Пет. Во сите изборни по еден, освен во 6ка или 5ка не ми текнува каде преовладуваат албански гласови.
Ставот за името обично кај нас се гради врз "ставот" на партијата за која гласа. Овие од СДС се за промена а овие од ДПМНЕ не се. Во случај улогите да беа обратно, ДПМНЕ да сменеше име, гласачите ќе го оправдуваa таквиот чин а противнициве ќе обвинуваа. Овој заклуок се разбира е со резерва, но во глобала е така. И? Што очекуваш од таков народ? Некој не застанува на здрави нозе и да си го каже своето видување без притоа да се плаши од осуди. Нај апсурдно е што се прават патриоти овие од ДПМНЕ а уствари му беа најголем сојузник за промената на името на СДС. Дел се прават слепи, дел викаат па нема за кој друг да гласаме, класична прича...
Често поставено прашање кон некој што го брани името Македонија. Дали во замена за името, би земал плата од незнам, 30,40,50 илјади денари... Одговорот е ДА! Не дека со промената на името тој ќе има толкава плата, него кажува дека суштинските проблеми на македончето кои ги споменав на последниот пост, се поважни.
Оди прашај дали му е битно името на земјоделецот кој од нива не излегол цела година 30 години, на родителите на кои им заминаа децата, на социјалците, на сиромавите, на болните, на самохраните, на оние кои едвај крпат крај со крај и слични на нив, а ги има многу!
Btw. Од последната спроведена анкета прикажана во бројки:
Прегледај го приврзокот 250714