Според мене лично Немциве заслужија да освојат, беа најконстантни и највеќе покажаа од играта, едноставно секоја утакмица знаеја што сакаат, додека Аргентина по мое мислење само полуфинале и финалето го изигра како што треба, иако изгубија но самите се виновни имаа шанси не ги искористија и тоа се казнува во денешниот фудбал.
За Меси, никој неможе да ми каже дека тоа е играч со иста форма како до пред две години кога во Барселона создаваше шанси и даваше голови како од шала, баш вчера приметив дека кога противникот ја има топката во нозе тој воопшто не се замара, ниту покрива, ниту оди на играч, а да незборуваме враќање назад за да пополни некоја дупка, па со оваа понашање да е кај Мурињо (Мата), Фергусон, Ван Гал...најверјоатно нема да е ни на клупа, така да човекот е играчина и неверојатна контрола на топка има, но моментално е вон форма и да е кај некој озбилен тренер најаверјоатно би погреал клупа малку, а за добивање награда најдобар поединец е најмалку срамен потег на фифа, бидејќи имаше многу подобри поединци од него на првенството, додека неговото понашање на теренот исто така ме чуди, незнам што е работа неби сакал да коментирам но со дечкото нешто не е во ред, кога самиот се двои од својот тим.
Додека за Филе, дечкото живее во некој посебен филм и некој посебен свет, најверојатно гледа некои работи што ние обичните смртници неможеме да ги видиме ( во стурчна литература тој термин се нарекува шизофренија), јас се сваќам и пристрасност и навијачки страсти и се, ама толку да го тупиш да си брука за сам себе и за твојата фамилија, е тоа несваќам, стартот на Ноер бил за црвен и пенал за Аргентина, прво бев млад и надежен голман ( сега ниту сум млад, а богами ниту надежен) и прво што сум го научил од тренерот е кога излегувам на топка без раазлика дали во 16 метри или надвор треба да сум сигурен дека 100 посто ке дојдам до неа и второ да сум безкомпромисен, е кога си во 16 метри и прв стигнеш до топка ти си заштитен од судијата бидејќи користиш раце и 3 да однесеш нема фаул тука, останатите противнички играчи треба да се пазат од тебе да не ти направат фаул, а не ти од нив, што беше случајот ситуацијата од вчера, така да за човек како Филе кој што гледа доста време фудбал е безмалку срамно да напишеш таков коментар.