Од индивидуална моја перспектива, ми изгледа дека квалитетот на фудбалот е страшно паднат. Ветераните со 1/4 од тоа што некогаш биле се сеуште подобри од новите млади играчи.
Зашто мислиш така, баш ме интересира?
Јас не би се сложил со тебе, нормално дека ветераните ќе ја движат репрезентацијата и дека кога е најгусто они ќе треба да бидат тие што ќе истапат и ќе ја однесат репрезентацијата понатаму, зашто се нели ветерани и имаат еден тон вакви утакмици изиграно како за клуб, така и за репрезентација, али не е дека на ова СП немаше младинци што не се истакнаа.
Како за пример во Холандија го имаш Гакпо, во Англија ги имаш Белингам и Сака, во Аргентина Алварез и Енцо Фернандез (овде би го ставил и Лисандро Мартинез иако он не е младинец зашто има 24 години сепак му е прво СП).
Во Франција го имаш Чуамени, меѓутоа Франција имаш смена на генерации пред неколку години и доста млад состав имаат. Во Шпанија Педри и Гави ја држат цела средина, тука би го вметнал и Фати иако не е првотимец. Германија Мусиала, во Бразил го имаш Вини, во Португалија Феликс.
Има уште еден тон млади играчи кои не ги спомнав светсково, зашто се фокусирав само на тие што играат прв тим за репрезентациите.
Е сега не знам како можеш да очекуваш Вини да има поголем придонес од Нејмар, или Алварез од Меси или па Феликс од Бернардо Силва. Иако сите овие што ги набројав до сега имаат некаков придонес до овој дел од СП (голови, асистенции, придонес во играта) зависи од позицијата на која играат. Далеку дека фудбалов е паднат, волкав прилив на талентирани фудбалери од еднаш не знам кога последен пат имало.