Триенаесетгодишното момче, Џордан Браун би можел да стане најмладиот американски осуденик на доживотна казна доколку судот не го одобри барањето на неговиот адвокат да му се суди за убиствата како малолетник.
Џордан имал само 11 години кога ја убил бремената вереница на неговиот татко, Кензи Хук.
Убиството се случило минатата година во близина на Питсбург. Џордан пукал во Кензи додека таа спиела и потоа заминал на училиште како ништо да не се случило.
Во моментот на убиството, Кензи имала уште само две недели до породувањето, а бебето кое парот сакале да го крстат Кристофер, починало.
Поради тоа момчето било обвинето за две убиства. Тој ја убил Кензи со ловџиска пушка, посебно направена за деца.
Против судењето на момчето како возрасна личност, застанале и организациите Human Rights и Amnesty International. Само САД и Сомалија одбиле да ја потпишат Конвенцијата на ОН за правата на децата, според која децата помлади од 18 години не би можеле да бидат осудени на доживотен затвор.