Може да се каже дека патам од ист проблем. Па незнам дали тоа би го нарекол љубопитност, хммм, можеби љубопитност како помал, сега тоа е еден вид навика/надоградување. Неможам да кажам дека ме интересира буквално се. Да, ме интересираат широк круг на области но не се.
Како мал растев со голем број на списанија и енциклопедии кои ја потикнаа мојата “љубопитност„ кон знаењето, сеуште листам стари броеви на “Политикин Забавник„ и сеуште ги чувам енциклопедиите кои ми ги купуваа како мал (Географија, Историја на светот, Културата на светот, Политика...). Ги читав од А до Ш (не само стриповите како што правеа голем број од моите врсници), па така се интересирав и за книжевност и за уметност и за историја и за технологија... и.т.н.
Како што навлегував во основата на секоја посебна област мојата глад за знаење се продлабочуваше, барајќи се помали детали кои ги немаше во општите енциклопедии... и тоа никогаш нема крај. Како што и самата велиш сите тие работи се испреплетени. Пример ќе прочиташ како мал за Кеопсовата пирамида, колку е таа висока/каде се наоѓа... но потоа само по себе се наметнува потребата да знаеш повеќе за историскиот и културниот контекст на нејзината изградба, кој ја градел? зошто е изградена? како е изградена? и слично... па земаш книга стрикно посветена на Кеопсовата Пирамида, па наоѓаш книга за историјата на Стар Египет, па бараш енциклопедија за митологијата и обичаите на Египет... нема крај.
Токму затоа знаењето е интересно, бидејќи секој се надоградува на за него специфичен начин и секогаш има уште повеќе. Неможе да се каже дека некој знае баш се, па макар тоа било и од една единствена област... информациите се просто бесконечни... додека го чукам овој текст светските новински агенции објавиле неколку иљадници вести од сите сфери на општеството, и така до бескрај.
Можеби звучи малку филозовски но тоа е така, и не треба да ја чукаме главата поради тоа. Неможеме да ги прочитаме сите добри книги или да ги изгледаме сите добри филмови или да се запознаеме детално со сите држави на светот... но можеме да се надоградуваме (полека и чувствително), како со знаење од хартија исто така и со знаење од искуство. Интелигенцијата и логиката на секој од нас ќе направи успешно да комбинираме со тоа што веќе го знаеме како тоа и да го употребиме во реалниот свет... некој од нас поуспешно, некој помалку успешно.
Отсекогаш сум тврдел дека човекот треба да се фокусира на што поразновидно знаење на широк спектар на области, бидејќи иако професионализмот и концентрирањето на една област се услов за да “преживееш„ во денешно време, едноставно е грев да одбиеш да дознаеш за толку извонредни нешта кои се случиле во историјата а кои не чекаат на полиците на библиотеките (или модерно на веб-страните).
За мене лично, отсекогаш ме интересирала историјата и културата на државите од светот (не само големите туку и најмалите и најнеразвиените кои постојат), политиката и политичките организации, Книжевните ремек-дела и филмските класици... историјата на религијата и митологијата... понешто астрономија, уметност и технологија... и уште многу други области од кои имам познавања и кои сеуште со задоволство ги продлабочувам!
Но затоа никогаш не научив уште еден светски јазик (освен англискиот of course), никогаш не сум се интересирал за автомобилите или модата, никогаш не ме интересирале механичките работи низ куќата или кулинарството и.т.н...
Кога ќе се собере и одземе на толку многу знаење секогаш ќе се најдат некои тешки хендикепи!!!