- Член од
- 29 јуни 2005
- Мислења
- 1.284
- Поени од реакции
- 14
ФОКУС: Тогаш се шпекулираше и за вашите разидувања со нашата амбасадорка во Вашинготн, Љубица Ачовска, но и со Џон Битов?
ТУПУРКОВСКИ: Јас во Америка имав проблем со лобито околу Џон Битов. Уште од нашите први контакти во јануари 1992 година кога отидов во САД, лобито беше определено не за признавање на Македонија, туку за економска подршка на РМ. Ние се разидовме, но разликите дојдоа до израз особено на 15, 16 и17-ти мај во Вашингтон кога лобито предложи да се направи една прес турнеја на председателот Глигоров, а јас имав обезбедено прва средба со шефот на Стејт Депарментот, Џејмс Бејкер. За прв пат требаше да се сретне нашиот председател со него. Ја имавме обезбедено политичката елита на САД во Сенатот и во Конгресот и до тие средби и конечно дојде. Но, тоа беше еден огромен судир на трошење на енергија во кое што председателот Глигоров не интервенираше во полза на РМ, туку ги заштити интересите на лобито. Тогаш лобито направи напори да го оневозможи состанокот со Бутрос Гали во Њујорк, бидејќи јас го организирав, мои беа контактите и врските. Сето тоа ми беше соопштено од канцеларијата на генералниот секретар, но јас тоа го оневозможив и средбата се случи.
КРУПНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА НА ГЛИГОРОВ
ФОКУС: Во секој случај, не се валоризираше подршката од Буш сениор во таа 1992 година? Верувам дека на Вашингтон му било јансо на кде дува ветерот од Скопје.
ТУПУРКОВСКИ: Јавноста во Македонија никогаш не дозна дека писмото од Буш го излобирав јас со тогашниот заменик на подсекретарот на САД за Балканот, Ралф Џонсон. Тоа писмо мене ми беше пратено 24 часа пред да биде упатено на Глигоров. Јас му го упатив на председателот. Глигоров, а тој писмото го препрати на лобито. И лобито за да направи конфузија и да стекне некаква заслуга за тоа, писмото ми го испрати мене со покриен број на факс, затоа што оригинално произлезе од кај мене во Вашингтон. Такви детски и инфатилни игри во едни историски мигови, мене не ме импресионираа. Писмото стигна во Македонија и незнам колку тука беше афирмирано, но првичниот сигнал од официјален Вашингтон е дека Македонија има преспектива и дека можеме да вршиме притисок за прием во ООН. На таа основа делував и сигурен сум дека ако беше послушано, во отсуство на единствена надворешна политика на Европа, кога Франција и Велика Британија како постојани членки на Советот за безбедност беа без обврска да ја подржат Грција, а да ја респектираат повелбата на ООН, Македонија ќе беше членка под уставното име. Се уште во Грција немаше идеја на кој начин ќе може да се злоупотреби сувереното право на еден народ и на една земја да ги определи своите државни атрибути. Се уште немаше јасна политичка линија, ниту пак подршка за нејзината нејаснотија.
ФОКУС: Последиците од овие грешки ги чувствуваме и сега?
ТУПУРКОВСКИ: Секако дека историјата тоа ќе го оцени како крупна историска грешка и лично ќе му ја препише на председателот Глигоров. Јас сум сигурен дека на тоа подоцна кумуваше и подршката на Владата, на политичката гарнитура на Бранко Црвенковски.