Друже , ти ако си потплатен за да вршиш пропаганда за пропециа и за минокс твој проблем. Јас имам толку многу читано за ова, во се и сешто пошто 2 години се расправам со вакви работи. Така да без вреѓање те молам. ЈАС реков дека минокс и пропециа се тешки хемии, ЗОШТО 1. не треба да ги прекинуваш, 2. имаш МНОГУ тешки странични ефекти (не зборувам за миноксидил туку за пропециа коа зборувам за контра-ефекти) 3. Се на се, максимално терапијата треба да трае 5-6 години после нема ефекти, така да џабе е. 4. а колку пари џиткаш ни сам ни кажа у првата страница. Така да не ме критикувај мене, можеби ја не сум компетентен да зборувам многу за овие, али ја со претходниот пост сакав да прашам само за алпецин зошто прв пат чув за овој шампон на форумов.
Ако тебе ти помогнале пропециа и рогаин, без странични ефекти ти немаше да имаш потреба да правиш хоум мејд чаеви и да ја прекинеш пропециа. Ти текнува? А ако веќе ти вршат работа јас ти посакувам среќа и се најубаво .
Инаку, на НИРЕЛ активна состојка му е сулфур, шампонот СМРДИ, го користев 6-7 месеца немаше ефект, а коа го прекинав косата уште толку ми испопаѓа. Ја суши косата многу и го гори скалпот.
Каква пропаганда бе брат, јас ако бев платен за пропаганда на Рогаине на пример немаше да им кажувам на лугето дека има и Пилфуд миноксидил и ефтин Киркланд Миноксидил преку амазон да нарачаат ни ништо од ова. Како би ме платила мене компанијата што произведува Рогаине кога во Македонија неможе да се набави Рогаине а ниту пак Пропециа. Не е тоа мој проблем, и не сакам да се расправаме, ти кажав да не шириш мислења на шпекуланти, зашто ЈАС СТРАНИЧНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ПРОПЕЦИА ГИ ОБЈАВИВ ВО ОРИГИНАЛОТ, и нема потреба пак да се споменуваат поготово од тебе - ЧОВЕК ШТО НИКОГАШ НЕ НИ ГИ УПОТРЕБУВАЛ. Зашто кажуваш странични ефекти кои јас претходно сум ги набројал, а како прво не ти се појавиле тебе, туку некој ти кажал дека се појавувале.. Пробај нешто, види дали има ефект и странични ефекти, па напиши после, како што си сторил со тој Нирел шампон и никој нема да ти прибележи ништо, туку напротив ке ти бидеме благодарни. Инаку чајот го прекинав после 7 дена кога видов дека нема ефект, а го пробав за да заштедам сретства,но попусто Поздрав.
Причини за опаѓање на косата:
Кај повеќе од 20 % од луѓето, ваквиот проблем е од наследна природа. Доколку го имате тоа наследено нема што многу да сторите, освен да го забавите опаѓањето.
Друга причина може да биде и вашата психичка состојба. Во стресни ситуации не е чудно ако косата почне да паѓа. Во овој случај треба да поработите на себе, да се смирите и релаксирате. Ви препорачуваме да посетите часови по јога, медитација, фитнес и слично.
Доколку го имате загубено апетитот, не внесувате минерали и витамини, крвта почнува да слабее. Први знаци ,покрај вртоглавици, се и кршливост на ноктите и опаѓање на косата. Морате да ја збогатите исхраната со витамин Ц, биотин (џигер и квасец), белковини (ананас и моркови), а најмногу цинк (интегрални производи).
Цинкот помага во ширењето на колагенот со што се подобрува структурата на влакното. Антиоксидансите како рибизли, цреши, боровинки и зелен чај, ја зголемуваат хидратацијата. Аминокиселините од млечните производи ја градат протеинската структура на влакното.
Уште една причина за ваквиот проблем е умствената работа. Иако ретко ,сепак после голем интелектуален напор косата може да почне да паѓа, особено ако секојдневно сте изложени на мозочна работа. Тука нема потреба од грижа, се што ви треба е добар одмор и сон.
Жените кои редовно се фарбаат и користат останати хемиски препарати, со текот на времето косата им станува ретка. Фарбите и хидрогените освен што го горат и сушат влакното, влијаат на скалпот на главата и се причинител за уништување на колагенот кој го храни влакното.
Совети:
Користете благи шампони за миење на косата, од билки. Чајот од камилица и коприва многу ќе ви помогне. Значи сварете чај од камилица или коприва (прво од листовите после од коренот) процедете го откако ќе постои 10 минути, и исплакнете ја косата. Можете да изматите и две белки, нанесете ги на влажна коса и по неколку минути исплакнете.
Коренот е најдобро да го триете со масло од лаванда или орев помешано со една лажица глицерин. Многу помага и маслото од рицинус, го нанесувате само на коренот при секое миење на косата. Уште поубаво би било доколку оставите да делува додека спиете.
За тие што се фарбаат, мора да внимавате да користите фарби кои не содржат амонијак, а ако се соочувате со големо опаѓање подобро е да престанете со бојадисување.
Тврдата вода, боите, сушењето со фен, постепено, но сигурно го сушат влакното. Без разлика дали ќе решите да не се бојосувате или да намалите од нанесувањето на средствата за обликување, косата нема да го има изгледот што го посакувате.
еве ова го најдов на нет ако може да помогне за нешто
Најпрво благодарам за твојот опширен пост, но мора да ги исправам погрешните информации што се наведени во него.
Проблемот на опаѓање на косата од наследни причини е 95% кај мажите и 45% кај жените, што е 70% од светската популација.
Часови по јога,медитација,фитнес и слично ни во најмала мера нема да помогне доколку вашата ќелавост е од наследна природа.
Витамин Ц, и рибизли и цреши, џигер и квасец или апсолутно НЕМА да помогнат околу вашиот косопад доколку тој е предизвикан од наследна природа, иако се доста добри за здравјето.
Цинкот и витаминот Б5 можат во многу мала мера, речиси незабележително да помогнат при андрогенетската алопециа.
Триење на коренот со лаванда и орев НЕМА да помогне во вашата борба со андрогенетската ќелавост воопшто.
Никакви јајца и рицинус НЕ помагаат во спречувањето на ќелавоста предизвикана од наследна природа.
Тврдата вода, боите, сушењето со фен и фарбањето, точно е дека го сушат влакното и го прават кршливо и нездраво, но не придонесуваат за намалување на активните фоликули на главата, т.е. не придонесуваат за неповратно опаѓање на влакното.
Зошто ве демантирав во наведените третмани?
Затоа што повеќе од 70% од луѓето во светот патат од генетски предизвикана ќелавост(Androgenetic Baldness) и овие препарати што ги наброја ти можат да помогнат само при Tellogen Efluvium, Alopecia Areata, Difusse Thinning а овие болести зафаќаат помалку од 25% од светската популација која страда од косопад, па така да не треба да ги ставаме луѓето во заблуда и да ставаат се и сешто во нивното тело и на нивната глава, што апсолутно нема да им помогне.Секако, најбитно е да си одредат од каков тип на косопад страдаат, но најверојатно е тоа да е генетски предизвикано (повеќе од 70%)
Кој е изворот на генетски предизвиканата ќелавост?
Изворот на андрогенетската ќеавост лежи во Дихидротестостеронот(хормон кој се појавува и кај мажите и кај жените), кој се добива кога хормонот тестостерон кој исто така го имаат и мажите и жените ќе се спои со 5-алфа ензимот.
Вашите влакна имаат рецептори на дихидротестостерон кои се генетски програмирани во некоја фаза од вашиот живот да бидет чувствителни на вашиот хормонски статус и косопадот едноставно да започне.
Значи, Minoxidil е единствено признаено сретство во светот кое е ефикасно во против косопадот кога се аплицира директно на главата. Но тоа нема да го сопре вашиот косопад туку позитивно ќе делува во негово намалување и обновување на косата кое ќе биде привремено доколку не се третира проблемот во неговата основа.
Вистинскиот проблем, верувам дека претпоставивте, може да се реши единствено доколку се третира нивото на дихидротестостерон. Тоа може да се направи со употреба на лекови или билки. Единствен потврден лек кој делува против ДХТ е Propecia. Додека постојат и природни недокажани блокери на ДХТ како што се Saw Palmetto, Корени од коприва, зелен чај, бета-ситистерол и некои други, за кои само се претпоставува дека делуваат.
Верувај ми дека јас најмногу би сакал овие работи што ги наброја ти да делуваат па да немора да одвојувам голема сума пари од мојот џеб секој месец, но едноставно некогаш и грубата вистина е подобра од слепо залажување, а и ние Македонците (2-ра најќелава нација во европа) мора веќе еднаш да се едуцираме и да не трошиме време на бабини лекови и екимски иљачи, затоа што што побрзо се открие и вистински се третира, тоа поголеми шанси за успех.Сепак клонирањето на коса сега и не е толку далеку, па за некои 5 години сите ние би можеле да си откажеме од овие долгорочни третмани и многумина од нас би можеле да си ја повратат својата коса како во времето кога биле на возраст од 15 години.
Благодарам за вниманието.