Сакам да знам се!

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Да сакаш да знаеш се е малце злобно.
Бидејќи информација не е знаење .
Ако имаш премногу информации а малку знаење т.е. искуство , ќе ти се направи збрка во животот - како прво - секогаш одржувај баланс меѓу тоа што си слушнала , и тоа што си искусила.
Бидејќи , вистинското знаење е во етерот.
Тоа што се чувствуваш дека има многу што незнаеш , немај гајле , тоа е нормално.
Исто како што гласи изреката од Плато или од Сократ (заборавив од кого беше) , ‘Сега знам дека ништо незнам‘ , симплицирано...
-Колку повеќе имаш Знаење , толку повеќе имаш допирни точки со Непознатото.И ако тоа го надополниш тоа со желбата со осознавање , се наоѓаш во контиунирана еуфорија се дур не ти ‘цркне системот‘.
Кога ќе ти цркне системот одмори се , ама сепак , подобро најди го тој баланс измеѓу информации и вистинско знаење пред да ти цркне системот. :pipi:
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Но, сето тоа што си го напишала е за поздравување, многу се ретки тие како тебе :)
Уф ама си грешка. Баш се најчести. Секој сака да знае се, секој сака да го знае одговорот на секое прашање.

Нормално е да сакаш да знаеш се. Нормално е да сакаш да запознаеш се! Буквално, СЕ! Верувам дека секој од нас во животот се почувствувал така (барем поинтелегентните личности)...
Beeeeep, no no no..нема врска, ама никаква. Сите значи, сите сакаат да знаат се. Не се осеќаш ти ко коза коа само ти не го знаеш одговорот на рандом прашање во друштво? Поглупавиот од тебе ќе се осеќа гордо зато шо не го знае?
Празноглава цура шо знае само за огледало ми кажала дека би сакала да постои некоја виша сила која ќе и даде моќ да го знае одговорот на секое прашање.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Милиони различни аспекти и гледишта.. Тема без крај..
Основниот лузинг на Френсис Бекон - Знаењето е моќ! - можеби е главниот одговор на оваа тема..
Или можеби и не?
Милиони различни аспекти и гледишта.. Тема без крај..
 
Х

Ханзо

Гостин
Свежо ова, од последното емитување на Милионер. Се појавува прашањето за границата на Кина, и татко ми одма: ајде да те видам, го знаеш ова? Го знам, му викам, ама што ќе ми е. Се замисли човекот за да ми каже: па еве, ко за Милионер. Па сега ве прашувам: интелигентен е оној кој е толку љубопитен да знае со која земја Кина има најдолга граница, или оној кој знае дека таа информација не му значи ништо, и нема никогаш да му смени нешто (пар илјади денари од Трендо не се сметаат за менување нешто).
А уствари ова го пишав за суптилно да кажам колку сум интелигентен и информиран и на крај сите да сфатиме дека се тоа се паунови перја.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Не станува збор за интелегенција.. Ја додадовме интелегенцијата како потребна за да се разберат работите..
Љубопитноста е таа што прави човек да сака да знае нешто или СЕ..
Склоп на овие две е учење на вистинските работи и разбирање на истите..
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Свежо ова, од последното емитување на Милионер. Се појавува прашањето за границата на Кина, и татко ми одма: ајде да те видам, го знаеш ова? Го знам, му викам, ама што ќе ми е. Се замисли човекот за да ми каже: па еве, ко за Милионер. Па сега ве прашувам: интелигентен е оној кој е толку љубопитен да знае со која земја Кина има најдолга граница, или оној кој знае дека таа информација не му значи ништо, и нема никогаш да му смени нешто (пар илјади денари од Трендо не се сметаат за менување нешто).
А уствари ова го пишав за суптилно да кажам колку сум интелигентен и информиран и на крај сите да сфатиме дека се тоа се паунови перја.
Потполно се согласувам.
Интелигнеција баш и нема врска секогаш со информации од општа култура, тоа не ве прави Ајнштајн.Интелигенциајта е многу повисока форма и служи за создавање на знаење не за негово повторување.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Едно е да те интересираат информации и разно разни теми и токму кога ќе слушнеш нешто пример одма бараш на интернет добиваш знаење и се интересираш понатаму и понатаму. И некогаш кога ќе те прашаат можеш да бидеш нервозна бидејќи мислиш дека знаеш се и дека си над сите.
Само тука проблемот е што тоа знаење испарува. Ако се фокусираш и работиш на одредена насока што е нормално сето тоа ти паѓа во вода. Работата треба да биде насока и преку неа да се надградуваш кон одредена насока.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Сакам да знам се
Да се сконцентрирам на тоа дека сакаш да знаеш се, па еве замсли дека до 25 години учиш биквално се што може да се дознае за се што може да постои.
Каков живот ќе имаш после? Дали ќе ти претставува воодушевување кога ќе го видиш
ако точно знаеш во што е финтата?
Некогаш мистеријата е многу позабавна одколку знаењето.
Да, и јас сакам да знам многу работи, ама често наоѓам задоволство во незнаењето или мистеријата.
Твојот мозок може да задржи голема количина на информации, самиот бида дали некои работи ќе ги помниш долго или кратко, ама не е возможно да знаеш се.
За да запомниш се треба да си ко човеков
И твојата желба може да се каже дека е зголемена љубопитност, или можеби страв дека некогаш нема да знаеш нешто па така сакаш да знаеш се за да не мораш да се соочиш со таква ситуација.
Како и да е, можеш да се сконцентрираш на одредени области за да ги задоволиш своите потреби, и да одбереш професија кога секогаш ќе те учи на нешто ново.

Секој човек на планетава, освен што е желен за љубов, за среќа, за почит, за моќ, желен е и за знаење.

Нормално е да сакаш да знаеш се. Нормално е да сакаш да запознаеш се! Буквално, СЕ! Верувам дека секој од нас во животот се почувствувал така (барем поинтелегентните личности)...
Тоа што го чувствуваме не не прави луди или *вметнинегативнапридавка*. Не. Тоа е сосема позитивна карактеристика и доказ дека ги гледаме работите во светот од различни перспективи. Доказ за надпросечна интелегенција вика мајка ми.
Далеку од тоа да надпросечно интелигентните луѓе сакаат да знаат се.
Пак ќе го ствам видеово каде што вика дека човекот е ментално хендикепиран, но...
Така што интелигенцијата некогаш нема врска со знаењето се.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Епа знаеш како.. Работата е што сакам да дознаам и да видам нешто ново и мистериозно и потоа со воодушевување да го испитам, да го разберам, и да го поврзам со многу други нешта кои ќе се потрудам да си создадам прилика да ги видам и искусам.. Во моментот кога се новина и се гледаат и искусуваат работите се најволшебни нормално, но волшебно е и понатамошното проучување на истото за да знаеш зошто е така како што е.. Можеби после тоа следното гледање на истото нема да доведе до иста импресија но пошо е еднаш видено посекако не би дошло до иста импресија, само што следното гледање не би знаел зошто е тоа така а зошто да незнаеш кога може да знаеш.. Но затоа ќе има нешто ново понатака вредно за проучување што ќе те импресионира одново.. Ииии нормално мозокот ќе ги складира информациите и ќе ги подели на потребни и непотребни.. На тие што го интересираат и тие што не го интересираат.. Но благодарение на сите тие човекот добива реална слика за работите, за животот, за светот.. Од една страна една реална всушност и една сосема своја и уникатна нормално ради различните сваќања на работите..
Инаку во сликата што е погоре.. Незнам точно за што појава станува збор, а би сакала да знам ако знаеш дај некое инфо.. Инаку да, да го видам и да го разбирам и да го знам сепак ќе ми делува посебно и магично затоа што и такво е.. И затоа што првпат ќе го видам.. Знаеш за да ти остане импресијата можеш познавањето на работите едноставно да го ставиш на страна, да го исклучиш мозокот и да уживаш во моментот.. Знаењето ќе остане, а импресијата ќе ја има повторно.. И искуство и теорија.. Најволшебно..
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Кога веќе ќе знаеш како функционира еден трик со карти, нема да ти биде инересен да го гледаш или доживееш. Сепак во ред е да се биде љубопитен ама не кон се, туку кон позитивните работи, да не забегаш во дроги и проституција од љубопитство :)

А инаку, изгуглај Aurora Borealis и ќе дознаеш за појавата :)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
:))))) И таквиот начин на експлоринзи го разистражив детално..
Го сакам сега трезното задоволство што се пронаоѓа во работите што те исполнуваат.. Сакам да знам, да сакам, да можам..
 
Член од
29 октомври 2009
Мислења
33
Поени од реакции
1
Откако ќе го направиш ова...
Има ли полза од проширувањето на знаењето кон политика, историја, филозофија итн. ?
Има ли полза од тоа да помирисаш се?
Има ли полза од тоа да искусиш се?
колку повеке знам толку повеке сум во предност мислам конкретно на една тема од сите останати од целата конкуренција со мојата интелегенција мислам дека нема умствена работа сто кога би сакал не би мозел да ја усовршам и да ја искористам за да заработам за да привлечам внимание за било што колку повеке знам толку полесно можам да се наметнам во општествотот ама тоа е конкретно на една тема а на повеке незнам дали вреди посто за да ја склопис сликата треба да знаес се од поцетокот до крајот
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Може да се каже дека патам од ист проблем. Па незнам дали тоа би го нарекол љубопитност, хммм, можеби љубопитност како помал, сега тоа е еден вид навика/надоградување. Неможам да кажам дека ме интересира буквално се. Да, ме интересираат широк круг на области но не се.
Како мал растев со голем број на списанија и енциклопедии кои ја потикнаа мојата “љубопитност„ кон знаењето, сеуште листам стари броеви на “Политикин Забавник„ и сеуште ги чувам енциклопедиите кои ми ги купуваа како мал (Географија, Историја на светот, Културата на светот, Политика...). Ги читав од А до Ш (не само стриповите како што правеа голем број од моите врсници), па така се интересирав и за книжевност и за уметност и за историја и за технологија... и.т.н.
Како што навлегував во основата на секоја посебна област мојата глад за знаење се продлабочуваше, барајќи се помали детали кои ги немаше во општите енциклопедии... и тоа никогаш нема крај. Како што и самата велиш сите тие работи се испреплетени. Пример ќе прочиташ како мал за Кеопсовата пирамида, колку е таа висока/каде се наоѓа... но потоа само по себе се наметнува потребата да знаеш повеќе за историскиот и културниот контекст на нејзината изградба, кој ја градел? зошто е изградена? како е изградена? и слично... па земаш книга стрикно посветена на Кеопсовата Пирамида, па наоѓаш книга за историјата на Стар Египет, па бараш енциклопедија за митологијата и обичаите на Египет... нема крај.
Токму затоа знаењето е интересно, бидејќи секој се надоградува на за него специфичен начин и секогаш има уште повеќе. Неможе да се каже дека некој знае баш се, па макар тоа било и од една единствена област... информациите се просто бесконечни... додека го чукам овој текст светските новински агенции објавиле неколку иљадници вести од сите сфери на општеството, и така до бескрај.
Можеби звучи малку филозовски но тоа е така, и не треба да ја чукаме главата поради тоа. Неможеме да ги прочитаме сите добри книги или да ги изгледаме сите добри филмови или да се запознаеме детално со сите држави на светот... но можеме да се надоградуваме (полека и чувствително), како со знаење од хартија исто така и со знаење од искуство. Интелигенцијата и логиката на секој од нас ќе направи успешно да комбинираме со тоа што веќе го знаеме како тоа и да го употребиме во реалниот свет... некој од нас поуспешно, некој помалку успешно.
Отсекогаш сум тврдел дека човекот треба да се фокусира на што поразновидно знаење на широк спектар на области, бидејќи иако професионализмот и концентрирањето на една област се услов за да “преживееш„ во денешно време, едноставно е грев да одбиеш да дознаеш за толку извонредни нешта кои се случиле во историјата а кои не чекаат на полиците на библиотеките (или модерно на веб-страните).

За мене лично, отсекогаш ме интересирала историјата и културата на државите од светот (не само големите туку и најмалите и најнеразвиените кои постојат), политиката и политичките организации, Книжевните ремек-дела и филмските класици... историјата на религијата и митологијата... понешто астрономија, уметност и технологија... и уште многу други области од кои имам познавања и кои сеуште со задоволство ги продлабочувам!
Но затоа никогаш не научив уште еден светски јазик (освен англискиот of course), никогаш не сум се интересирал за автомобилите или модата, никогаш не ме интересирале механичките работи низ куќата или кулинарството и.т.н...
Кога ќе се собере и одземе на толку многу знаење секогаш ќе се најдат некои тешки хендикепи!!!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Сакаш се да знаеш, ок, али не можеш се да знаеш, факт!
Ја замешавте интелегенцијата, општите знаења воопшто не се репер за интелигенција, а и колку и да си интелигентна не можеш се да дознаеш и разбереш и проучиш...
Сепак треба да се посветиш на една дисциплина која најмногу те влече, впрочем и сте големи научници успеале во една област, ако запливаш во сите води, не ти бега судбината на Титаник:smir:
 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Аууууу , интелигенција мешате со количина на инфо у глава ... цццц... смртна грешка ...

Интелигенцијата не е колку знаење имаш . туку колку најдобро можеш да го искористиш тоа знаење во животот .. Не ги мешајте тие два поима ..Човек кој знае се , не мора да значи дека е најпаметен .. Знаењето не ја формира интелигенцијата ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom