СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОТЕСТИ - ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 септември 2007
Мислења
1
Поени од реакции
0
Поради неисполнување на барањата на средношколците (од четврта година) да се испочитува и да се запази стариот закон кој ги опфака и нив како последна генерација за НЕ полагање државна матура и поради сите закани и притисоци со бркање од училистата, укори, неоправдани и сл. се ззакажува ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК НА 01.10.2007год со почеток во 13:00часот пред Собранието на Република Македонија. Овој штрај важи са сите средношколци од цела Македонија кои се четврта година, за сите родители, роднини, пријатели... Ве молиме за солидарност и да ја прекинеме агонијата на тортури која се води против нас се со цел за загушување на нашите барања кои ни се пропишани со уставот и законот на оваа држава. Им благодариме на сите кои не подржуваат па и на оние кои не не подржуваат.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Доста бре се глупирајте !!! Штрајк за да неучите ќе правите !!!! седнете таму загрејте го столот !!! ако си учел 4 години ќе полагаш и ке ја положиш матурата

п.с Јас сум спремен денеска по 2 години од ко завршив средно да полагам да ви докажам дека само се глупирате !!!!

Со петките од ракав НИКАДЕ НЕМА ДА СТИГНИТЕ !!!!
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
На штрајкот ке се приклучеле и професорите...:vozbud:...

Луда држава..to e to
 
Член од
8 мај 2007
Мислења
250
Поени од реакции
1
Лелеее ајде кога протестираа од претходните години и ги сваќав бидејки за оваа матура слушнаа кога беа 3- 4 година ама оваа генерација која е запознаена со фактот дека ке полага матура ѕште од прва година епа нема смисла. Инаку колку да знаете јас сум од онаа категорија на училишни заморчиња кои први имаа и приемен за во средно и полагаа матура и ништо не ни фалше. Многу сте се размазиле сега.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Кога веќе штрајкувате, поднесете предлог барање за измена на законот според кој со самото запишување на факултет ќе добиете диплома, а за магистратура ќе ви треба положување на некои дополнителни испитчиња, со материјал за учење не поголем од Касни Порасни и Зоки Поки заедно.

Уствари - не ни мора факултети да има - зашо да ви вршат тортура? Некои курсеви кратки кои во кратки црти ќе ви објаснат шо е работата со конкретната струка-нешто што нема да наиде на големо разбирање и ќе ве тишти бидејќи - нели, сите сакаме да сме директори.

За срамота. Ама стварно.

Иако, кога тогаш во тек на животот ќе се покаже кој има црви во газот и не може да учи... Селекцијата ако не се направи сега, ќе се направи на факултет. Ако не се направи на факултет (можно е), тогаш ќе се направи во вистинскиот живот другарчиња... само, кога ќе си изгубен на 23-4 години со привидно создадена слика дека си некој и нешто затоа шо си завршил факс, а уствари си труба.... е тогаш ќе видиш мака.

Али, терајте...
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Алоооооо,ја како матурант не се согласувам со ова,матура ке се полага во секој случај,во последните преговарачки средби(во една од нив јас се сретнав со министерот) договорено е матурата апла да се олесни бидејки сме прва генерација добивме гаранција дека не е ништо тешко и сите ке положиме,вака сакате само лошо да си направиме...


КОИ ТОРТУРИ БЕ? читај се што пишуваш...срамота
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Што е најтрагично 90% од „револтираните“ ученици го поддржуваат штрајкот само за да губат часови.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
До сега сите протести сум ги оправдувал, освен овој.
Глупости еј, да се протестирало матура што ќе се полага. Голем ташак...

Ко божем нешто по напнат бев матура што полагав. Гола вода.
Али да бев средношколец ќе идев на протести. Нормално, за да не идам у школо :)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Поголема глупост од ова немам видено...Ама ај, ќе ве видам „утре“...
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Абе нека идат у школо само се глупираат знаат уште од прва година дека ќе полагаат матура а се прават будали,ама па до негде и ги оправдувам и ја не би идел у школо кога би можел да направам протест поради нешто.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Поради неисполнување на барањата на средношколците (од четврта година) да се испочитува и да се запази стариот закон кој ги опфака и нив како последна генерација за НЕ полагање државна матура и поради сите закани и притисоци со бркање од училистата, укори, неоправдани и сл. се ззакажува ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК НА 01.10.2007год со почеток во 13:00часот пред Собранието на Република Македонија. Овој штрај важи са сите средношколци од цела Македонија кои се четврта година, за сите родители, роднини, пријатели... Ве молиме за солидарност и да ја прекинеме агонијата на тортури која се води против нас се со цел за загушување на нашите барања кои ни се пропишани со уставот и законот на оваа држава. Им благодариме на сите кои не подржуваат па и на оние кои не не подржуваат.
“Агонија“, “тортури“ ... :poss: :pos: :poss: одете :kesa: се ! :pos:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.398
Поени од реакции
46.917
Бреее збеснати дечиштаsd абе опамете се ке скапете у саботи на школо или ке ви скинат некоја екскурзија за да одработите па ке се чешеате после бе ејј на вреди ова толку и така таа матута ке биде жив курташак не глумте хипиции бунтовници за џабе
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Ајдеееееее губете часови. После тоа секоја сабота у школо ко млади невести по вода ќе идете, ќе си полагате државна матура, пола и више ќе ја паднат и јас ќе можам да се запишам на државен факултет:)
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Абе шо се случува со тоа матура полагање па неполагање?Ај нека ме просветли некој.Моја генерација бевме први да полагаме матура после векови од неполагање (1994).Ја укинаа па пак ја воведоа од тогаш?А па и тогаш не беше тешко,писмена работа по мајчин јазик и пракса.
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
288
Јас не сум матурант и ги подржувам.Ние пред 2 години ја полагавме пилот матурата,и 90% ја паднавме.Едноставно нели, за матура треба да се подготвуваат децата од 1 година,а не да седнат и да набубаат за 2-3 месеци,пошто неможе.Нити да се прочитаат сите лектири од 4-те години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom