СП 2018 - 1/8 финале | Бразил - Мексико | Самара Арена | 02.07.2018 | 16:00

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
30.161
Поени од реакции
41.878
upload_2018-7-2_10-38-16.png
Светското првенство во Русија ни носи осминафинален дуел помеѓу репрезентациите на Бразил и Мексико. Бразил влезе во првенството како главен фаворит за освојување на титулата, но иако излегоа од групната фаза како први, не ја покажаа доминантната игра која сите ја очекувавме. Сепак, и на овој натпревар бразилците се фаворит, но и тимот на Мексико покажа квалитет на ова првенство, па можеме да очекуваме интересен дуел помеѓу овие две репрезентации.

Бразил го започна првенството со неочекувано реми против Швајцарија, по што успеаа да дојдат до две победи од 2-0 против Костарика и Србија, со што го осигураа првото место во својата група. Сеуште чекаме Нејмар да се издвои како главна ѕвезда на тимот и да го покаже својот квалитет, но овој пат тимот на Бразил има квалитетни играчи на речиси сите позиции, па засега Кутињо ја превзема одговорноста и е најдобар играч.
Мексико ова првенство го започна со импресивна победа од 1-0 против актуелните шампиони Германија, со што освоија доста симпатии кај гледачите поради допадливата игра. Во второто коло дојдоа и до втората победа од 2-1 против Јужна Кореа, што им овозможи да ја завршат групата како втори и покрај поразот од 3-0 во третото коло против Шведска.

Очекувани состави:

Бразил

Алисон
Фагнер - Силва - Миранда - Луис
Паулињо - Касемиро - Кутињо
Вилиан - Жезус - Нејмар


Мексико

Очоа
Лајун - Ајала - Салседо - Гаљардо
Ерера - Дос Сантос - Гуадрадо
Вела - Чичарито - Лозано​
 

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
30.161
Поени од реакции
41.878
Бразил и Мексико имаат четири пати играно на СП. Три победи за Бразил, една нерешена. 11-0 во голови.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.668
Поени од реакции
32.902
Марсело повреден остана?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
12.267
Поени од реакции
25.719
И овие денеска ако планираат да се пичкарат со топката како четирите репрезентации вчера и да го тегават 3 саата до пенали, ќе им ебам племе америчко, ќе баталам и фудбал и се и серии ќе си гледам.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.137
Поени од реакции
9.063
Мексико да не се изрезилеа против Шведска доста луѓе ќе ги имаа како изненадување тука.. Но вака паднат им е хајпот

Бразил се влечкаа во групите слично на Франција но кога тогаш ќе експлодират..


3-0 Бразил
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
1.895
Поени од реакции
3.307
Интересна ќе биде оваа. Пред четири години Очоа правеше чуда, ги задржа Бразилците на 0-0. Денес очекувам дека ќе има доста голови. Многу тешко Мексико да изненади. Мада така мислев вчера и за Русија, па видовме што се случи.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.292
Поени од реакции
19.643
2:1 за Бразил со гол во 90 мин.
 
На врв Bottom