Си немала потреба да отвориш нова тема, ама нема вез, нова си на форумов. Нека спои модераторот со темата за Корчагин.
Иначе, околу учебниците...нека пише некој од прва ако има на форумов јас сум сеа трета. Плус, мислам дека скоро во сите гимназии е истата програма, т.е. се учи од истите учебници.
Околу тоа дали е тешко или не.. Тука многу зависи од тебе. Ако одма си ставиш у глава дека е многу тешко или не знам што ќе ти дојде како комплекс и ќе ти биде ептен тешко. У принцип, не е многу тешко ама си треба учење. Е сега дали треба редовно или не, зависи од самиот професор и неговите барања. Горе-доле, нашата генерација има професори кај кои може и те како да се пројде со кампањско учење и сигурен сум дека многу голем процент од луѓето си учат пред тест/испрашување.
Да сублимирам, си има периоди кога е многу напнато (тромесечија, полугодие, крај на година), кога фрчат нон-стоп тестови/испрашувања и такви ствари. Ако си упорна, можеш добро да пројдеш. Секако, голем фактор е и кои професори ќе ти се паднат...не ги знам многу од професорите што предаваат сега во 4та (веројатно тие би се паднале на следната генерација)...ако има некој од 4та тука нека пише или распрашај се по пријатели ова она. И не се плаши, не е страшно, не е затвор како што некои викаат ( и кога јас бев осмо така викаа, па си видов дека нема врска тоа).
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)