Не сакам да ги критикувам играчите, како што почнаа некои одма по првиот пораз. Тие се што се и најдобри се што ги имаме во моментов. Овој не чинел, оној не чинел. Ко да имаме 100 квалитетни на располагање па на маки е селекторот кого да избере.
Според сите коефициенти пред мечот ова требаше да биде максимално равноправен натпревар, само некои му дадоа мала предност на Тунис, и испадна дека така и беше. Недостатокот на одреден калибар на играчи ние го компрензираме со борбеност и тоа е тоа, освен Алжир денес, никој друг нема да ти дозволи да му правиш што сакаш.
Мене ме загрижува само еден стар проблем што ни се влече, а тоа е психолошката неподготвеност, која резултира со неверојатни падови од 5-6 минути во кои противникот “не полни“. Вчера резултатот се движеше + - 2, се додека во еден момент направивме 3 разлика. И тогаш по се изгледа ги фати таква возбуда, што примивме 6 по ред! Во цел натпревар немаше такви серии, а за 5 минути 6 гола, и после ни ја одржуваа предноста до крај.
Силните репрезентации играат во исто темпо 60 минути, а ние имаме изгубено еден куп натпревари за само 5-6 минути мизерна игра кога ни прават предност. Потоа, не ти дозволуваат да се вратиш во игра.
И уште нешто од вчера: не растурија со играч помалку. По некое време кога ќе им исклучеше играч ме фаќаше страв. Гол не дадовме, а примавме по 2.
Но тоа е. Имавме противник кој не беше посилен од нас, ама одигра по зрело. Одиме денес да го добиеме Алжир, а понатаму да се обидеме да направиме некое изненадување. Имаме навивачи во број како никогаш досега кога сме играле надвор, и не треба да си заминат разочарани.