СПОДЕЛУВАЈТЕ: (ФОТО) ТАЖНА ЖИВОТНА СТОРИЈА ЗА МАЛИОТ ВАСКО ОД СТРУМИЦА

Член од
24 април 2008
Мислења
8.133
Поени од реакции
7.076
Заинтересираните за помагање на семејството на малиот Васко од Струмица, можат дополнително да се информираат на телефонскиот број:

077 892 242

или со испраќање на порака на официјалните Фејсбук и Твитер страници на Струмица Денес:

https://www.facebook.com/strumicadenes

https://twitter.com/StrumicaDenes

http://strumicadenes.mk/spodeluvajte-foto-tazna-zivotna-storija-za-maliot-vasko-od-strumica/

СПОДЕЛУВАЈТЕ: (ФОТО) ТАЖНА ЖИВОТНА СТОРИЈА ЗА МАЛИОТ ВАСКО ОД СТРУМИЦА

08.06.2017 | 15:16



Децата немаат можност да бираат кои ќе им бидат родители, ниту пак во какви услови да се родат и растат. Така е и со малиот Васко од Струмица.
Роден во нефункционално семејство исполнето со многу насилство, алкохол и многу други стресни сцени, како најмлад од трите деца.

Малиот Васко од Струмица со само 14 години, за да го преживее секој нов ден принуден е да проси по улиците на Струмица. Токму на тој начин наш волонтер го запозна и стапи во контакт со него. Имено,

Васко е третото и најмало дете од семејството, и едниственото кое мајката го напушта, и го остава во “Домот за деца без родители 11 Октомври ” од Скопје, каде поминува 3 години, сам и напуштен. Пред 6 месеци неговиот татко успева да го земе кај себе. Но, бидејќи таткото моментално е без работа и во многу тешка финансиска состојба, не е во можност да му ги овозможи на малиот Васко најосновните потреби за храна, облека, топол дом и образование.
Нашите волонтери од Струмица набавија нешто храна за неколку денови, како би го стивнале гладот на малиот Васко, но потребата од донирање на храна, средства за хигиена и друго сеуште е потребна.
Понтаму, забите на детето поради несоодветна превентива и лоша исхрана се многу расипани, така да итно се потребни финансиски средства за поправка на забите или евентуално некој стоматолог од Струмица да му ги поправи забите бесплатно. Наш волонтер доброволно ќе го придружува детето при посетите на стоматолог.
Истотака, Васко има проблем со видот и има потреба од очила. Така да потребни се финансиски средства за преглед и очила, или преглед и очила од некоја Оптика од Струмица.
Бидејќи, семејството живее во трошна куќа, без купатило, малиот Васко е принуден да се мие во полско вц. Токму затоа е потребно да се изгради економично купатило кое ќе ги задоволува основните потреби на семејството за бањање и тоалет.

Семејството има потреба од донација на следните средства:
Храна, Средсвта за хигиена, Фрижидер, Машина за перење, Електричен шпорет, Елементи за кујна, Под (мушама, ламинат, патос…..), Поликолор, 1 кревет со механизам за пуштање, Трпезариска маса со столици, Еден голем регал (ормар, полици за книги и сл). Голема завеса, Постелнина(чаршави, навлаки за перници, јоргански навлаки), Кебиња, 2 јоргани, 4 перници, 1 голем тепих, 1 тепих средна големина,

За изградба на Тоалет / бања:
1 вц шоља, 1 мијалник (за бања), 1 чешма за кујна, 1 чешма за бања (за мијалник), 1 чешма со туш, Водоводни и одводни цевки, Цимент, Песок, Лепак за плочки, Плочки, и останат материјал.

Лични потреби за малиот Васко:
Патики број 41, Летна и зимска облека, Чорапи и долен веш, Фармерки, Тренерки, поправка на забите, очен преглед и очила.

Лични потреби на таткото на Васко:
Облека
Обувки број 43
Вработување во градежна фирма во Струмица

Контактирајте не во порака, доколку сакате да донирате за ова семејство.















 
Член од
28 септември 2012
Мислења
7.198
Поени од реакции
15.105
Чисто информативно , малиот секој ден е во спортлајф на тие апаратите со овошки. :D
 
Член од
28 септември 2012
Мислења
7.198
Поени од реакции
15.105
Најозбилно , ако го начекам ќе го сликам. :D Иначе точна е цела статија во жална ситуација се цела фамилија , али и тоа шо ќе го испроси 30-40 денари оди ги игра на апаратите.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.438
Поени од реакции
27.159
Чисто информативно , малиот секој ден е во спортлајф на тие апаратите со овошки. :D
Mu davav sitni sekogas, priznavam, edinstveno belo dete sto prosi u strumica i mi bese poise maka negoli gjupcinjata...

Se dodeka ne go vidov u sportlife, stava 500ka na ovoskite, posle 1 minuta ide vraboten i mu vrzuva dve i nadvor... nekoj od redovnite propalici u kladilnica si gi doigra parite.

Sepak e dete i mu treba nasoka a i navistina imaat potreba od pomos. Snosti pak prosese po restoranite vika od akcijata slabo samo nesto hrana imalo... so sitni donacii slabo, treba nekoj asalno da im pomognat.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.491
Поени од реакции
3.142
А што може да се очекува од дете израснато во такви услови, од страна на, како што читам, проблематично семејство. Во комарот можеби гледа инстант излез од мачната состојба, можност да се извлече некако. Јасно, тоа е глупост, ама ако си очаен и ако имаш 14 години...
Жално е што овде има потреба од сериозна, поголема помош од некакви си донации, а такво нешто кај нас тешко може да се случи (да го прибере некое нормално семејство, кое со правилно воспитување барем малку ќе влијае позитивно врз детево, оти и за покрупни промени е малку доцна, тешко се превоспитува 14-годишник).
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
10.932
Поени од реакции
6.650
Тие што секој ден мораме да се справуваме со него знаеме за каква гнида од човек станува збор.
Досаден е, не се разбира од збор, кога му даваат парче пица оди на страна и ја фрла... Пред некој ден го прашувам зошто уште проси кога пари и храна му дадоа, куќата ќе му напраат, забите исто така.. ми вика "еееее многу... многу ми е гајле оти ми помагат". Неблагодарно копито.

Дечкото е потенцијален криминалец, уште е мал, ама за некоја година... пак ќе кажам, тие што се справуваат со него само знаат за што станува збор, вас другите ви ги перат мозоците со жалните објави..

И таа активистката кај е сега да си го собере од локалите кај што проси? Знаат само да се кипрат по слики и статии..
 
Член од
28 септември 2012
Мислења
7.198
Поени од реакции
15.105
Моментално е на семафорите пак , роденден му било барем една кифла да си купил. :pos:
 
На врв Bottom