СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОТЕСТИ - ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК!

Статус
Затворена за нови мислења.

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
ете сам си го даваш одговорот на твојот цитат,ако не ни е организирана државата што не се организирате вие учениците,незнаете ни вие што сакате,ако они наумат да се полага матура ќе полагате никакви ултиматуми нема да ве спасат,вие губите не други,ќе кукате после зашто скапувате саботи и недели у школо и на крај пак ќе полагате кога секој прави што си сака,нигде вака нема да дотуркате затоа седнете си на газињата и учете за матурата ако мислите дека материјалот ви е обемен
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Добро еве подршка,ама немора да штрајкувате за да немате матура,штрајкувајте на пример за да можете да си одберете кои предмети да ги полагате.
Вака само ве сметаат за несериозни и мислат дека штрајкувате колку само да не одите нашколо,што и не е толку редок случај,нели....
 

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Веќе се изјаснив на темава дека сум против тие штрајкови и тоа одамна најавуваното полагање на матура треба конечно да се воведе.
Сега гледав снимки од протестот пред Министерство за образование и страшно ме изреволтира изјавата на еден средношколец.
Им дале опција да им го намалат материјалот во второ полугодие, касно им било. Јасно им навеле дека при полагањето нема да биде застапено ништо од тоа што тие не го учеле и за тоа им било касно. И уште неколку работи имаше кои во моментов не ми текнуваат, за кои им било касно.
Толку човекот беше дециден во таа своја изјава, да помислиш дека земјата ќе ја преврти само да не полага.
А да го прашаше новинарот тој на пет метра до него ќе кажеше друга причина и ќе дадеше други услови за полагањето на матурата. Важно се собрале тие да протестираат за истата работа, а не знаат што точно сакаат, освен тоа ДА НЕ СЕ ПОЛАГА.
Губете си само часови, после не само што ќе си учите и Саботи, туку и ќе се каете што сте седеле на улици, место да читнете нешто што ќе ви помогне и ке ви даде повеќе знаење.
А во некој пост и прочитав, незнаеле есеј да напишат, а можело тоа да го има во матурата. Додека си свиркавте со свирчињата пред Министерство, можевте да го искористите времето баш за ова.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
За сите што викаат дека не знаеме што сакаме, дека ни е важно само часови да губиме ( и бај д веј не ги губиме туку ќе учиме во саботи а сигурно дека не ни е поубаво да учиме во сабота место работни денови ) еве го писмото кое се планира да се прати до министерот за образование:

Почитуван господине Сулејман Рушити, ние матурантите од цела Република Македонија во поглед на државната матура имаме некои сериозни забелешки од наша страна.

Нашите барања се:

- Факултетите јавно, преку медиумите да се изјаснат дали прифаќаат државната матура да биде воедно и приемен испит.
- Кои наставни предмети ни се значајни за струката
- Ако на еден факултет се пријават повеќе кандидати од бараните во конкурс, како ќе се изврши приемот, кои ќе бидат критериумите:
o Резултати од државна матура
o Успех од I до IV година
o Дали ќе се организира тестирање ( а тоа ќе се коси со целите на државната матура)
- Бараме учениците кои нема да ја положат државната матура во јуни, повторно да им се овозможи да полагаат во августовската испитна сесија
- Да се намалат испитните предмети т.е. да полагаме еден задолжителен предмет кој ќе се оценува екстерно (македонски јазик и литература, англиски јазик или математика) и еден изборен предмет (предмет кој ќе биде поврзан со понатамошното високо образование на ученикот) кој ќе се оценува интерно + проектна задача.
- Да се намали материјалот што ќе се полага на матурскиот испит
- Во најкус можен рок да се изработат поконкретни прирачници за наставните предмети што можеме да ги полагаме и истите бесплатно да се доделат на учениците или да се изработат во електронска форма и да бидат поставени на интернет.
- Бараме успехот од I до IV година да има удел при запишувањето на факултетите со 50 %
- Резултатите од испитите да ни бидат доставени во најкус можен рок (најмногу 7 дена од тестирањето).

За сите овие барања или некои други евентуални забелешки од други ученици бараме одговор пред полагањето на пробниот матурски испит што ќе се спроведе во ноември.
Исто така ви напоменуваме дека доколку не ни бидат исполнети барањата во целост ние учениците од целата држава ќе започнеме со масовни протести и нема да ги прекинеме се додека не ни бидат исполнети барањата.
Веруваме дека ќе најдете разбирање и ќе ни излезете во пресрет на барањата на учениците.
Ви благодариме за разбирањето.

ЗАШТО ПОЛАГАМЕ ДРЖАВНА МАТУРА ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ КОГА НИЕ НЕ СЛЕДИМЕ НАСТАВА СПОРЕД ТИЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ???


Со почит,
Матурантите од цела Македонија
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
кој е потпишан на ова и на чија иницијатива ќе се праќа ова писмо бидејќи матурантите од охрид заедно со уште неколку други градови(скопје тетово гостивар куманово и незнам кои беа другите) во четвртокот се состанаа во охрид и составија а воедно и го испратија ултиматум до министерството во кој се бара да не се полага матура со наведени 15 причини зошто или да се оди на преговори.
рокот за одговор на овој ултиматум е до четврток
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Го копирав од форумот против државната матура.
Изгледа е иницијатива на Скопјани, како План Б е напишано.
Да се прати ова ако веќе мора да полагаме.
Зашто на крај краева што бара на факултет некој што не може да положи прашања од сопствениот јазик и да си избере меѓу англиски и математика...
 

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Гледате дека уште не знаете што сакате и дека си правите како ќе ви текне?
Барем не го објавувајте тоа јавно, си составувате писма без да се договорите и само помислите што би рекол министерот кога би примил 5, не мора да се 5, ајде макар и 2 писма со различни барања?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Мислам дека јасно ги напишав барањата, ова е ако веќе мора да се полага.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Мене лично ме интересира колку лично родителите во поддржуваат во ова?

Како и да сигурен сум дека ќе се полага матура бидејќи не се ни 25% одсредношколците излезени на пратоест, освен тоа сигурен сум дека на повеќе од 50% не им смета да полагаат државна матура како предуслов за запишување на факултет.
А тие што се по улици смао си го губат времето бидејќи само нив ќе им се одрази ваквото губење време.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Мене лично ме интересира колку лично родителите во поддржуваат во ова?
Како што сум запознаена после родителската што беше одржана во врска со државната матура родителите ги подржуваат учениците, дури и сметаат дека ако има потреба ќе се ангажираат и самите.

Да се разбереме, јас не сум против матурата, јас сум против тоа да полагам предмети кои немаат никаква врска со отсекот каде сакам да се запишам на факултет.
Да полагаме екстерно само. И верувам дека 80% од учениците би се сложиле на тоа и би положиле со доволна подготовка.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
а како е адресата на форумот против матура што е?
дајте да се усогласиме бидејќи убаво вика slatka mala не може сите да праќаме различни писма со различни барања.
 

Narkos

...::enter my mind::...
Член од
12 април 2007
Мислења
677
Поени од реакции
5
и во ср две школи штрајкуваа, третата не.... не знам зш
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
а како е адресата на форумот против матура што е?
дајте да се усогласиме бидејќи убаво вика slatka mala не може сите да праќаме различни писма со различни барања.
Форумот беше поставен неколку пати овде на кајгана. Еве кликни тука.


и во ср две школи штрајкуваа, третата не.... не знам зш
Кој не штрајкуваше?
 

Narkos

...::enter my mind::...
Член од
12 април 2007
Мислења
677
Поени од реакции
5
каубојското не штрајкуваа, само тие од четврта беа од сабајле и изгледа не знаеја, ама изгледа само неколку класови не штрајкувале... абе шознам...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Никола Карев (каубојското) се прва смена на школо и изгледа не знаеле дека ќе штрајкуваме.
А гимназијата и Димитар Влахов бевме сите излезени, а видов и некои бивши школски од Никола Карев беа излезени.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom