането снимање јавен простор, не го разбирате тоа дека со членовите 244 и 369 не се однесуваат на забрани туку со нив се овластуваат полицијата и автошколите да снимаат и да продуцираат доказен материјал. Вие и сите ние, како граѓани на оваа држава не можеме да продуцираме официјални снимки и докази - но тоа не значи дека ни е забрането да видеодокументираме јавен простор. Снимање јавен простор не ни е забрането затоа што НЕ ПОСТОИ ТАКОВ ЗАКОН НИ ЧЛЕН КОЈ КОНКРЕТНО ГО ЗАБРАНУВА ТОА.

Автоматски споено мислење:

Член од
14 април 2012
Мислења
31.548
Поени од реакции
62.460
Прочитај го малку делот каде се објаснува околу заштита на личните податоци https://azlp.mk/gragjani/temi/video-nadzor/ , еве и во законот за безбедност во патниот сообраќај во член 244 е наведено за автошколите https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/Збсп - пречистен текст.pdf како и во членот 369 кој се може да постави камери

Постои ЕУ регулатива каде што се поставуваат системи за следење на траекторијата на движење на возилата LDWS-систем и каде во внатрешна меморија се снима и истиот систем служи и за навремено сигнализирање на возачот дека преминал во другата лента доколку го нема вклучено жмигавецот ,но зажал во Македонија таа регулатива не е донесена
Toj ситем го имам и јас, но колку што знам, функционира врз основа на read only. Ако имаш линк каде пишува дека има меморија, би ти бил благодарен.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.536
Поени од реакции
695
Toj ситем го имам и јас, но колку што знам, функционира врз основа на read only. Ако имаш линк каде пишува дека има меморија, би ти бил благодарен.
Зависи од моделот кој е вграден во самото возило некои имаат внатрешен диск а некои имаат надворешна мемориска картичка
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.536
Поени од реакции
695
Гледаш Мишко, ова се е веќе поминато... Ама ајде пак ќе се повториме.

Член 369 се однeсува на овластувањата на полицијата да снима за оперативни и доказни потреби.
Член 369 никаде не наведува дека на граѓаните им е забрането снимање на јавен простор.

Точно, во член 244 се наведени овластувања на автошколите да снимаат за службени потреби. Никаде во член 244 не се забранува на граѓаните да ја практикуваат слободата на движење и видео документирање на тоа свое движње.

Што се однесува на заштитата на личните податоци - тоа не вклучува забрана за снимање на јавен простор. Не зборуваме за таргетирање, следење и снимање на поединци и имот, туку за снимање на јавен простор. Никаде не е забрането снимање на јавен простор, има такви само толкувања - без основа.
Единствена конкретна забрана, и таа е од понов датум, е забрана за снимање на полиција. Што е глупаво и ретардирано, но е законски факт. Постои конкретен член во конкретен закон кој конкретено наведува дека е забрането да се снима полиција. Тоа е факт но другото не е факт.

Не постои забрана за снимање на јавни локации, не постои забрана за снимање на улици и патишта од автомобили. Ова е точно се додека не биде фактички побиено - со закони и со членови од закони кои конкретно ќе кажат дека на граѓаните им е забрането снимање на јавни локации.

Тоа што не го разбирате - вие што мислите дека е забрането снимање јавен простор, не го разбирате тоа дека со членовите 244 и 369 не се однесуваат на забрани туку со нив се овластуваат полицијата и автошколите да снимаат и да продуцираат доказен материјал. Вие и сите ние, како граѓани на оваа држава не можеме да продуцираме официјални снимки и докази - но тоа не значи дека ни е забрането да видеодокументираме јавен простор. Снимање јавен простор не ни е забрането затоа што НЕ ПОСТОИ ТАКОВ ЗАКОН НИ ЧЛЕН КОЈ КОНКРЕТНО ГО ЗАБРАНУВА ТОА.

Автоматски споено мислење:

Прочитај ги и протолкувај ги одредбите од Законот за заштита на личните податоци член 88,Во Кривичниот законик на Македонија е предвидена казнена одредба за вакви дејства во главата 15 – Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот и тоа во членот 152 за неовластено снимање, кој гласи:
Неовластено снимање
Член 152
(1) Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(3) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна
(4) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба.
Повреда на правото на поднесување правно средство
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Неовластено снимање
Член 152
(1) Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
@mishko јас внимателно ги имам прочитано сите релевантни закони/членови. И знаев што следува па предвреме ти го напишав ова:

Што се однесува на заштитата на личните податоци - тоа не вклучува забрана за снимање на јавен простор. Не зборуваме за таргетирање, следење и снимање на поединци и имот, туку за снимање на јавен простор. Никаде не е забрането снимање на јавен простор, има такви само толкувања - без основа.

Единствена конкретна забрана, и таа е од понов датум, е забрана за снимање на полиција. Што е глупаво и ретардирано, но е законски факт. Постои конкретен член во конкретен закон кој конкретено наведува дека е забрането да се снима полиција. Тоа е факт но другото не е факт.
Автоматски споено мислење:

Членот што го наведуваш стриктно зборува за намерно и таргетирано снимање на поединци и нивниот приватен имот. Но никаде не се наведува забрана за снимање на јавен простор. И уште еднаш: никаде не се наведува забрана за снимање на јавен простор.
Тоа значи дека на евентуално судење, обвинителот ќе треба да докаже мотив и намера/умисла дека ти со „дешкам“ (камера монтирана на шофершајбна) - дека намерно си го таргетирал и си снимал одредено лице.

Но ОК, не се согласувај. Ајде најди закон/член кој забранува снимање на јавен простор.
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.536
Поени од реакции
695
@mishko јас внимателно ги имам прочитано сите релевантни закони/членови. И знаев што следува па предвреме ти го напишав ова:

Автоматски споено мислење:

Членот што го наведуваш стриктно зборува за намерно и таргетирано снимање на поединци и нивниот приватен имот. Но никаде не се наведува забрана за снимање на јавен простор. И уште еднаш: никаде не се наведува забрана за снимање на јавен простор.
Тоа значи дека на евентуално судење, обвинителот ќе треба да докаже мотив и намера/умисла дека ти со „дешкам“ (камера монтирана на шофершајбна) - дека намерно си го таргетирал и си снимал одредено лице.

Но ОК, не се согласувај. Ајде најди закон/член кој забранува снимање на јавен простор.
Обратно ти ќе треба да докажеш дека не си таргетирал некој доколку тој те пријави ако ги гледаш така работите
никаде не зборува за намерно туку подобро прочитај го и протумачи го ставот 1 од законот Тој што неовластено никаде не вели намерно туку струкно вели неовластено
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Обратно ти ќе треба да докажеш дека не си таргетирал некој доколку тој те пријави ако ги гледаш така работите
никаде не зборува за намерно туку подобро прочитај го и протумачи го ставот 1 од законот Тој што неовластено никаде не вели намерно туку струкно вели неовластено
Па би требало да знаеш дека негација не се докажува... Ти ако не го знаеш тоа, верувај дека го знае секој обвинител.

Повторно: Законите третираат кој има овластување да снима за да продуцира доказни и официјални снимки. Забрануваат и снимање приватен имот и тарегетирање поединци.
Повторно: Законите никаде не наведуваат забрана за снимање на јавен простор.

Конкретно прашање: Дали воопшто има регистрирано случај некој да биде обвинет И ОСУДЕН за поседување „дешкам“ oдносно за камера монтирана на шофершајбна?
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.007
Поени од реакции
1.799

Никој нема осудено, ама никогаш не ги прифаќаат на суд снимките како доказ баш заради тоа што е неовластено снимање.
Ако не се лажам и пред куќа да ставиш камера не смее надвор да снима на улица. За деловни објекти е друго и плус мора да стои знак дека објектот е под видео надзор.
Значи ти реално можеш било каде да ставиш камера, ама не можеш да ги употребуваш снимките како доказ.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.917
Поени од реакции
10.548
Некако недокажани се некои закони, дали намерно или случајно ама заради тоа доста дупки се наоѓаат
Е сеа логично зашто би донеле закон конкретно каде што добиваат авто школоте и полицијата да снимаат ако не е забрането со закон тоа воопшто?
 
Буквално истото и јас го кажувам.

За камери пред куќа, чинам имаше во законот за заштита на лични податоци дел каде се кажуваше дека не смее во кадар да влегува туќа куќа, двор, имот. За улица мислам дека нема такви забрани, или барем не сум свесен дека постои член кој тоа го кажува.

Некако недокажани се некои закони, дали намерно или случајно ама заради тоа доста дупки се наоѓаат
Е сеа логично зашто би донеле закон конкретно каде што добиваат авто школоте и полицијата да снимаат ако не е забрането со закон тоа воопшто?
Затоа што нивните снимки со тоа овластување со тој закон, се официјални снимки кои се прифатени пред суд и во полиција за истражни постапки, итн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom