Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Купивте нешто или чекате викенд чопоративно да нагрнеме?
Јас купив, и не одам двапати, доста е. Ги купив: Имре Кертес Досие К. (Слово), Семјуел Бекет Повеќе бодила од ритање (Бегемот) & Х. Л. Борхес Историја на Вечноста (Бегемот).

Сакав да ја купам и Мандаринот и други раскази од Еса де Кеирош (Литература), ама нешто ја немаа во моментот, а ја има на каталогот Сусаро што го прикачил.
 
Толку од мене од саемов.

Прегледај го приврзокот 377703


П.С.

Фердидурке добра е?
Со Филип Димевски од Бегемот поразговаравме завчера на саемот, Бруно Шулц Митизација на реалноста, С. И. Виткевич Ненаситност и Витолд Гомбрович Феридурке & Транс-Атлантик се стожерот на полската модерна. Ги имам Ненаситност и Транс-Атлантик, втората ја немам читано, додека Ненаситност ја почнав еднаш, ама ја оставив зашто ми почна некој понапорен период и имав помалку време. Ко што вика Филип, вистина е предизвик да се прочита Ненаситност. Прво е доста обемна книгата, второ текстот е прегуст и преовладува некој тензичен/напнат тон/дискурс проследен со постојани, долги психологизации...

Ги има сите овие книги на саемот, и мислам сите се со добар попуст. Ја видов и Крстоносци од Сјенкевич во тој делот на страна со последни примероци, ама веројатно е купена досега...
 
Јас скромно си поминав. Не заради финансии туку сеуште немам идеја што да земам. За малце ќе се заебев и по вторпат ќе ја купев Попол Вух.
20230508_171949.jpg
 
Јас скромно си поминав. Не заради финансии туку сеуште немам идеја што да земам. За малце ќе се заебев и по вторпат ќе ја купев Попол Вух.

Добро е, да не те мислиме, а и ако затреба од тебе ќе бараме. :icon_lol:
 
Отиде кај мене последниот примерок од тиражот на Фердидурке. Дечкото таму вика еве крчмата кај тебе :LOL:
 
 
Морам да се согласам со коментарот на Ненад Стевовиќ за штандовите на средина. Буквално си прават што сакаат со изгледот на штандовите па така Литература овојпат тотално ги блокираа Или Или, Бегемот, Темплум и уште неколку штандови кои беа во близина. Имаа еден огромен ѕид кон кој токму овие штандови гледаа и истите беа скриени и не можеа да се видат од скоро секоја точка во салата. Настрана тоа што мене искрено не ми се допаѓаат глупостите кои ги прават Литература и Три со изгледот на штандовите. Од Литература сокриле еден куп книги под нозете на продавачите, и тоа баш книги кои имаа попусти, зашто немаа класичен пулт, туку како секогаш 5-6 малечки масички раштркани натаму наваму. Изгледа убаво, можеби, но непрегледно е. А Три беа катастрофа годинава. Поставиле маси ко на селска слава, паралелно една со друга, тоа на се личеше само на штанд не. И Стела и Сани се мотаат натаму наваму и делат попусти и се сликаат со дечиња, а од звучникот истовремено рока Игор Џамбазов со „Дај ми дај ми жити се!“. Да земеш и да си пукаш во чело. Верувам дека да немаа таков хаос направено, ќе се задржев подолго кај нив и сигурно ќе купев уште нешто. Вака само ја грабнав „Папокот на светлината“ и заминав. И ќе им пишам за ова, обавезно, зашто стварно на ништо не личеше, ни за децата, ни за возрасните.
 
Дека саемов (панаѓуров) има успешност за продажба - има.
Дека народов повеќе плаче за ниски цени него ли за концепт саем => промоции на нова литература, потпишување/запознавање на автори - и тоа стои.
Петар убаво спомна за тоа колку чини издавање, печатење и ред ред други работи за да се постигне некоја прифатлива цена. Тоа што народот цмиздри дека книгата е скапа ако не е 100 денари покажува не само што е сиромав у џеб него и во памет. Впрочем, индивидуалните „саеми“ (поточно - акции) кои се одвиваат во текот на годината се правото решение за оние со послаби примања. Тука подобро би било некое симболично намалување но повеќе да се удри акцент на промоции на автори и потпишувања, дискусии со истите. Инаку би било/е баш - панаѓур.
 
Убава акција на Полица, 3 книги за 250 денари.

 
Не знам колку ќе ви значи ова, но за тие кои имаат деца: во Тримакс до 25.06 има попуст од 20% на сите лектири - и нивните изданија, и туѓите. Важи и во книжарница, и онлајн.

 

Kajgana Shop

Back
На врв