Ајде и ја да кажам збор-два за професорите што ми предаваат.
Англиски
teacher-Добра професорка, добро предава и одлично објаснува. Кај неа треба да се работи таа како што ќе каже, а многу го вреднува тоа.
Географија
Личков-На почетокот мислевме ќе биде лесно кај него, многу зезанции ни правеше на часовите, но кога дојде време за исппрашување, видовме дека дере и тоа како. Сепак, е многу добар професор, супер предава, одлично објаснува. Финтата е на те испраша на 5-6 лекции и после си уживаш.
Историја- немавме професор околу месец и нешто бидејќи таа што требаше да ни предава отишла на породилно. Некаде на почетокот на октомври ни дојде еден професор од Петта приватна гимназија. Не беше нешто многу добар во предавањето бидејќи доаѓаше како неспремен на часови (кога треба да имаме нови лекции). Кога испрашуваше не е сигурно дали те слуша бидејќи често се случуваше некој кога да одговара да каже нешто, а потоа пак истото да го праша. Сега си отиде, очигледно добил понуда на подобро работно место. Значи пак сме без професор се надевам ќе се реши тоа во најскоро можно време бидејќи потоа ќе ни се натрупаат многу лекции наеднаш.
Македонски јазик
Митра Блажевска Мими- Добро предава, добро објаснува, а дава и лесни прашања на испрашувања. Ама затоа темите за писмена се страва...на втората писмена не го ни запамтив насловот затоа што беше многу долг, а и требаше да се философира многу.
Хемија- Прво ни беше една Силвана и за неа немам некои мислење бидејќи со неа имавме само неколку часови. После ни дојде
Сузана од Орце. Според мене, жената е супер, предава добро и си ја знае работата. Не бара многу, само она најбитното, а плус, за разлика од другата по хемија што им предава на другите класови од генерацијата, дава полесни тестови.
Француски
Тања Димовска- Добра професорка, добро предава, не форсира многу, ама бара да се работи редовно за да се праксира францускиот. Искрено јас не го знам да го зборам многу освен некои основни работи ама го разбирам јазикот ( на пример она коа збори ја разбирам повеќе од пола).
Математика
Мими - Искрено кај нејзе на час ми е многу досадно. Не дека не ја сакам математиката, но многу монотоно предава. Некогаш се нафаќа на нешто многу небитно. Но, од друга страна дава доста лесни тестови така да немам проблем кај неа.
Ликовно
Раде- Многу го поштуем човеков, иако не сум по ликовното. не знам какви живци има што не трпи толку. Си бара цртежи ама некад и ако немаш цртежи става ти простува. Само ме нервира тоа што гледа и како е нацртано. Не може секој да има талент за цртање, битно нацртал, се потрудил.
Музичко
Катерина-Си ја знае работата, предава добро и дава лесни тестови. Ама мене ми е досадно на час, бидејќи едноставно не ме интересира како предмет. Единствено кога ќе пушти музика па ми разбива монотонија.
Информатика
Жаклина- Па предава солидно, немам замерки околу тоа. Ме нервира тоа што бара да се знаат сите начини да се направи нешто (во Word на пример). А и некој имаа 5ка и 4ка и им спушти 4ка. Наместо да ги мотивира, тие ги демотивира.
Физичко
Роберт- Човекот дефинитивно си ја знае својата работа, а и физичко ми е еден од најомилените предмети. Тука си ја исфрлам негативната енергија што ми се собрала од претходните часови. До сега нема час на кој не сум носел опрема. :smir:
За крај ги оставив професорките кои можеби се на најлош глас во Корчагин.
Биологија
Павлина- Жената дефинитивно знае како да си ја работи својата работа, бара многу ама исто и дава. Знае да попушти оценка, а и лесно испрашува. Бара да се вложи многу труд во се што се прави ( на пример албумот:smir
. На почетокот ич не ја сакав али сега ја поштувам жената. Само треба да се учи на време и добра оценка не ти бега. Си заминува после оваа учебна година, па ќе видиме како ќе биде новиот/новата професор/ка.
Физика
Глобочка- Доста добро предава, си ја знае својата работа, но имам една замерка околу тестовите што ги дава. Ни дава да учиме по цели лекции, наместо да ни даде да решаваме задачи. Почнавме да решаваме при крајот на првото полугодие. Финтата е само редовно да се учи и внимателно да се слуша на часот.
Можеби некој нема да се сложи со мене, но ова е моето гледиште на работите.
Се на се задоволен сум од првото полугодие, секогаш може подобро, но не се жалам. Се надевам дека добро ќе пројде и второво полугодие.