Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Дечко споредава ти е децана у Африка боси идат а овие лингуриве у Македонија пекаат пошо немале пари на децата за зимоска кондурчиња да им купат.Ај ако имаш нешто корисно да кажеш кажи,и избриши си ги сам интелигентниве мислења пред да ти ги види некој админ и он да ти ги избрише,и успат и бан да си добиеш.Со здравје.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.674
Дојди и убеди ме дека овие личности изгледаат подобро без коса и дека нивната трансплантирана коса отпаднала. Само што тие своите трансплантации не ги вршеле на државна клиника во Скопје, туку кај врвни доктори и клиники.
Гледам запознаен си , дали стварно резултатите можат да бидат како на сликите? И колку од прилика би коштала една ваква интервенција? Да бидам искрен го пратам Руни одкога правеше трансплантација и не сум баш задоволен , но оваа со Енрике Иглесиас ако е точно. :drk: Јас сум далеку од потреба за трансплантација , но би сакал да ја направам за некоја нијанса погуста ако е можно.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Иронија? :(

Поточно Етиопија. Со здравје и кај вас, тоа што за вас опаѓањево на косава претставува проблем од социјален аспект, за мене е патофизиологија, ви објаснив дека уште не е откриена етиологијата на болеста (како и кај многу други, посериозни) па вие што сакате правете. То е за ваше добро, што помалку се замарате толку поарно, пошто велат дека стресот во поголемиот број на случаите е причина за губење на коса, покрај наследните предиспозиции (читај, не кај сите случаи). Исто ко што не се замара некој што нема слепо црево, или има атрофирани крајници.
И да па и 100 бана да изедам од темава, посета на психич е опционално.

И толку од мене на темава, пијте инхибитори на хормони, непроверени препарати, зрачете се со што сакате, Ваш проблем. Ама после кога ќе пореметите цела биохемија Вие ќе ги трпите последиците.
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
246
Поени од реакции
296
Гледам запознаен си , дали стварно резултатите можат да бидат како на сликите? И колку од прилика би коштала една ваква интервенција? Да бидам искрен го пратам Руни одкога правеше трансплантација и не сум баш задоволен , но оваа со Енрике Иглесиас ако е точно. :drk: Јас сум далеку од потреба за трансплантација , но би сакал да ја направам за некоја нијанса погуста ако е можно.
Трансплантација на коса е релативно млада област во медицината со скромни 23 години постоење. Нејзините почетоци се пред 70-80 години, но тоа било само експериментирање на неколку поединци доктори и физичари, но последните 15 години трансплантација на коса стана многу популарна, затоа што пред се многу напредна и се усоврши во смисла на квалитет, естетика и полесна процедура при трансплантирање.

Само во периодот 2008-2012 за 60% се зголемил бројот на трансплантации на коси. Се поголемиот број на трансплантации на коси доведе истата процедура да се усовршува и напредува многу бргу, но исто така да се увидат и маните на трансплантација на коса.

Постојат две стандартни процедури при трансплантација на коса FUT и FUE, но во брзо време се најавуваат нови техники на трансплантација на коса како што е scarless surgery и donor regeneration коишто според најавите на докторите што ги тестираат овие техники би требало да отворат сосема нови можности и хоризонти при трансплантација на коса коишто до сега беа ограничени. Овие техники ќе бидат презентирани сега на конференција во Сан Франциско пред најдобрите доктори на трансплантација на коса коишто треба да го кажат своето стручно мислење.

Трансплантација на коса може да даде извонредни резултати, но не секој е добар кандидат за трансплантација на коса. Праќаш слики на донорот и од таму ти кажуваат дали си добар кандидат за трансплантација или не. Добри доктори и успешна трансплантација на коса ќе те чини сигурно помеѓу 4,000 до 7,000 евра зависно од тоа колку графтови ќе трансплантираш. Најдобри доктори, физичари и клиники за трансплантација на коса се во Западна Европа, Северна Америка, Австралија и Источна Азија односно богати економии коишто имаат строга регулатива во здравството. Клиниките на Блискиот и Среден Исток како и Јужна Америка нудат далеку поевтини цени, но тие се непроверени и нестручни. Само можат да те уништат ништо повеќе.
--- надополнето: 18 октомври 2013 во 04:33 ---
Иронија? :(

Поточно Етиопија. Со здравје и кај вас, тоа што за вас опаѓањево на косава претставува проблем од социјален аспект, за мене е патофизиологија, ви објаснив дека уште не е откриена етиологијата на болеста (како и кај многу други, посериозни) па вие што сакате правете. То е за ваше добро, што помалку се замарате толку поарно, пошто велат дека стресот во поголемиот број на случаите е причина за губење на коса, покрај наследните предиспозиции (читај, не кај сите случаи). Исто ко што не се замара некој што нема слепо црево, или има атрофирани крајници.
И да па и 100 бана да изедам од темава, посета на психич е опционално.

И толку од мене на темава, пијте инхибитори на хормони, непроверени препарати, зрачете се со што сакате, Ваш проблем. Ама после кога ќе пореметите цела биохемија Вие ќе ги трпите последиците.
Точно така другар. Светот има многу поголеми проблеми и болести за решавање како на пример канцер, сида, дијабетис, срцеви заболувања, психички заболувања, некои видови на реума. За тоа нема дискусија, но конкретно оваа тема е за опаѓање на коса и за тоа дискутираме тука во тема која што е баш посветена на тој голем социјален проблем.

Медицината е се поблиску до откривање на вистинските причини зошто, како и кога косата опаѓа, а веќе се во тест фаза околу 9-10 потенцијални лекови коишто даваат прилично извонредни резултати во нивните тест фази, но вистинскиот лек се очекува за отприлика 10 години, затоа што 3 лабаратории до сега преку матични клетки од човек со алопеција да пораснат комплетно нова и густа коса на глушец што се смета за извонреден успех во медицината. Истите лабаратории не само што го најавуваат лекот против опаѓање на коса, туку и целосно регенерирање на органи како и зголемување на полов орган.

Трансплантација на коса во Македонија не се врши никаде, а и недај боже да се врши. На Балкан трансплантација на коса се врши во две приватни клиники во Белград и Загреб, но колку е нивната стручност и квалитет на завидно ниво тоа е дискутабилно. Навидум изгледа лесно, но трансплантација на коса бара многу знаење, стручност како и естетска и уметничка способност на докторот да креира перфектна линија и агол под кој ќе раснат влакната. Никој нормален човек којшто има барем колку-толку познавање на трансплантација на коса не оди да врши трансплантација на државни клиники, туку на приватни клиники специјално посветени на опаѓање на коса.

Еве слика од потенцијален лек што треба да се појави во наредните 4-5 години. Сеуште се во фаза на тестирање, затоа што биологија е комплицирана област. Треба да се помине преку многу тестови за да може да се пласира во јавност.



Еве слика од првиот глушец на којшто му е порасната коса што е огромен напредок против алопецијата.



Едноставно сме немале среќа да сме се родиле 10-15 години подоцна, затоа што ќе има многу поефикасни и поквалитетни третмани против опаѓање на коса, а според најавите и траен лек. Верувам до тогаш ќе има и лек против канцер, а и регенерирање на органите.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
44
Поени од реакции
2
Дечки кажете некое чаре за опаѓање на косата. Пред 30-тина минути се туширав и испаднаја околу 100-тина влакна (приближна бројка, ако е толку битна ова информација можам да поставам и фото), имам 16 години и овај проблем го имам веќе месец дена. Користам медицински шампон Nerilex но не гледам некои подобрувања, исто така имам користено вода од семе од коприви и пак не успева. Почнува овај проблем да ме загрижува... Ви благодарам однапред :)

абе ми паѓаат 30 40(нагаѓам) влакна дневно нормално ли е или ми паѓа косава , ќе оќелавам ? прв пат приметив пред 2 недели и од тогаш ми паѓа така, пред тоа дали не сум приметувал дека ми паѓале вака дневно или па не ми паѓале, дајте некое искуство, некој по искусен да ми каже шо е работава...
Другар ги читам твоиве мислења и гледам дека сме во скоро иста или можеби потполно иста ситоација. Дали сезонава ова се дешава кај повеќе луѓе или е некој наш посебен проблем очекувам да пише некој поискусен во темава. Пред приближно исто време и јас забележав како ми паѓа косата и сега сум опседнат како да ми се ретчи и е добивам формата M однапред :( Сваќам дека ѓенетски нема да имам многу коса али 16 години мислам е прерано, кај мојот татко ретчење на косата се јавило кон 28-мата година...
 
Член од
17 октомври 2013
Мислења
887
Поени од реакции
1.877
Ногу ми паѓа косата. Секој ден губам по сто влакна. :(
Сто влакна во 24 часа и не е нешто многу. Се плашам дека толку ми паѓаат на чешлање. А се чешлам 3-4 пати дневно. Ако ти е некоја утеха...:unsure:
 

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
Најнормална појава е губење на влакна при промена на сезонски времиња. Еве сега периодов и на мене почна да ми паѓа ептен . Би препорачала шампон Алпецин малку поскап е ама подолго време трае и има ефект.Погоре прочитав некој пишал од шекер дека паѓа, тоа нз ама знам дека кога бев бремена од натрен исто многу ми опадна.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Миј ја со свински сапун или со Алпецин :)
А и башка нормално е по 80-100 влакна да паднат на ден ;):)
Баче, свински сапун е ногу јак за косава.
И озбилно бе, нормално е по 100 влакна да паѓаат, од каде ти е информацијата?
 
Член од
31 октомври 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Dokolku na nekoj mu treba minoxidil 5% neka mi pise lp. Bratuced mi zamina za stranstvo, pa mu ostana 1 sise original minoxidil 5% i edno od dr. vais isto 5%.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom