СП Рим, 2009 (18.7 - 03.08) - спортови на вода

Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
На точно 90 дена до почетокот на ова СП, се решавам да ја отворам темава и да ве запознаам со неговиот домаќин. Првенство важно за нас пред се`, затоа што Македонија ќе дебитира со нејзина ватерполо репрезентација, по објавувањето на независноста во 1991.

Како што некои од вас знаат, светските првенства во спортовите на вода (пливање, ватерполо, скокови во вода, синхронизирано пливање, далечинско пливање - 10 км) се оддржуваат на секои две години, во град домаќин од различен континент. По одлично организираните светски првенства (гледани од моја страна) во Фукуока, Барселона, Монтреал и Мелбурн, организацијата за ова 13то по ред светско првенство ќе ја има Вечниот град, Рим, кој ќе биде збирно место на најбрзите пливачи, најборбените ватерполисти како и најнадарените "уметници" во водените спортови од 18 јули до 3 август оваа година.

Од Италијанците очекувам добра организација, затоа што богами и навестуваат со нивната досегашна работа и тоа што досега го презентираа.


Ќе започнам со мотото:
Hold your breath


Совршено погодено мото кога се работи за пливачки спортови, отскокнува од досегашните и иако вака на прв поглед малку просто, сепак, многу подобро отколку грчкото Welcome home во Атина 2004 :tapp:. Да не забегувам настрана, со право сите трки верувам дека ќе бидат hold your breath, затоа што ова првенство многу од пливачите и ватерполистите го гледаат како отскочна штица за наредните ЛОИ во Лондон, 2012 и се надевам дека ќе гледаме борба во базенот за секоја стотинка, гол, поен од судијата.


Наредно, одиме со маскотата.



Жабата Дива09 е официјалната маскота на ова СП. Треба да ни го претстави духот на италијанскиот народ и големината на овој настан а остварен е полн погодок со тоа што Дива09 е жаба, оправдување на жабарите, прекар на Италијанците како народ. Дело е на Микела Манчини, девојче од основно училиште кое решило да си ја испроба среќата на конкурсот што бил распишан. Почетната идеја била да се најде име кое ќе биде кратко, интернационално, лесно за изговор за да се истакнат квалитетите на маскотата, која би требала да биде поистоветувана со спортистите на вода, затоа што таа е единка која лесно преминува од водена на сува средина и обратно, како и нив.

Медали

Еве ги и медалите за секој спорт посебно. Нормално, ова е сребрениот поставен колку само за да се има претстава, а принципот на доделување златен - сребрен - бронзен ќе биде зачуван.

Пливање:


Скокови во вода:



Ватерполо:



Синхронизирано пливање:


Далечинско пливање:






Базени

Во Рим ќе се плива на отворено. Новата мода или тренд кој ги зафаќа организаторите на вакви манифестации во последно време е оддржувањето на спортски натпревари под отворено небо. Сите под исто него и под исто сонце. Еве слика од базенот за пливање кој е веќе готов и среден, додека другите објекти се при завршни подготовки и ќе бидат објавени кога се` ќе биде готово:




Рим тие 17 дена ќе биде град кој ќе сплоти во едно 170 нации, 2500 спортисти, 1500 судии и делегати, 1500 новинари и 2000 волонтери. Кој ќе си замине среќен, кој побогат за некој медал и рекорд кој ќе го слави неговото име, останува да видиме ова лето кое не очекува. А дотогаш, да видиме што се случува со нашите претставници, машката ватерполо репрезентација на Македонија, која се падна во групата со Романија, САД и домаќинот Италија.

Церемонијата на свечено отворање на светското првенство ќе се оддржи со почеток во 21 часот на 18ти август.

П.С. Ватерполо репрезентација ќе имаме на ова СП, а за пливачи, подобро не прашувајте. На работ сме да го изгубиме Охридскиот маратон, а камоли да пратиме пливачи на СП. Со оглед на условите во кои се плива, ништо чудо ако не отиде никој, или па пак да го видите Михајло Ристоски, пратен од тато да се слика со Ана ИвановиЧ:kesa:.

П.П.С. Жабарите не` пишале како Македонија:back:
 
А

Ајсшутер

Гостин
Се заборави малку темава редно е да ја освежиме малку.
Имаме нов селектор а тоа е поранешниот асистент во репрезентацијата Стеван Нонковиќ кој го превзеде тимот.
Претседателот на федерацијата Пулејковски прееска на А1 кажа дека Нонковиќ дошол во вистинско време и имал време да стекне искуство како селектор до 2011/2012 за тогаш да има надеж за повисок успех.
Од утре започнуваат започнуваат подготовките, репрезентативците ќе патуваат за Црна Гора за подоцна тренинзите да ги одржат во Велес само незнам каде ќе ги одржуваат тренинзите кога Велес има само еден градски базент кој е редовно полн, изгледа ќе ги пуштат на Езеро да тренираат ... тоа е Македонија :))

Еве го распоредот на светсково првенство.
Клик на сликата за поголем приказ.

 

The_Dzo

FIELD MARSHAL
Член од
3 февруари 2007
Мислења
256
Поени од реакции
2
Kako prvo i najvazno pulejkovski ne e predsedatel na federacija razresen e vo mesec oktomvri na poslednot sobranie koga se uvide deka programata so kupena reprezentacija ja banknotira federacijata i ostavi nepodmirlivi dolgovi.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Еј супер, интересно ќе е за гледање, а посебно затоа што за прв пат во историјата ќе ја гледаме нашата ватерполо репрезентација на едно светско првенство.

А знае ли некој дали и на која наша телевизија ќе се вршат преноси од првенството?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Еј супер, интересно ќе е за гледање, а посебно затоа што за прв пат во историјата ќе ја гледаме нашата ватерполо репрезентација на едно светско првенство.

А знае ли некој дали и на која наша телевизија ќе се вршат преноси од првенството?
МТВ ќе врши сигурно и од пливачкиот и од ватерполо делот на првенството :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
ВАТЕРПОЛО - МАКЕДОНИЈА НА СП СО 16 РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ
На пат за Рим со шестмина домашни играчи

Македонската ватерполо-репрезентација на претстојното Светско првенство во Рим (17 јули - 2 август) ќе патува со 16 репрезентативци, одлучи селекторот Стеван Нонковиќ. На конечниот список со играчи, кои ќе бидат дел од репрезентацијата на Мундијалот, немаше место за четворица младинци, кои беа на подготовките. Од списокот со селекторот Нонковиќ отпаднаа голманот Дарко Недановски, бекот Марио Синадиновски и надворешните играчи Христијан Манасков и Мартин Пујелковски, сите четворица играчи на Работнички.

- Вкупно 16 играчи ќе патуваат во Рим. Тоа е конечниот список. Од составот испаднаа неколку јуниорски репрезентативци, кои во наредните неколку години треба да бидат иднината на македонското ватерполо. Сите играчи одлично ги одработуваат подготовките и засега се' тече според планот - вели Нонковиќ, кој вчера претпладне го одработуваше тренингот на Олимпискиот базен во Скопје. Вчерашниот тренинг го прескокна голманот Милош Урошевиќ, кој има настинка, додека сите други репрезентативци без проблеми ги извршуваа задачите од селекторот. Подготовките во Скопје ќе траат до петок кога експедицијата заминува во Рим, каде репрезентацијата ќе има три дена да се приспособи на условите пред првиот меч.

За разлика од минатогодишното Европско првенство во Малага кога во составот имаше само еден роден Македонец, додека останатите играчи беа натурализирани играчи кои доаѓаат од Србија, Хрватска и Црна Гора, овој пат во конечниот список имаше место за 6-мина родени Македонци кои ќе имаат шанса да се докажат на едно големо натпреварување. На списокот ќе има и седуммина играчи кои се по потекло од Србија, двајца од Хрватска и еден од Црна Гора.

Боите на Македонија на планетарниот собир ќе ги бранат: голмани: Перчиниќ, Урошевиќ и Јаневски; бекови: Милиќ, Петровиќ, Димовски и Белев; надворешни играчи: Вуксановиќ, Мичиќ, Лошковски, Стојчев, Кречковиќ и Крстиќ; центри: Башиќ, Бениќ и Арсовски.

- Добро е што има млади играчи во Македонија, кои напредуваат и константно се докажуваат. Овие играчи, заедно со искусните, кои лани го носеа товарот на ЕП, ќе бидат дел од СП во Рим - додава Нонковиќ.Македонија на Мундијалот е во група со домаќинот Италија, актуелниот олимписки вицепрвак САД и силната Романија. Првиот меч го играме против Романија на 20 јули, на 22 јули противник ќе бидат САД, а на 24-ти е дуелот со Италија. Првопласираните три од групата продолжуваат во осмина-финалето, а најслабата репрезентација од групата ќе разигрува од 13 до 16 место.







Извор: Дневник
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Се надевам дека ќе имаме осминафинале. Тоа што е интересно е фактот дека оваа година имаме дури 6 домашни репрезентативци што е повеќе од Европското лани.
Очекувам победа против Романија па зошто да не и против САД...
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Дали ќе пренесуваат на некоја македонска телевизија ?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857
Сега гледам на еуроспорт даваат скокови во вода. Интересно е, онака за тепање време, кога нема што друго да се прави на овие горештини, се гледаат скоковиве во вода. :)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Ќе биде интересно ватерполото имаме шанса да тепаме барем Романија ќе минеме.Се надевам ќе има на некоја пренос.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Abe koga ke pocne plivanjeto,so ovie skokovive preku nos ni dojde.
На 26-ти мислам дека почнува пливањето.
Еве за настапот на ватерполо репрезентацијата кога играме, изгледа на МТВ ќе има пренос на натпреварите.

Понеделник : 19.40
Македонија-Романија

Среда : 17.00
САД-Македонија

Петок : 21.00
Македонија-Италија

Значи утре го играме првиот натпревар, ај белким ќе победиме :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Мора да победиме... нема друго. Добро е тоа што во репрезентацијата има повеќе македонци, па и да не постигнеме некој посебен резултат барем ќе добијат повеќе искуство. Еве сега има шест, наредниот пат нека бидат десет :vozbud:
 
А

Ајсшутер

Гостин
Мора да победиме... нема друго. Добро е тоа што во репрезентацијата има повеќе македонци, па и да не постигнеме некој посебен резултат барем ќе добијат повеќе искуство. Еве сега има шест, наредниот пат нека бидат десет :vozbud:
И тие се македонци..Македонија до Токио :pos2:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Значи распоредот е одличен со оглед на фактот дека со Италија нема што да бараме. Романија и САД тука ни требаат бодови.
Инаку за нашите нови играчи факт е дека треба лига за да има искуство инаку ништо не може да успее тоа е факт кој што говори дека само тоа ќе произведе квалитет за репрезентација. Но секоја чест и за странците кои достојно играат за Македонија !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom