Колку и да сум силен да не заплачам надворешно, за тебе тоа е неможно... по она се што направи за нас... по она што ни ги даде твоите песни да пораснеме - израснеме со нив... со златното славејче (златното биљбиљче како што го викам јас), со песните кои ни беа наш живот...
Секогаш ќе си тука со нас, тука во нашите срца.... Ти живееш во нас, а твоите песни и понатаму од срцето наше ќе не довикуваат и ќе пеат... ќе пеат за нас, за нашиот живот... ќе се придружиме и ние во пеењето... ќе пееме со тебе како и секогаш Ангелу наш... Толку вистинито што неможеме никој од нас да го сфати тоа, како одеднаш исчезна... како одеднаш се прекина една прекрасна личност, и како сите работи прекинаа да излегуваат од таа личност....
Ни недостигаш брате наш... ни недостигаш бескрајно...
Те сакаме и секогаш ќе те сакаме... твоите песни во нашето срце како часовник без престан пеат...
Нека ти е среќен роденденот и се надевам дека таму горе имаш прекрасно место од каде не гледаш ни не тешиш, и посебно на секој од нас во денов ни пееш по некоја твоја песна...
ТЕ САКАМЕ БРАТЕ НАШ, Среќен ти роденден, иако полн со тага. Но радувај се во него заради нас.... :cry:
А, мојот живот, игри без граници, уморна приказна, скинати страници, тажни не допишани... :cry: