СВЕТИ МОШТИ

  • Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не бе Маркус, какво бегање од темата. Само веќе ми е заморно да се преповторувам сам себе, па затоа мојот последен пост го насочив кон нашето новинарство. Патем кажано, стојам зад сите мои постови.

Што се однесува кон „насоката„ за моштите, таа не е експлицитно наведена никаде во Писмото, понајмалку во Новито Завет. Но, како веќе имам напишано, во Новито Завет не е нормирано ниту крштевањето, онака како се одвива во православната Црква, па сепак, тоа крштевање, како Света Тајна, (не како церемнија) зададено е од Христа, од Него лично и персонално, како и останатите Свети тајни во православната Црква.

Што се однсува до моштите, тие се доказ за светоста од нивниот „сопственик„ иако во Новиот Завет не познаваме Светители. Тоа што одредена категорија не е спомената во Новиот Завет или воопшто во Писмото, не значи дека тоа неспоменување е CONDITIO SINE QUA NON за вистинитоста и точноста од таа категорија.

Истото важи и за иконите, фреските, свеќите и тн. Не се споменати но, не се ни забранети, па, она кое не е забрането, дозволено е! Кога сите претходно наведни „реквизити„ би биле знак за идолопкоклонство на правосланите верници (само затоа што чинат телесен поклон!!!???), тогаш тоа идолопоклонство, кое воедно значи и посредно или помалку посредно служење на верните кон лукавиот, би дало и соодветна „количина„ од злодела, кои никако не можам да ги најдам кај критичарите на православното „идлопоклонство„!. Повеќепати на формив имам напишано: ајде, дајте една листа од барем 5 злодела кои ги чинат православните „идолопоклоници„, а за возврат, јас ќе наведам барем 2 дузини злодела кои чинат вистинските идолопоклоници! Така. ѓе имаме „материјал„ за споредба, па тој „материјал„ ќе го туриме на „кантар„ и ќе видиме што ќе покаже „кантарот„!
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Miki друже..да не се "лажеме"..не се работи само за телесен поклон...јас не сум роден во протестантска фамилија..премногу пати сум бил во православни цркви и манстири за да го констатирам спротивното..луѓето им се молат на еден тон божји слуги, на разни икони од оние обичните до оние кои "плачат"..да не зборам за разни други "лековити" реликти... и од нив никако да дојдат пред Бога во молитвите..истото важи и за моштите..никој не ги оспорува светиите...нивната награда не е на ова Земја..посебно не како фрик изложби..луѓето им придаваат премногу значење и го оставаат Бога на второ место..нема нитшо мистично и тајно во тоа...Христијанството не е затворена секта..туку напротив спртивното...Бог ослободува..не не затвара во тајни. мистицизам и ритуали..

Кога ќе размислам јасно ми е зошто телото на Мојсеј било сокриено..та дури и Ѓаволот се расправал со Михаил за него....којзнае што ќе направеле Евреите од него..можеби и она на што сме сведоци денес..само Господ да не не искара за тоа..

Што се однесува до листата која упорно се обидуваш да ја протнеш..не си ми јасен...јас немам намера да вперувам прст во некого..само се обидувам да дискутирам за разликите кои ги оделуваат луѓето кои повикуваат на Господа..ако јас не ти кажам..сигурно еден атеист нема да ти мисли арно(духовно)..
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Маркус, друже, чудна работа, но моето „идолопоклноство„ воопшто не ме растревожува. Кога православните вереници би биле идолопоклоници, тогаш јас, лично и персонално, најголемата беда на форумов, јавно тврдам дека сум најголемиот идолопоклоник! Ноооо! Чудно! Моето идолопоклонство не дава и идолопоклонички дела! Веќе имам доволно непријатели заради мојата вероисповест, ама ајде, да не го барам сега стихот, во кој Он јасно вели дека „...ќе бидете намразени од сите, заради Моето име...„

Православната Црква има свои референцијални системи, засновани на искуствата од живеењето според верата (а не само според теоријата!) и тие референцијални системи јасно и гласно укажуваат на сите отсапувања од Вистината, кои ги чинат луѓето во денешниот Свет, вклучувајќи ги и верниците но и свештенството и монаштвото во православната Црква, без исклучок, без толеранција кон било кој од нив! Така, секој поединец може да се спореди со некој од тие системи и дури и самиот, без помош „од страна„ (која е потребна!) да расуди дали е идолопоклоник или не е! На пример, православието има издадено цели книги, кои обработуваат само една тема, на пример, прелеста, па секој поединец може да расуди дали е опрелестен или не е! Или, како што вели еден современ богослов:„...Кој не е во ПОДВИГ, тој е во ПРЕЛЕСТ...„. Од неговиот став, очигледно е дека работава е „..или-или..„ и тука НЕМА трета можност!

Се читаме.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Маркус, друже, чудна работа, но моето „идолопоклноство„ воопшто не ме растревожува.
Тоа што не те растревожува не значи и дека го нема.

Моето идолопоклонство не дава и идолопоклонички дела!
Истото може да го каже и некој друг идолопоклоник што се поклонува пред коски од дива свиња. Не сфаќам која е разликата меѓу него и тебе? Какви идолопоклонички дела ќе даде неговото идолопоклонство, а истите би ги немало во твоето идолопоклонство?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа што не те растревожува не значи и дека го нема.



Истото може да го каже и некој друг идолопоклоник што се поклонува пред коски од дива свиња. Не сфаќам која е разликата меѓу него и тебе? Какви идолопоклонички дела ќе даде неговото идолопоклонство, а истите би ги немало во твоето идолопоклонство?
1. Го НЕМА! Да го имаше, ќе го препознаев со леснотија!
2. Вториов дел од постот ти е чиста протестантска „класика„: „набадање„ паралели меѓу православното рисјанство и однесувањето од неопаганско-идолопоклничките народи, небаре православните ископирале нешто од нив! Жално Чорбаџи, но паралелава ти е несоодветна: тоа што овие или оние народи правеле ова или она, тоа за православната Црква е апсолутно небитно! А битно е само она кое е е ВО а не ВОН Црквата! Надвор од Црквата, бил кој поединец или колектив, може да каже или стори било што и да остане жив, спред волјата Божја, но спасението на душата, како крајна цел од верата, може да се случи само во крилата од Црквата а не надвор од неа! На оние кои се надвор од новозаветната Арка, милоста Божја нека им е на помош!

П.С. За да ја увидиш разликата меѓу „мене„ и „него„, потребно е „нешто„!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Мики, си станал како Тупурко, за се ќе почнеш да збориш, освен за она што те прашале :)

1. Го НЕМА! Да го имаше, ќе го препознаев со леснотија!
Истото би го рекол и идолопоклоникот што се поклонува на коски од дива свиња. Зарем тој би рекол дека верува дека коските се "бог"? Се разбира дека не! И тој, исто како и ти, ќе почне да филозофира како тој всашност не им се поклонува на коските, туку само им оддава почит затоа што според некое негово "житие" некоја си света дива свиња со своето рикање ги избркала разбојниците кои сакале да ги убијат неговите прадедовци и така им го спасила животот бла бла.. кога некој сака да идолопоклончи ќе си најде 1001 изговор - а доказ си ти и твоите филозофирања со кои што сакаш да го оправдаш очигледното идолопоклонство што постои во православието.

„набадање„ паралели меѓу православното рисјанство и однесувањето од неопаганско-идолопоклничките народи, небаре православните ископирале нешто од нив!
Христос нема допирни точки со идолопоклонските работи во православието. Речиси сите идолопоклонства во православието се превземени од паганите.

Во контекст на темава би го спомнал и обожавањето на МОШТИТЕ (поклонување, мирисање и целивање на мртвите тела/останки на некои истакнати христијани) кој се практикува во православието.
Паганите верувале дека душите на умрените се маткаат околу гробовите. Тие ги обожувале своите јунаци, им посветувале храмови и верувале дека гробовите на некои од нив имаат исцелителна моќ. Ги внесувале своите болни во храмовите пред ликовите на јунаците, особено пред ликот на Ескулап, кој се сметал за татко на лекарите, и ако се случело некој да оздрави, тогаш го истакнувале во храмот ликот на излекуваниот.
Така во тоа време кога некој паганин ќе станел Христијанин, не ги напуштал поранешните обичаи, туку она што го правел во чест на јунаците, сега го правел во чест на мачениците.
Евсевиј Цезариски за своето време вели: "При почитување на мачениците и нивните коски, Христијаните и паганите се исти. Се надевам таа истомисленост ќе биде повод за поголемо пријателство меѓу нив.


Потоа би го додал и палењето СВЕЌИ бидејќи добро е познато дека паганите кои му се поклонувале на Сонцето и на Месечината како извори на светлината тие палеле свеќи и кандила (симболични извори на светлина) во храмовите пред идолите, принесувајќи ги во чест на нивните богови.
Исто така и египјаните ги употребувале свеќите во своите религиозни обреди. Тие дури имале и еден празник, наречен "палење свеќи".

Понатаму старите македонци, грци и римјани, исто така, ги употребувале. На еден празник, во чест на богинката Церера, палеле многу свеќи. Обичајот бил да и принесуваат големи свеќи и факели.

Околу ИКОНИТЕ мислам дека нема потреба да коментирам. На сите ни е добро познато дека речиси нема паганска вера/религија која не употребувала идоли (во вид на слики или кипови) во своите религиозни обреди. Па оттаму, оваа праска, за внесување на слики-икони во храмовите, воопшто не е нова во православието.

Понатаму обожавањето на СВЕТИЦИТЕ (молитвите упатени кон нив, поклонување пред нивни слики/икони) исто така не е новитет во православието. Митот за обогување на човекот (човек кој станува бог) е застапен во многу пагански религии пред нашата ера.

Понатаму древниот култ за Големата мајка или богињата жена исто така бил често застапен во паганскиот свет. Тука сами би ги спомнал божицата Мајка Јунона која се обожавала во Рим, понатаму добро познатата богињата Артемида од градот Ефес итн. подоцна гледаме како ова се пренесува во обожавањето на МАЈКАТА БОЖЈА - БОГОРОДИЦА во католичкиот, а подоцна и во православниот свет.

Доволни ли е Мики? :) Се надевам дека овој коментар ќе те освести за реалноста на идолопоклонството во православието а и околу тоа од каде поттекнува истото.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Доволно е Чорбаџи, арно ама (секогаш има по едно „арно ама„!) моето освестување веќе бидна долго пред го го прочитам твојов пост.

Арно ама (пак!) ако некој им се поклонува на коските од ова или она животно а тоа клањање во врши некаде надвор од Црквата, тоа е негов личен избор! Секој поединец во православната Црква, кој се клања на начин кој не е одобрен од Црквата, чини грев, небитно што тоа клањање е сторено во незнање.

За моштите, веќе доволно објаснив.

За свеќите: па и будустичките монсаси палат свеќи, и сега што од тоа? Да не станаа православни монаси? Палењето свеќи во православната Црква има своја логика, која во будизмот сигурно е поразлична од црковната. А палењето свеќа кога нема ел. енергија, и тоа ли е знак за некој вид идолопоклонство?

Слични коментари би додал и за Светиите, и за иконите и за Мајката Божја, кои , како теми, одамна се апсолвирани од страна на Црквата, и тоа соборно, заеднички, а не пацерски, своеглаво или како некому му се сонило ноќта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom