САД не е пријател на Македонија, тоа е факт и реалност

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
ЕУ и САД две децении водат валкана војна против Македонија

Реални се шансите за шест години да одиме и третпат на вонредни избори. И повторно ќе се потврди волјата на мнозинството гласачи. Паметен свет знае дека повторување на оваа операција при фиксирана волја на мнозинството граѓани е политичко самоубиство за опозицијата. Но ако се повторува, тоа значи дека намерно се понижува народот што гласа за својот фаворит и му се испраќа порака дека македонскиот народ нема право на сопствен избор

РЕЦИКЛАЖА НА БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР


Идната година се навршуваат сто години од Балканските војни. Науката се подготвува за генерален осврт на настанот и процена на последиците од војните и мировните потфати. Некои истражувачи вршат анкетирање на балканските народи, вклучувајќи го и македонскиот, прашувајќи ги дали вистински чувствуваат последици од тие војни или, пак, ги доживуваат како фолклор, национални сказни и политичка пропаганда. Годинашната смислена и изведена провокација кај Слупчане со помош на претставник на македонската држава, министер кому му е доверено Министерството за одбрана, претставник на партија што е дел од владејачка коалиција, подобро од каква било анкета го дава одговорот. Балканските војни сѐ уште траат. И во нив, освен балканските народи и држави, и натаму активно учествуваат странските фактори со своите таканаречени национални и државни интереси.

МИРОТВОРНИТЕ ТАКТИКИ СЕ ИСЦРПЕНИ

Скандалот што го предизвика Фатмир Бесими не е случајна непромисленост што доведува до тешки последици. Тоа не е дејство преземено во некаков дух на некаков договор што бил погрешно протолкуван од група граѓани. Се работи за активирана бомба што предвидливо предизвикува жестока реакција.
Реакцијата потоа го отвора синџирот на следни настани. Еден од нив е институционална и политичка криза што се решава на два начина. Едниот е ново парламентарно мнозинство, вториот, предвремени избори. Во случајов, место за трето решение нема зашто од евентуален компромис, по ваква валкана провокација, има само победник и губитник.

Понижувањето на државата Македонија додека е на власт ВМРО-ДПМНЕ, а по минатогодишниот блам (неетички компромис) со амнестија на злосторници против човештвото, е „брцање во око“ на нацијата. Особено што таа е сведок на немоќта на државата да го спроведе Уставот во вакви непристојни ситуации. Останувањето на позицијата министер за одбрана на провокаторот Бесими значи драматично опаднат углед на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Поддршката што отворено му ја дадоа на Бесими двајца претставници на американската држава е навреда за македонскиот народ и држава. Затоа, предлог-законот за бранителите е логичен политички потег, но тој го стеснува маневарскиот простор за премостување на кризата. Одење на предвремени избори не ѝ одговара на опозицијата, но ни на ДУИ. Послаби се, а по овој скандал, сите се на јасно дека Груевски со преземените шаховски потези ќе излезе посилен од лани. Особено што минатогодишната операција за прелевање на гласачкото тело во опозицискиот контејнер заврши така што членството на монтажните партии се врати во матицата, а лидерите на тие инсталации во меѓувреме јавно се посрамотија. Некои завршија во затвор, а некои направија политички сојуз со СДСМ. Простата математика кажува дека американската амбасада со својата агентура ги потроши адутите за осипување на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. Односно, ги исцрпи своите „миротворни“ тактики. Сега им останува уште она за што се специјалисти. Да се обидат со нова фингирана војна на која упорно повикува опозицискиот СДСМ и неговата логистика во медиумите кога заговара странска воена интервенција. Ама и тука има една замка. САД тврдат дека со формирањето на косовската држава, Дејтонскиот договор и рамковниот договор тие го стабилизирале Балканот. Евентуален воен конфликт во Македонија ќе им го урне целокупниот политички профит. Во услови кога и онака секаде во светот се гледа неуспехот на нивната политика на сила, ова би бил последен удар, особено што европските партнери се зафатени со должничката криза во своите земји.

Од друга страна, евентуално ново парламентарно мнозинство крие замка само за ДУИ. Бидејќи досега застапуваше некакво непишано правило дека во унитарна држава со мултиетнички состав има не еден, ами двајца победници што се принудени да коалицираат, без разлика на програмските и идејните разлики, прифаќањето коалиција со губитничката СДСМ надвор од изборниот процес ќе значи отстапка од тоа правило или, што би рекол Ахмети, Груевски по новите избори ќе може слободно да дејствува во духот на новата прагма и да си избере коалициски партнер по сопствена волја. Во овој пакет „дилеми“ намерно не ја спомнавме можноста за коалиција помеѓу ВМРО и СДСМ, иако некои ја посакуваат како излезна варијанта за социјалдемократите што се умрени за власт сама по себе. Едноставно, ја сметам за невозможна и крајно глупава зашто тоа ќе биде најкраток пат до формализирана федерализација на државата, и тоа во услови кога Македонија не е ни блиску до членство во ЕУ.

ДВАЕСЕТГОДИШНА СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА

Но овие технички детали се помалку важни од суштината. А таа, пак, се крие во следните факти: Од 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ победи на регуларни избори, на победникот не му се дава со устав загарантираната позиција на четиригодишен мандат. Реални се шансите за шест години да одиме и третпат на вонредни парламентарни избори. И повторно ќе се потврди волјата на мнозинството гласачи. Паметен свет, добри аналитичари и рационални политичари знаат дека повторување на оваа операција при фиксирана волја на мнозинството граѓани е политичко самоубиство за опозицијата. Но ако се повторува, тоа значи нешто друго. Намерно се понижува народот што гласа за својот фаворит и на тој начин му се испраќа порака дека македонскиот народ нема право на сопствен избор. Неговата волја не се зема предвид. Како и по Балканските војни, на зелена маса при подготвување на Букурешкиот договор. Тоа, пак, значи дека овој состав на ВМРО-ДПМНЕ очигледно води јасна македонска политика и ги застапува суштинските македонски интереси што не им одговараат на оние што се грижат за континуитетот на дејствата произведени со Букурешкиот договор. Просто речено, од еден од потпретседателите на СДСМ, најголемата „маана“ на Никола Груевски е што тој му ја зацврстил кичмата на македонскиот идентитет. Ова не е нешто што не го знаеме. Неподносливата врева што се крена околу „Скопје 2014“, интересот што го предизвика подигањето на еден споменик на Александар Македонски, не се ни оддалеку теми за „забегано трошење народни пари“ туку првокласни политички прашања за демонтирање на букурешката ујдурма. Впрочем и суштината на спорот со Грција е во тоа: ако Република Македонија и Македонците влезат во ЕУ со своето име и идентитет, се создава европскиот регион Македонија што е единствениот начин за коригирање или релативизирање на одлуките донесени во Букурешт 1913 година, а сврзани со парчењето на Македонија. Тоа не е во интерес на соседите што се офајдија од тие војни и нивните европски поддржувачи.

Затоа дваесет години во Македонија се води специјална војна. Од моментот на прогласување на независноста, Македонија преживува тешки трауми. Непризнавањето од страна на ЕУ, прекршувањето на Повелбата на ООН при приемот на државата, оспорувањето на нејзиното елементарно право загарантирано со сите темелни акти, перманентните политички и економски блокади, отежнатата, условена и забавена интеграција во ЕУ, дрското непочитување на основните човекови права, отворените негирања и оспорувања на цел еден народ и неговото малцинство во соседните држави, насилната промена на уставот со помош на неутврдена војна што ја набљудуваше и координираше НАТО, рекомпонирањето на државното уредување, територијалната поделба по неуспешен референдум, перманентните обиди за дестабилизација, непочитувањето на хашката пресуда, двата атентати, вонредни избори секоја година.

Пораката е дека за Македонија и Македонците и ден-денес се одлучува без нив. За ваквата ситуација најмногу придонесува алатката наречена рамковен договор. Тој е оружје за уцени. А ДУИ и ДПА користат мафијашки тактики за остварување на своите цели. По последната трансформација преку октроираниот устав, Македонија е држава со вградена фабричка грешка. Води кон перманентна институционална криза. Според тоа, две работи мора да се доведат во ред наредните години. Потписниците и креаторите на тој акт (оние што сѐ уште се живи) да одат на суд за подривање на државата, а Уставот на Македонија да оди на преработка за работите да се доведат во ред.

ШТО НАПРАВИЈА САД ЗА МАКЕДОНИЈА?

Во сите овие изминати години се гради пропагандна перцепција дека САД, односно американските влади се голем пријател на Македонија. Не само пријател туку и стратегиски партнер. Во рамките на дипломатскиот говор официјалните претставници не пропуштаат да ни стават до знаење дека тие ја поддржуваат земјата, го почитуваат народот и сакаат да ја видат Македонија во просперитетното евроатлантско семејство во кое тие се патер фамилијас. Кога ќе ја разбуричкате архивата, особено оваа од последните дваесет години, ќе видите дека всушност не е така. Салдото покажува сериозен дефицит во меѓусебната трговија. Македонија многу повеќе инвестирала во САД отколку САД во Македонија. На пример, Вашингтон е последната од големите држави што го признаа уставното име на нашата држава, и тоа како инструмент за минирање на референдумот за територијалната поделба на државата.
Признавањето дојде на еден ден пред молкот - на два дена пред референдумот. Што е уште поважно, по признавањето, САД упорно работат на тоа да си го промениме името на државата и да се обезличиме, користејќи го дури и Метју Нимиц, кој дејствува како претставник на ООН, а не на САД. Македонија, поради грчките донатори на американските претседатели, секогаш учествува во американските избори. Така беше во два изборни циклуса на Бил Клинтон, така е и со Барак Обама. На првите избори му ја одработивме победата на Клинтон со Привремената спогодба, а за вториот мандат му помогнавме така што го трасиравме патот до војната во СРЈ преку признавањето на Тајван. Тој потег ја натера Кина да гласа против продолжување на мандатот на УНПРЕДЕП (набљудувачка мисија на ООН) и со тоа се отвори патот за нелегална војна на НАТО со СРЈ. На својот докажан пријател и стратегиски партнер Македонија му помогна така што дозволи преку нејзината територија да се оформи и опреми копнената база Бондстил. Македонија послужи и како најголем бегалски логор во Европа кога за еден месец доби 17 отсто население. Македонија се согласи да стане јатак-оаза за УЧК. Потоа, за интересите на својот стратегиски партнер преку фингирана војна, ни имплантира нов „политички“ субјект за кој преку својот специјален олеснувачки тим, Пердју - Фејт, обезбеди позиција на заштитени убијци што ќе ги контролираат македонските институции, а ќе бидат исплаќани со народни пари.

Македонија уште војува „рамо до рамо“ со САД низ Азија. За возврат, САД ја немаат вклучено Македонија ниту во еден вносен бизнис онаму каде што нивните компании остваруваат профит.
Единствениот бизнис што ѝ е доверен на Македонија е да ги чисти клозетите во Авганистан и во Ирак. А единствената награда е повременото доделување некакви воени медали за нашите војници и тапкање по рамо дека нашата армија ги исполнила критериумите за влегување во НАТО.

САД, со сета моќ што во светските институции ја имаат инсталирано, не направиле ама баш ништо за да го одблокираат патот на Македонија во светските интеграции. Тие дури и го попречуваат. Како што сега, во услови на светска економска и евроатлантска политичка криза, заткулисно ги блокираат обидите на Македонија да си ја прошири листата на партнери со држави како Кина и Русија и, така, што побезболно да се извлече од глобалната криза. Во сиве овие години ниту еднаш, со ниту еден свој гест или политичка изјава не застанале резолутно и недвосмислено на страната на Македонија. Вклучувајќи го и самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Според тоа, не се ни поставува прашањето што уште може малата Македонија да направи за големата Америка, ами токму обратното. Какво е ова партнерство во кое едниот партнер врши перманентен мобинг врз другиот?

САД, со сета моќ што во светските институции ја имаат инсталирано, не направиле ама баш ништо за да го одблокираат патот на Македонија во светските интеграции

Дрско игнорирање
Годинава се случи монструозна ликвидација на четворица граѓани на Македонија кај Смиљковци. Дел од убијците се засолнија на косовска територија. Пол Волерс се закани дека одблизу ќе ја следел истрагата, односно правната процедура. На Косово е инсталирана американска воена база со целата софистицирана логистика. Таму се и НАТО и ЕУ. Убијците се под нивна заштита. Како што се и другите криминалци, убијци и гангстери по кои македонската полиција има распишано потерници. Ниту еден од нив (или сосема ретко) не ѝ е испорачан на Македонија, иако токму МВР во рамките на декларираната и договорена соработка, на своите партнери педантно им доставува најпрецизни податоци за тоа каде се сместени, каде можат да се најдат бараните лица. Немарност? Неспособност? Случајност или дрско игнорирање и понижување од страна на стратегискиот партнер?

Вонредни избори, редовна волја
Вонредно избиравме на 1 јуни 2008 година по самитот на НАТО во Букурешт. Вторпат отидовме на вонредни избори по неуспешниот обид за романска револуција преку А1 и газда Рамковски. Имено, на 5 јуни 2011 навистина „лисјата паднаа“ како што предвидуваше Радмила Шеќеринска, ама не на дрвото што таа го имаше предвид. Безлисниот трупец СДСМ на следните вонредни или редовни избори ќе излезе ептен гол и тотално компромитиран и поддржан од криминалци, профитери од балканските војни и нивните потомци, џепчии, непријатели на македонскиот народ. Последниот обид во Слупчане за „демократски“ преврат и изигрување на изборната волја на македонските гласачи искажана лани на 5 јуни, веќе ја прелеа чашата на трпение. Матрицата по која се изведуваат предвремени избори е толку позната што овој пат ќе се истури врз грбот на целата божемна опозиција, фактички антидржавни инсталации. Оти не се веќе во прашање ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното водство, ами непочитувањето на изборната (политичката) волја на мнозинството македонски народ.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82712656434&id=9&prilog=0&setIzdanie=22665
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=830122120298&id=13&prilog=0&setIzdanie#.UECUysZ70hx.facebook

Индоктринирани слепци

Повод ми се извесни реакции на извесни суштества, кои мојата нагласена и жестока критика на политиката на САД и Западот ја доживуваат како моја проруска политичка и идеолошка позиција. Демек, ми лепнале уште една етикета. Значи, ништо не разбрале. А и не можат, зашто сѐ гледаат еднодимензионално

Немам навика да се занимавам со индоктринирани индивидуи зашто од искуство знам дека е залудно губење време и енергија. Оние на кои мозокот им бил изложен на пропагандно-манипулативна центрифуга, едноставно повеќе немаат способност да мислат. Значи, слободно и самостојно да донесуваат вредносни судови. Ќе ги препознаете лесно гледајќи ги в очи. Уште во првите две-три минути ќе забележите како ве гледаат „бело“, ќе го видите ѕидот што се брани од продорот на каква било информација, аргумент, кои нивниот испран мозок не ги прима. Но тој хендикепиран светоглед овој пат ќе ми послужи како повод за да им се обратам на оние што не даваат да бидат вовлечени во црно-белиот свет на пропагандата и манипулацијата што ги претвора луѓето во издресирана аморфна маса. Повод ми се извесни реакции на извесни суштества, кои мојата нагласена и жестока критика на политиката на САД и Западот ја доживуваат како моја проруска политичка и идеолошка позиција. Демек, ми лепнале уште една етикета.

Значи, ништо не разбрале. А и не можат, зашто сѐ гледаат еднодимензионално. Критиката што им ја упатувам на политичките елити на западниот свет се заснова на факти и заклучоци:

- Тие ги запоседнаа сите светски и регионални организации. Тие се прогласија за светски лидер. Во согласност со тоа, водат политика на извоз на сопствената доктрина. Или, како што објаснува умниот Хенри Кисинџер, за разлика од преостанатите, САД сметаат дека нивниот културен модел треба да го следи остатокот од светот, независно од спецификите (културни и традициски). Тоа се вика тоталитаризам на една империјална сила. И тој не може да се брани никако освен со сила. Во моментов САД имаат 718 воени бази низ планетава. Никој друг нема.

- Кога наметнувањето на сопствените интереси ќе се претвори во силеџиство, уцени и насилство на други држави и нации, се случува нормална имунолошка реакција. Таа реакција во една временска точка, а по период на кулминација, се претвора во силна експлозија.

- Ова е време пред таква експлозија. Секој што мисли, и покрај огромната пропаганда, добро знае дека ваквите политики значат прво криза, а потоа, по серија војни, ги докрајчувале сите империи. Неповратно и беспоговорно. Народите со својата колективна мудрост ваквиот момент го опишуваат како „божја правда“, која секогаш стигнува или како констатација дека кога-тогаш „оној што бил горе ќе се најде долу“. Умните учат од грешките и на другите и од своите. Преостанатите се осудени да го изодуваат сизифовскиот пат, ем тоа како слепци, кои во паника трчаат да стигнат некаков последен вагон од некоја залауфана композиција што веќе вози по некои нови брзи пруги. И тие не се на Запад во ова планетарно делење на картите. Тоа не значи дека Истокот ќе биде подобар. Само значи дека ќе видат оние што ќе живеат во тој нов свет.

- Лицемерството, двојните стандарди и ароганцијата се карактеристика на оваа западна политика, кои секогаш биле присутни, ама од 2008 година, кога експлодира економската криза, станаа видливи на секој чекор и во секоја пригода. Едноставно, пропагандата инсталирана во медиумите и во невладиниот сектор не успева веќе да ги покрие. За тоа исклучителна заслуга имаат Викиликс, хакерството, пиратите, свиркачите - интернет-генерацијата што го најави гласно и жестоко новиот свет.
- Што осозна човештвото денес?

- Дека нема добри и лоши империи. Нема напреден Запад и назаден Исток. Дека во САД полицијата против нејзините граѓани употребува исто толку брутални мерки на репресија кога овие мирно протестираат како, на пример, и во Кина или во Русија.
- Дека рускиот „Пуси риот“ и германскиот панкрок-пандан се третирани пропагандно и со посредство на медиумите како два вредносно (идеолошки) различни настани. Во скандалот во катедралата во Келн не се вклучија ни „независните“ медиуми ни „демократите“, сер Пол Макартни и мадам Мадона, ама фактите водат кон единствен заклучок: реакцијата на „западната“ Германија и „источната“ Русија е иста. Според мојот светоглед, еднакво и несоодветна, компромитирачка и глупава. Со единствена разлика што Русија не го дави светот со својата пропаганда, не користи етаблирани пејачи за распространување на нивната вистина (иако баш може да ги кешира) и не ги прогласува западните ВИП-криминалци за жртви на политички прогон.

- Ова се однесува и за наменско манипулативниот третман на цивилните дисиденти и активисти во Кина, Русија, Бурма, од страна на западните „демократии“, кој е драматично различен кога се во прашање кршењата на правата на луѓето, кои се киднапираат од страна на држави (како Ел Масри, на пример), кога тие луѓе се ставаат во тајни затвори на ЦИА, кои, пак, не се можни без меѓудржавни тајни договори. Или, кога луѓе врз основа на нечиј сомнеж со години се чуваат во затвор во американска база како што е Гвантанамо, кога се крши правото на азил, се погазува меѓународното право (како во случајот со Џулијан Асанж). Или кога намерно се игнорираат и забораваат индивидуи ако не се нивни следбеници, како на пример, Набил Раџип од „демократски“ Бахреин. Се прашувам што ќе беше ако пред некој рудник сопственост на Кина, полицијата на демократска држава убиваше рудари? Ќе заседаваше и Советот за безбедност. Е, ама за масакрот во Јужна Африка одвај некој некаде зуцна.

- За цел свет важи правилото дека злостори против човештвото не се забораваат ниту подлежат на опростување. Освен за лидерот на Западот, САД, и неговите протежеа, а со тоа и на западните демократии. Така, Франција дури и со лани донесен закон нема да ѝ го заборави на Турција геноцидот врз Ерменците во воени години кога се распаѓаше турската империја и се водеше Првата светска војна, ама око нема да ѝ трепне за злосторствата што таа ги изврши во Алжир или неодамна во Либија. Се разбира, како солидарна членка на најпросперитетниот политички клуб (ЕУ) нема да ѝ трепне око ни пред поразниот факт за кој остатокот од светот официјално дозна дури пред 10 дена, а тоа е дека Австралија во 1974 година ѝ дозволила на Велика Британија да изврши нуклеарна проба во Марилинга. На таа територија, далеку од очите на јавноста, се изведе монструозен и ладнокрвен геноцид над и онака десеткуваниот абориџински автохтон народ. Светските организации како ООН уште не се огласуваат, ниту некој покренува иницијатива за формирање ад хок суд за злосторства, иако се знае кој ги извршил. Што би рекол францускиот министер за надворешни работи, се работи за евроамериканска солидарност, а и Обединетото Кралство не е Иран, иако Иран нема извршено никаков геноцид и врз никого, ама има нафта. Е, ама тој, велат, има намера да прави атомска бомба и затоа сега трпи невидени санкции. Оние што немаат таква намера, а имаат такви бомби, елегантно само ги истураат врз кого сакаат и потоа држат лекции за човекови права.

- Во Европа од страна на повеќе земји, меѓу кои предничи Франција, се врши расна сегрегација, чија жртва се Ромите (народ без своја национална држава), но и врз потомците на оние што им биле слуги на колонизаторите. Се води фашистичка политика кон Македонците, кои, пак, имаат своја држава, ама ЕУ цинично поставува Грк од ксенофобична Грција на чело на комесаријат за човекови права.

- Бессовесноста, бесчувствителноста и ароганцијата станаа доминантни карактеристики на Западот, на кој и ние културно, традициски, па и географски припаѓаме. Таквите одлики неминовно го деградираат човечкиот живот и го нарушуваат личниот и националниот идентитет. И не е случајно што природните механизми во услови на големи кризи почнуваат да дејствуваат. На прв поглед хаотично, ама всушност логично и предвидливо како еден вид механизам за самозаштита на видот, односно за доведување на нарушениот баланс во ред.

Автор: Mирка Велиновска
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
„Гувернерот“ Рикер повторно на терен

29 август 2012

Убаво што Рикер повторно дојде и добро е што им се обратил на младите лидери. Неговите дипломатски капацитети се докажани. Ние сме и нивни сведоци ама и – жртви. Ги унапреди американските интереси во регионот – на наша сметка. Со преголема агресивност, како амбасадор во земјава, Филип Рикер направи силен скок во кариерата.


Ристо Никовски


Овојпат остана цели пет дена, со голем број средби, што е крајно невообичаено. Долгата посета, секако добро испланирана, покренува повеќе прашања. Дали тајмингот случајно се совпадна со поклонувањето во Слупчане? Што скенираше и што имаше на ум Рикер? Кој и зошто вклучи средба со Бесими? Дали амбасадата на САД сама си ги организира посетите игнорирајќи го и нашиот протокол, и државата? Дали, министрите Албанци и на тој план водат своја политика и, така, не ја есапат земјата?

Кај Американците нема случајности.

Едно е неоспорно, Рикер е одговорен за политиката на САД спрема Македонија и неговиот дух го почувствувавме и непосредно пред посетата. Амбасадорот Волерс, кој е многу повоздржан од својот претходник, класично се вмеша во нашите домашни работи и ни кажа што треба и како да правиме. Америка јавно се позиционира против легално избраната Влада. Застана зад тие што грубо ја злоупотребија службената позиција и, поклонувајќи се во Слупчане, покажаа дека можат да контролираат и дел од безбедносните сили. Без оглед што проблемот со жртвите мора брзо да се реши.

Рикер му додаде нов квалитет на скандалот. Јавно го поддржа Бесими, и со средба и со прес конференција, и јасно ни стави до знаење зад кого стојат тие. Впрочем, војната во 2001-та тие ја фингираа од Косово, не ОНА, и нејзините мртви ги носат и тие на душа.

Нам ни останува само да преоценуваме и да се прашуваме – дали САД не сметаат за свој толку важен стратегиски партнер и затоа сметаат дека треба да не водат? Не за друго, да не заглавиме повторно. Тие се сè уште на Косово и од таму можат да лансираат што и кога сакаат. Сетете се само на 2001-та.

Ама ние, итри и лукави, од многу јадење лук, не сме подолу од нив. За да ги зафркнеме, се правиме наивни и постојано им повторуваме дека си ги сметаме за единствен, главен, целосен, долгорочен, несебичен, предаден, посветен, загрижен… пријател и партнер. И, им дозволуваме да не онадат. Водат, де. Тие, пак, ни прават што сакаат и веројатно придушено ни се смеат, што не е наш проблем. Тоа само зборува колку се недоквакани, лични и себични, преокупирани со сопствените интереси, без да ги забележуваат нашата мудрост и широкоградост. Тоа што не водат сметка ни за минимумот наши интереси, не треба да чуди. Толкави им се дострелите.

Ние сме ниво за нив, бе. Ниво што не ни дозволува да им кажеме во лице што ни прават и што мислиме за нив. А нашата култура не е нешто измислено. Како вели еден пријател – ние Македонците сме дале писменост, култура и што ти не, на значаен дел од човештвото. Ама, додава, за себе ништо не задржавме. Тој не спомнува дека несебичноста е врвна доблест, ама нека му е.

А приказната за кубурата, а? За не дај Боже ја чуваме, а до таму никогаш не ја тераме работата. Секогаш си велиме – да чува Господ од полошо. Трпи Трпе со трпение.

А, што ќе користиме кога ќе не снема? Што аргументи ќе демонстрираме на оној свет? Не можеме таму да заминеме како недокажан, измислен народ. Ќе ни се смеат. А верата токму така не учи – што повеќе (НАТО и ЕУ) неправди, манипулации и злоупотреби овде, толку повеќе гламур и бериќет таму. Мижи да те мамам.

Точно така не учат и Рикер и неговите. Не гледајте го националното, идентитетот, јазикот… уживајте во универзалното, во Големото. И, за тоа, не морате да одите подалеку. Се е тука, до вас. Ете, Голема Албанија ви е на врата. Пружете и рака, макар во Бенелукс. Нека здивнат малку Албанците. Имаа една од најстрашните диктатури во светот. Србите не им нудеа повеќе од цепење дрва, ама и ние не бевме далеку. Ги држевме настрана. Е, па сега, еве, дојдоа и нивните пет минути. Да се исправат историските неправди. Крајно време е сите да живеат во една држава. За Македонците, колај. Ќе се најде нешто. Нагоре, кон север.

А Бесими, скришно и зад грб, без никој да знае, си го прогласи кабинетот убер алес (над се), ги зема работите во свои раце и почна помирување. Како викаше еден негов претходен колега од Владата – премиерот е само фигура, главен е лидерот на партијата. Тој одлучува. Така се гради држава која не се почитува. И, се смета за минлива станица.

Дали така ќе се однесуваа Бесими и неговите, и во Слупчане и пошироко, ако за тоа немаа изим директно од Рикер и Волерс? Како ви се чини, Бесими ќе беше на власт ако во 2001-а, со помош на МПРИ, испружената рака на Пентагон и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од специјално донесениот цијаш, Роберт Фровик, САД фингираше војна и ни ја рекомпонираа државата на крајно деструктивен начин? Значи, стратегискиот партнер долгорочно не тинтра со прецизни намери да не снема. Да не збрише, ама ние си траеме. Зошто да им пречиме на сите на Балканот? Особено на тие што имаат Големи планови.

Бидејќи истата политика Вашингтон ја води уште од распадот на Југославија, Рикер веројатно придонесол само за забрзување на процесот за урнисување на Македонија. Веќе не е спорно дека целта е затворање на “Македонското прашање” ама, во 21 век, на цивилизиран начин. Со прекрстување и преку ултиматум и уцена. Ако сакаш во НАТО. Да се збришат Македонците, со нивна согласност. Тоа потврдува колку високо го ценат нашето мислење. Како скокнал Бугаринот од претоварениот авион, за да ги спаси другите, извикувајќи – за Советскиот сојуз! Каков врвен интернационализам! И испрани мозоци, во исто време. САД сметаат дека сега нам ни е редот да покажеме такво ниво на идиотизам и кретенизам и да се откажеме од самите себе.

Алал да им е колку мислат на нас! Ги игнорираат ООН, Судот во Хаг… не фермаат меѓународни договори, правила, принципи, процедури… што ти не, само нас да не сотрат. Го срамотат и НАТО со нелегални постапки. Е, какво значење ни даваат, а ние – за никаде. Го каниме Рикер само на пет дена место тука да седи со месеци. Да го интервјуираат секој ден, а ние да исполнуваме се што ќе ни порача. Неговиот рејтинг би растел побргу од квасец и, веројатно, САД би морале да организираат дополнителни избори за да стане претседател. Зошто само кај нас да има предвремени?


http://www.mkd.mk/54827/kolumni/guvernerot-riker-povtorno-na-teren-risto-nikovski/
 
K

kalimer0

Гостин
А кому му е пријател ама онака од чита мира? САД бараат пријатели само од корист.
 
B

Black Guard

Гостин
Ахх миЛка малку ми звучи улетана во теориите на заговор и дементивни состојби, штета добра новинарка беше.

Една работа е важна за нас Македонците која треба да биде јасна а е според поговорка која оди вака некако:

-Ако ние се знаеме себеси и го знаеме противникот тогаш нема потреба да се плашиме од исходот.

-Ако пак се знаеме себеси а не го знаеме противникот тогаш после секоја победа следува пораз и

-Ако не се знаеме ни себеси ниту противникот ние сме ОСУДЕНИ НА ПРОПАСТ!

Толку.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
......................
Имаше овој Никовски интервју на некоја ТВ, нешто слично изјави и тогаш околу напуштање на НАТО. Но тогаш беше советник на претседателот, а советник не било политичка функција и можел да си изнесува сопствени ставови различни од официјалните. И наредниот ден си поднесе оставка на функцијата советник. И толку од него. Што не го наметнел својот став а не да поднесува оставка?
Работава е малку поинаква, не можеме да функционираме без тие дипломати од надвор кои што кога ќе излезе проблем од распаѓање на владата и земјата по етнички шавови, ги испраќаат тука да не смируваат.
Проблемот е само во перцепцијата. Ние како НАТО сојузници се надеваме дека Рикер го пратиле тука за да ги дисциплинира Албанците, да не прават проблеми и да си седат во владата. А Рикер или тие што го испратиле не гледаат како земја со меѓуетнички проблеми, кои што ако излезат од контрола ќе прераснат во војна. И не ги испраќаат тие дипломати за да ги дисциплинираат Албанците. Изиграваат само посредници и ги убедуваат нашиве политичари да постигнат компромис. Не е тоа што нас ни се допаѓа, но реалноста е таа. Имаат тие многу други проблеми за со нас да се занимааваат и да ни смислуваат заговори.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ајде уште една исповест на американците, мада тој што спие си спие и ножот на врат кога ќе му стават, е тогаш можда малку ќе заблее.

 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
На тој што му се може се' , не му е интересно да трага по вистинските вредности ! Така да не очекувајте правилно вреднување на нашето однесување , од страна на САД !
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
На тој што му се може се' , не му е интересно да трага по вистинските вредности ! Така да не очекувајте правилно вреднување на нашето однесување , од страна на САД !
Какво вреднување, не им се може се и не се семоќни, сето тоа е една мистификација дека можат да ни ги решат нашите проблеми но не сакаат, а од друга страна дома имаат слични проблеми.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Какво вреднување, не им се може се и не се семоќни, сето тоа е една мистификација дека можат да ни ги решат нашите проблеми но не сакаат, а од друга страна дома имаат слични проблеми.
Муабетот беше дека не не фермаат под разно а тоа дали им се може и што им се може во моментот , не треба да сме многу умни па да видиме што прават во поблиската околина .
А коментарите од типот-" па не можат они се и имаат и тие проблеми дома " треба ли да се сфатат како лек за нашето его , од типот" па не сме саде ние ....."
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Уште еден интересен текст за нашите пријатели и тоа стратешки. Нели САД не признаа под установото име, што и е проблемот со името тогаш ?

Рикер: Иванов не е во наш интерес, а Фрчкоски е за САД и за компромис за името
18
СЕП 2012​
17:22​

Евентуалниот избор на Ѓорге Иванов за претседател на Македонија нема да биде добра вест за интересите на САД. За разлика од него, Фрчкоски поддржува политика што главно е во интерес на САД – тој ја поддржува политиката на разумен компромис со Грција во однос на проблемот со името.
http://www.mkd.mk/59714/makedonija/riker-ivanov-frckoski-vikiliks-kompromis-ime/

 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
cool, јас неможам да си го разберам сопствениот народ,или сум нетокму, овакво едноумие по прашањето на еу и нато во Македонија немало ни во времето на тито.

Каде се дебатите, анализи, па политиката не произлегува од некоја црна дупка таа има континуитет.

Само една паралела.
САД нашиот стратешки партнер, 1945-1953 работи на воен сојуз Грција - Југославија - Турција. Ќе кажеш ММЕ неспоиви земји, но САД ги вклучува овие земји во тој сојуз.
Денеска САД на Турција и го нуди Балканот на тацна.
Ердоган пред некој ден на муслиманите од Босна им порача, 5 деца секое муслиманско семејство да има.
Тоа е политика на експанзија.
Врз чии простори ?
Босна преку Санџак, Косово, Македонија и Тракија ќе се спои со Турција за 20 години.
21-та година православните нема никој да ги е*е, нит мултикултурно опшество ќе се спомнува, нит права, ништо.
Ќе им горат куќите и црквите преку ноќ, преку ден ќе се глуми соживот и така до смртната постела, како во турско, пред тоа како во римско.

Жална елита имаме и политичка и интелектуална и менџерска.
Корените промени се потребни, но дали има критична маса.

Народе Словенски ти незнаеш кој си што си.
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Најубав пријател е оној со кој си на чисто. Америка знае што сака на Балканот и полесно е да се бориш за она што го сакаш кога ги знаеш пречките. Ако пријател ти е ониј што ти се смешка а зад грб ти лупа нож у грб тогаш тешко на над. Македонија никогаш немала по чист пријател од Америте, тие кажуваат пријателски што имаат намера а ние ако сме паметни ке го отстраниме тоа што не ни одговара!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom