Знам дека често е предмет на спрдња ради испадите спрема новинари, ама треба статуа да му направат на Здравко Мамиќ, огромна заслуга за тоа какви фудбалери излегуваат од Хрватска.
@ob1 Тите направи апсолутна глупост што им дозволи на неговите да тргнат по втор гол. Просто ми е нејасно со толку искусни играчи на терен, Тиаго Силва, Касемиро, Маркињос, пола тим скоро со еден куп финалиња зад себе, дозволија да примат гол на полуконтра. Не гледав како Хрватска ке дадеше гол на друг начин, да не им излегоа Бразилците повисоко. Прв удар на Хрватите во рамки на гол. 116-та минута. Потоа психата во пенал серијата си го направи своето.
Не знам дали е ова точно, го видов на твитер, ама Ливаковиќ на сите пенали шутнати ја погодил страната на која ке шутира играчот.