Дали во државава Р.Македонија или во соседството постои соодветен доктор за да дијагностицира од што ти паѓа косата и да ти даде соодветна терапија? Ако постои таков доктор, клиника специјализирана ве молам пишете!
Моето искуство за 1 година опаѓање на коса е следно:
Косата почна да ми паѓа лани во јуни, мислев дека е од стрес бидејќи имав една хируршка интервенција, но косата постојано ми паѓаше.
Лани август бев кај др. Анчевски ми даде Мерц таблетки и Алпицин шампон (Алпицинот инаку пред него ми го препорача мојот фризер). Резултати никакви, ноктите ми се подобрија-зацврстија, косата ништо.
Во ноември отидов во Дермамедика кај др.Пешиќ, ми препиша Мерц таблетки, Алпицин шампон и 10 ласерски третмани. Резултат од ласерот косата станува пожива, се поднамали опаѓањето но нови влакна нема.
Во април оваа година бев кај др.Ирена во Воена болница, ми препиша Мерц таблетки + Биотин, Шампон Плантур 39, Пилфуд 2%. Од се ова не го користев Пилфудот оти читав по форуми дека ако еднаш почнеш да го користиш доживотно ќе го користиш. Резултати никакви-косата и понатака паѓа.
Во јуни бев во Државна клиника кај др.Весна, ми прпиша пантенол, синодерм гел и анафаза шампон.Резултат зголемено паѓање на косата.
Во јули пак кај др.Анчевски, ми препиша Керамине терапија (шампон, маска, ампули) + 8 третмани со ласер кај него во ординација. И од ова жив ужас. Косата во прамени почна да ми паѓа. Некој викаат дека умрените влакна побрзо паѓаат, за да се ослободи место за новите. Но за 2 месеца терапија од Анчевски јас ново влакно не видов.
Бев и кај др.Вај, ми препиша терапија која сеуште не сум ја земала зошто жената ми кажа се зависи од организмот.
Во меѓувреме пробував со сите рецепти од лук, рицинус, ад капки, пантенол...искрено ми се смачи.
Инаку за 1 година ги испитав сите хормони по 2 пати (дури и хормоните што не се испитуваат во мк, туку крв се праќа во странски лаборатории)- се е ок, АНА тестот е ок, немам полицистични јајници или било какви други гинеколошки проблеми, крвната слика ми е одлична, не работам со хемикалии, стресот е нормален како кај сите што живеат во ск во 21 век.
Темето веќе ми се гледа на главата, не ми се излегува од дома, а кога сум надвор ич не се чуствувам убаво, во депресија сум.
Ако навистина некој имал ваков проблем и го решил или нашол добар лекар било во земјава или во странство ве молам пишете!
Однапрет многу ви благодарам
--- надополнето: 25 август 2012 во 03:57 ---
interesni pozitivni iskustva spodeluvaat na forumot na femina za uspoeshnost na tretmanite na DR. Vais. neznam dali tretmanite se uspeshni i kaj mashki
Slicni laserski tretmani primenuvaat i kaj Dr. Ancevski
imaat tretmani so laser i so
третмани со volumed® и третмани со растителни стем клетки (Мalus Domestica), http://www.kord.gr/default.asp?pid=6&la=7
Dali nekoj od forumot ima odeno na vakvi tretmani kaj Dr vais ili kaj Ancevski i dali istite bile uspeshni.
Jas licno bev na pregled kaj Ancevski i mi gi predlozija tretmanite ama ushte ne sum reshil dali da odam. Zasega mi preporacaja samo proizvodi za kosa od Kermaine H.
a spomnaa deka imaat i nekoi germanski of istata firma bergmann kord koi bile pojaki i poskapi.
Dali nekoj ima koristeno vakvi tretmani ili proizvodi od Bergman Kord od kaj Ancevski.
Drug interesen tretman e ovoj so plazma
PRP (Platelet Rich Plasma)
http://www.kord.gr/default.asp?pid=119&la=7
Dal nekoj ima nekakvi informacii za istiot.
I ushte ova informacija e interesna i se vrti denovive po internet
za proizvodot
Neogenic na Loreal
http://www.cosmeticsdesign-europe.com/Formulation-Science/L-Oreal-to-launch-new-active-to-increase-hair-density
http://www.trx2.com/community/loreals-upcoming-hair-loss-product-based-on-stem-cell-research-and-a-warning/
Se nadevam ke se razvie interesna i korisna diskusija za ovie temi dokolku nekoj vo ovie goreshtini odvoi vreme za forumot
Јас бев кај др Анчевски пред една гдина кога и започна да ми паѓа косата (100 тина влакна на чешлање ми паѓаше). Ми препиша Алпицин шампон и Мерц таблетки, опаѓањето стивна но не престана и немав нови влакна. По 1 година (крај на јуни) повторно ми се појави опаѓање на косата и пак бев кај др Анчевски. Ми ја даде терапијата со Керамине (шампон, ампули и маска) и 8 третмани со ласер кај него во ординација.Третманите траеја 1 месец (се оди 2 пати неделно по 1 час, косата ти ја мијат со шампон, ти ставаат маска па ампули, на крај доаѓа ласерот од 15 мин). Еден третман чини 1200 ден. Веќе во вториот месец ми се појави енормно опаѓање на косата, што значи ако ја пипнам ми паѓаат 100 влакна а не да ја чешлам. Ужас. Му кажав на Анчевски и ми даде плус Пилфуд од 2%. Колку што читам по форумов и без третманите на Анчевски Пилфудот имал дејство. Така што незнам колку е добро да се оди кај Анчевски, моето искуство е вакво.
Поздрав, ако најдеш некој нормален лекар во земјава или било каде те молам пиши.