Руски трупи во Сирија

  • Креатор на темата Black Guard
  • Време на започнување

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Друже сериозен ли си??????
Вакви прикаски дедо ми кажуваше, им требало 2 дена да избијат на Атлантик на Русите, а ЈНА била 3 на свет, или барем во Европа .(За ова има посебна тема, чудо е колку и денес некои искрено веруваат во вакви глупости.)

Реалноста е многу поинаква, Русите со месеци опсадуваа град како Грозни од 200 000 жители и во 1 и во 2 Чеченска војна. Цела Чеченија е нешто над 1 милион.

Е сега Русите ќе избиеле на Гиблартар пред овие и да се свестат. А не се ни Чеченци, високо техлолошки нации се. Можеби во некоја паралелна димензија.
Ни Кина и Индија никој не може да ги прегази на копно, таму е толку густо со население, ни Русија ни САД не можат такво нешто.

Гледајќи ја денешната западна младина( денегерерици и педери) , и кога ќе се споредат со чеченците кои беа/се исламски фанатици , кои во ниеден случај нема да се предадат, планински деца vs градски мрсулковци, што мислиш кој ќе пружи поголем отпор?

И што ако Кина и Индија се две милијарди население ? Јапонија од 60 милиони без ќори ресурси како ја прегазија 500 милионска Кина во WW2?

--- надополнето: 27 март 2012 во 00:01 ---
Русија е најголема држава во светот да, Русија е јака држава да, Русија е една од првите неколку светски сили да, меѓутоа дека Русија е помоќна од Европа, Америка, Кина... нема врска !
Русија освен нафта, природен гас и оружје не извезува и не произведува ништо друго !
Како што напиша Токатер погоре, да не им се нафтата и природниот гас ќе трпат за леб !
Б.Т.В. Русија од 150 милиони жители во ’91, падна на 142 милиони жители пред 1-2 година, сега е некаде 141 милион, а може и 140 милиони !
Етнички Руси се 78%, а останатите се претежно припадници на турските, угро-финските и кавкаските народи !
За религиите во Русија нема да тупам на темава, нема смисла да ја упропастуваме темава !
Од што е толку убаво и сјајно во Русија, половина од женскиот свет им замина по западна Европа во потрага по бољи живот !
Како може Русија да ја прегази/освои Европа, кога Европа има пола милијарда и повеќе жители, а Русија има околу 140 милиони жители, со тренд на намалување во иднина, бидејќи руската нација е стара нација, наталитетот им е веќе две децении во минус, а морталитетот им е огромен !
Руската армија е моќна, меѓутоа не може да се спореди со воената моќ на НАТО-пактот и да не им е нуклеарното оружје наследено од бившиот СССР ќе бидат на нивото од една Канада т.е. никој и ништо !
Што произведува Русија: автомобили ? освен Лада и Г.А.З. што друго ? Компјутери ? Кажете ми барем една марка на компјутери со потекло од Русија ? Мобилни ? Друга технологија ? Одговорите знам дека се негативни, освен извоз на нафта и природен гас и освен производство и извоз на оружје(претежно наменето за Сев.Кореја, Кина, Индија, некои Арапски земји, Иран, некои Африкански земји и некои Латино-Американски земји) друго ништо не произведува !
Така да смешна е компарацијата на Русија со Европа или пак со Америка, Кина и.т.н.
Знаеме дека Русија има малцинства кои се лојални на Кремељ. Имаше Чеченци и Дагестанци кои се бореа против Грузијците 2008ма.

А каков е наталитетот во Западна Европа? Расте? Гледам Италијаните имаат по 11 деца по фамилија. Во Русија падот на населението престана во 2009/2010 ако не се лажам.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Руската армија е моќна, меѓутоа не може да се спореди со воената моќ на НАТО-пактот и да не им е нуклеарното оружје наследено од бившиот СССР ќе бидат на нивото од една Канада т.е. никој и ништо !
Што произведува Русија: автомобили ? освен Лада и Г.А.З. што друго ? Компјутери ? Кажете ми барем една марка на компјутери со потекло од Русија ? Мобилни ? Друга технологија ? Одговорите знам дека се негативни, освен извоз на нафта и природен гас и освен производство и извоз на оружје(претежно наменето за Сев.Кореја, Кина, Индија, некои Арапски земји, Иран, некои Африкански земји и некои Латино-Американски земји) друго ништо не произведува !
Така да смешна е компарацијата на Русија со Европа или пак со Америка, Кина и.т.н.
Од 153 паднале на 136 милиони, но со напливот на раја од уште поотепаните централно азиски вукојебини и кинезите бројката дошла до 142,8 по некои извори.

Можеби е претерано да се спореди Русија со Канада.
Поразени биле и во Литванија и истерани оттаму.
http://en.wikipedia.org/wiki/January_Events_(Lithuania)

С 2002 года, когда была проведена предыдуштаја перепись населенија, оно сократилось с 145,2 миллионов человек до 143 миллионов человек в 2010 году. Согласно официальным данным, на 1 ијунја 2011 года в России проживало 142,8 миллиона человек.
http://svpressa.ru/society/article/46788/

Взглјанем правде в лицо Россија умирает

http://www.proza.ru/2009/12/06/1257
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
25
Поени од реакции
27
Поздрав до сите на форумов

Интересни се постовиве па би сакал да додадам нешто во врска со Русија.

Во врска со руски глобални брендови еве ке наведам неколку:

  • Kaspersky Corporation – Најробустен и најчесто користен софтвер за заштита од вируси. Нема корпорација која го нема инсталирано.
  • Abbyy Corporation – Најдобар софвер за оптичко препознавање, лексика и превод во светот. На скала од 1 до 10, Abbyy е 15 J
  • Progress – вселенскиов брод кој е моментално единствен кој лета до МВС
  • Бајконур – Најголем и најчесто користен вселенски центар (за комерцијални летови конкуренција му е единствено Куру во Француска Гвајана)
  • ТСАГИ – Централен аерохидродинамичен институт со најголем број на воздушни тунели во светот, каде и од Боинг и Аирбус доаѓаат на проверка на своите дизајни.
  • Воената индустрија која полека се враќа каде и е местото во светски рамки.
  • Еден куп компании и институти кои развиваат основни технологии кои се вградуваат или употребуваат во други системи низ светот како на пример Large Hadron Collider, кој не можеше да биде направен без Русија.
  • Има голем број на компании кои се светски ама не се премногу познати дека се Руски.

Поединци плукаат по Русија (без навреди ама досаден си со канибализмов веќе, провери малце и на запад што се случува, и каде има најголем број на затвореници и дегенерици), без да запознале некој рус или русинка, или било кој друг народ од Советскиот Сојуз. Било Руси, Украиници или Белоруси, а и сите други народи од СССР имаат далеку поквалитетно образование и општа култура, неголи западњациве или пак азијативе. Тоа се гледа на секој чекор. И јас мислев дека Казахстанциве се ко Борат, ама сум грешел J

Живеам во Дубаи, и можам да ви кажам дека најголем број на туристи во Дубаи се од Русија. Практично секој ресторан има мени и на руски јазик. Врвни нуклеарни физичари од Русија работаат на проектот на изградба на прва нуклеарна централа во Абу Даби. Руси се најголеми купувачи на станови во Дубаи, а и се најголеми клиенти на Златарскиве шопиинг центри овде. Исто така се врвни во секоја друга област на дејност.

Во врска со Сирија би сакал да дадам неколку факти:

Династијата на власт во сирија е од Алавитска секта, и не се сметаат себе си за муслимани. Инаку тие се интелектуална елита на сирија,. Уредувањето на Сирија е социјалистичко, и многу работи се бесплатни како во СФРЈ. Запад има интерес да ја дестабилизира Сирија и да доведе на власт радикалци, кои се лесни за контрола, како што гледаме низ блискиов исток.

Имам полно другари Сиријци и многу се слични на нас, посебно христијаните.

Во врска со Чеченската војна треба да се знае дека војната беше во поголем дел помеѓу Про Руски Чеченци (Кавказка армијска област) и Вахабити Чеченци.

Чеченија е домашна територија на Русија, нормално дека нема да спржат со земја како Ирак на пример. Видете како изгледа денес Грозни.

Поздрав до сите и извинете на разноликоста и должинава на постов.

П.С. Руски војници има и во Емиративе, не знам во која улога ама сум ги видел повеќе пати
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Нема да не зборуваме за воена технологија само за да се прикрие вашето непознавање и лаги.

Нафтата се дели на докажани резерви кои се возможни и исплатливи за екстракција и шпекулации и фантазии.
Само првата категорија носи пари а од таа Русија има околу 75 милијарди барели докажани резерви. Со денешното ниво на екстракција од 10,5 милиони барели на ден тоа значи точно 20 години резерви.

Канибализмот е само начин да се задоволи гладот во Русија. Руски извори носат вести за канибализмот кој е секојдневие во Русија.
Бројот на наркомани и алкохоличари е рекорден во Европа а и бо број на убиства беа први. Наталитетот слабо им оди. Од таму се бега а се населуваат муслимани од централна азија и кинези.
Абе те лажат медиумите, немој не им верувај...

Ај да ја видиме реалната слика;

Наталитетот во Русија:

После распадот на СССР, Русија почна нагло да губи население, но ситуацијата во последните години е друга. Природниот прираст полека се зголемува, има се повеќе раѓања:

http://en.wikipedia.org/wiki/Demographics_of_Russia

Еве ти податоци од јануари 2011 и јануари 2012:

http://en.wikipedia.org/wiki/Demographics_of_Russia#Natural_increase_current

Зголемување на раѓањата за 11 000 во Јануари споредено со истиот месец лани. 132000 во Јануари 2011, 143000 новородени во Јануари 2012.

Со вака добра демографска политика и со исто така добар економски раст, бројот на Руси само ќе се зголемува за да, за брзо време се надомести губитокот на население после распадот на СССР.

Образование... Русија има неспоредливо повеќе дипломци отколку која било друга Европска држава. Тоа е знак само за едно... напредок на државата.

Што се однесува до економијата.... на Русија многу позначаен и е природниот гас како ресурс со кој добива големо влијание, отколку нафтата.
Бидејќи и цените на природниот гас растат покрај нафтата, а гасот се бара се повеќе како замена на нафтата, растот и моќта на Руската економија е обезбеден. Сибир, заедно со Кавказот ги поседуваат најголемите резерви на природен гас.

Но, нафтата и гасот веќе губат на важност во Русија. Информатичката технологија која секоја година има раст од 30-40% полека завзема значајно место во Руската економија.

Телекомуникациите, нано-технологијата, електрониката, роботиката исто така се во голем подем, покрај авио, авто и вселенската индустрија.

Некои големи проекти, како изградбата на вештачки туристички острови во Сочи, мини-градови во Сибир, пловечките нуклеарни централи, огромни мостови на далечниот исток се само показател во која насока се движи Русија.

Ако тука се земат и плановите за армијата во иднина, веќе се е јасно.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Русија е најголема држава во светот да, Русија е јака држава да, Русија е една од првите неколку светски сили да, меѓутоа дека Русија е помоќна од Европа, Америка, Кина... нема врска! Русија освен нафта, природен гас и оружје не извезува и не произведува ништо друго !
Самата констатација дека освен нафта, природен гас и оружје треба да значи минорна економија? Се слушаш ли што збориш?

Како што напиша Токатер погоре, да не им се нафтата и природниот гас ќе трпат за леб !
Објасни ми како ќе трпи за леб земја која има најмногу плодно земјиште по глава на жител? Има дупло повеќе шума од Бразил, дијаманти колку Африка, Ураниум 3 пати повеќе од цел свет заедно. Уствари еве ја моменталната економија занимавај се и читај: http://en.wikipedia.org/wiki/Economy_of_Russia

Б.Т.В. Русија од 150 милиони жители во ’91, падна на 142 милиони жители пред 1-2 година, сега е некаде 141 милион, а може и 140 милиони ! Етнички Руси се 78%, а останатите се претежно припадници на турските, угро-финските и кавкаските народи !
Добро, а каква е ситуацијата во Европа? Белата чума не се чувствува во Европа од причина што се населуваат Турци, Арапи, Индијци, Кинези и така натака.

За религиите во Русија нема да тупам на темава, нема смисла да ја упропастуваме темава ! Од што е толку убаво и сјајно во Русија, половина од женскиот свет им замина по западна Европа во потрага по бољи живот !
Баш би била интересна споредбата. На времето голем процент од проститутките во Европа беа од Русија. Но, откако Бугарија и Романија влегоа во ЕУ и во НАТО, Романките и Бугарките им го земаа лебот на Русинките. Значи откако е Путин на власт, проститутките од Русија низ Европските земји се намалуваат драстично, а нив ги менуваат проситутки од ЕУ и НАТО земјите Бугарија и Романија. Имаш во една погорна тема за проституцијата на Бугарките линкови со детални бројки.

Како може Русија да ја прегази/освои Европа, кога Европа има пола милијарда и повеќе жители, а Русија има околу 140 милиони жители, со тренд на намалување во иднина, бидејќи руската нација е стара нација, наталитетот им е веќе две децении во минус, а морталитетот им е огромен ! Руската армија е моќна, меѓутоа не може да се спореди со воената моќ на НАТО-пактот и да не им е нуклеарното оружје наследено од бившиот СССР ќе бидат на нивото од една Канада т.е. никој и ништо !
Кога Европа последен пат водела војна? Не да биде учесник со смешен број, туку да испланира и да води војна? И што има врска бројката? Ако се гледа бројката тогаш Кина и Индија се најјаки у свет. Тоа што ја споредуваш Русија со Канада, те прави далеку несериозен и се гледа дека збориш за инает. Не дека твоето зборење ќе го напраи ова вистина, туку пак ќе остане само лупање зелени, ама ај нека ти биде...

Што произведува Русија: автомобили ? освен Лада и Г.А.З. што друго ? Компјутери ? Кажете ми барем една марка на компјутери со потекло од Русија ? Мобилни ? Друга технологија ? Одговорите знам дека се негативни, освен извоз на нафта и природен гас и освен производство и извоз на оружје(претежно наменето за Сев.Кореја, Кина, Индија, некои Арапски земји, Иран, некои Африкански земји и некои Латино-Американски земји) друго ништо не произведува ! Така да смешна е компарацијата на Русија со Европа или пак со Америка, Кина и.т.н.
Не е дека тебе ќе ти промени нешто во животот, пошто капацитетот на резимирање на работите си го покажа и во овој пост. За среќа не си единствен што чита овдека. Но заради тие што сакаат да научат нешто повеќе и за да го направам твоето тролање полезно, еве уште еднаш линкот во кој така површно се надзира потенцијалот на Русија.
http://en.wikipedia.or/wiki/Economy_of_Russia
--- надополнето: 27 март 2012 во 02:21 ---
Зарем јас неписмен? :place:
Whyyyyyyyyyyyyyyyyyyy :place:

Нема да не зборуваме за воена технологија само за да се прикрие вашето непознавање и лаги. Ајде да си помуабетиме...
Вие се изјаснивте дека Израел требало да благодари на Русија за својата воена технологија. Откако беше побарано да го образложите, читаме небулози. Израел има соработувано со САД,Франција,Ј.Африка.
На што треба да им благодари, алооо anybody hooome....на Кфир, на Лави, Нешер, Меркава, Габриел, атомската програма (која ја развија заедно со Ј.Африка) , Барак, Џерико, Луц, Сабра, Нимрод....
Освен тоа, што Израелските научници се обучувани во Руските универзитети, треба ли некоја друга причина да и заблагодари.
Дали некогаш си сретнал Евреин во животот? Во Израел, буквално 80% од населението потекнува од Русија, почнувајќи од првите иселеници, до сегашните. Јас познавам само 2 евреи во Израел кои немаат потекло од Русија(а познавам многу). Едната има потекло од Битола, а другиот од Канада.
Иначе се користиш со доста стара литература, нуклеарната програма е нешто што се дешавало на крајот на 60тите години. Денеска е доста поинаку. Врските со Русија се многу изразени. Како што кажав Рускиот јазик се слуша насекаде во Израел. Има весници и телевизии на Руски јазик, и така натака.

Наведи една технологија, едно оружје кое го развиле благодарејќи на русија. Гугл ис јор френд.
Израел е свртен кон Израел.
Израел е свртен кон Израел, тоа е точно, беше свртен кон СССР до педесет и некоја после се сврте кон УСА. Израел ја бира победничката страна и сега ја одбира Русија. Како што кажав, 100.000 евреи со постдипломски студии се преселени од Русија во Израел, Руските универзитети се причина што Израел во моментов од земја, до пред 20 години длабоко зависна од западна воена технологија, стана држава со сопствена воена технологоија, која е една од најнапредните во свет.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_proven_oil_reserves

Нафтата се дели на докажани резерви кои се возможни и исплатливи за екстракција и шпекулации и фантазии.
Само првата категорија носи пари а од таа Русија има околу 75 милијарди барели докажани резерви. Со денешното ниво на екстракција од 10,5 милиони барели на ден тоа значи точно 20 години резерви.
BTW, колку резерва има САД. Како резервен енергенс, колку има САД резерва природен гас, а колку има Русија?
Овој линк не кажува ништо друго, туку дека кога ќе снема Русија и нејзините сојузници нафта, ќе снема и САД и нејзините сојузници. Додека плин сеуште ќе има Русија, речиси во неограничени количини.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Поздрав до сите на форумов

Интересни се постовиве па би сакал да додадам нешто во врска со Русија.

Во врска со руски глобални брендови еве ке наведам неколку:

  • Kaspersky Corporation – Најробустен и најчесто користен софтвер за заштита од вируси. Нема корпорација која го нема инсталирано.
  • Abbyy Corporation – Најдобар софвер за оптичко препознавање, лексика и превод во светот. На скала од 1 до 10, Abbyy е 15 J
  • Progress – вселенскиов брод кој е моментално единствен кој лета до МВС
  • Бајконур – Најголем и најчесто користен вселенски центар (за комерцијални летови конкуренција му е единствено Куру во Француска Гвајана)
  • ТСАГИ – Централен аерохидродинамичен институт со најголем број на воздушни тунели во светот, каде и од Боинг и Аирбус доаѓаат на проверка на своите дизајни.
  • Воената индустрија која полека се враќа каде и е местото во светски рамки.
  • Еден куп компании и институти кои развиваат основни технологии кои се вградуваат или употребуваат во други системи низ светот како на пример Large Hadron Collider, кој не можеше да биде направен без Русија.
  • Има голем број на компании кои се светски ама не се премногу познати дека се Руски.
Поединци плукаат по Русија (без навреди ама досаден си со канибализмов веќе, провери малце и на запад што се случува, и каде има најголем број на затвореници и дегенерици), без да запознале некој рус или русинка, или било кој друг народ од Советскиот Сојуз. Било Руси, Украиници или Белоруси, а и сите други народи од СССР имаат далеку поквалитетно образование и општа култура, неголи западњациве или пак азијативе. Тоа се гледа на секој чекор. И јас мислев дека Казахстанциве се ко Борат, ама сум грешел J

Живеам во Дубаи, и можам да ви кажам дека најголем број на туристи во Дубаи се од Русија. Практично секој ресторан има мени и на руски јазик. Врвни нуклеарни физичари од Русија работаат на проектот на изградба на прва нуклеарна централа во Абу Даби. Руси се најголеми купувачи на станови во Дубаи, а и се најголеми клиенти на Златарскиве шопиинг центри овде. Исто така се врвни во секоја друга област на дејност.

Во врска со Сирија би сакал да дадам неколку факти:

Династијата на власт во сирија е од Алавитска секта, и не се сметаат себе си за муслимани. Инаку тие се интелектуална елита на сирија,. Уредувањето на Сирија е социјалистичко, и многу работи се бесплатни како во СФРЈ. Запад има интерес да ја дестабилизира Сирија и да доведе на власт радикалци, кои се лесни за контрола, како што гледаме низ блискиов исток.

Имам полно другари Сиријци и многу се слични на нас, посебно христијаните.

Во врска со Чеченската војна треба да се знае дека војната беше во поголем дел помеѓу Про Руски Чеченци (Кавказка армијска област) и Вахабити Чеченци.

Чеченија е домашна територија на Русија, нормално дека нема да спржат со земја како Ирак на пример. Видете како изгледа денес Грозни.

Поздрав до сите и извинете на разноликоста и должинава на постов.

П.С. Руски војници има и во Емиративе, не знам во која улога ама сум ги видел повеќе пати

А како тоа Русија ќе спречи евентуална интервенција во Сирија?!

Не е тоа плукање по русите, тоа е загриженост поради изблиците на русофобија кои ги читам на темава.
Канибализмот можеби ти е досаден ако се движиш и контактираш со руси, онака passe, секојдневие, но кај нас таа појава сеуште е несекојдневна и предизвикува сожалување. Треба да се има разбирање, се снаоѓаат како знаат и умеат, ете некои купуваат злато и станови по Дубаи, други колат, дерат, сечат на делови, печат и јадат луѓе за да се прехранат...

В Самарској области приговорен к 14 годам и 3 месјацам лишенија свободы в колонии строгого режима Сергеј Гаврилов, которыј убил и с'ел собственнују мать.
:facepalm:http://news.rambler.ru/4279227/

Тсаги е бренд?! Тоа е институт основан во времето на Ленин, не е нешто денешно а слични институти има во сите развиени земји. Каков се тие брендови за кој нема чуено никој? Можеш да направиш анкета, прашај 10...ма какви 10, еве 1000 луѓе, рандом, кој слушнал за Тсаги. А после прашај за Хјундаи....

Да не те чуди што има руси во Дубаи. Ги имало и по азурен брег, Лондон, тајланд...секаде тоа е знак дека олигархијата се припрема за евакуација.

И така викаш имало војна меѓу про-руски и не-про-руски чеченци...

Абе те лажат медиумите, немој не им верувај...

Ај да ја видиме реалната слика;

Наталитетот во Русија:

После распадот на СССР, Русија почна нагло да губи население, но ситуацијата во последните години е друга. Природниот прираст полека се зголемува, има се повеќе раѓања:

http://en.wikipedia.org/wiki/Demographics_of_Russia

Еве ти податоци од јануари 2011 и јануари 2012:

http://en.wikipedia.org/wiki/Demographics_of_Russia#Natural_increase_current

Зголемување на раѓањата за 11 000 во Јануари споредено со истиот месец лани. 132000 во Јануари 2011, 143000 новородени во Јануари 2012.

Со вака добра демографска политика и со исто така добар економски раст, бројот на Руси само ќе се зголемува за да, за брзо време се надомести губитокот на население после распадот на СССР.

Образование... Русија има неспоредливо повеќе дипломци отколку која било друга Европска држава. Тоа е знак само за едно... напредок на државата.

Што се однесува до економијата.... на Русија многу позначаен и е природниот гас како ресурс со кој добива големо влијание, отколку нафтата.
Бидејќи и цените на природниот гас растат покрај нафтата, а гасот се бара се повеќе како замена на нафтата, растот и моќта на Руската економија е обезбеден. Сибир, заедно со Кавказот ги поседуваат најголемите резерви на природен гас.

Но, нафтата и гасот веќе губат на важност во Русија. Информатичката технологија која секоја година има раст од 30-40% полека завзема значајно место во Руската економија.

Телекомуникациите, нано-технологијата, електрониката, роботиката исто така се во голем подем, покрај авио, авто и вселенската индустрија.

Некои големи проекти, како изградбата на вештачки туристички острови во Сочи, мини-градови во Сибир, пловечките нуклеарни централи, огромни мостови на далечниот исток се само показател во која насока се движи Русија.

Ако тука се земат и плановите за армијата во иднина, веќе се е јасно.

Те лажат пензионерите.

Графиконот покажува загрижувачка слика. Смртноста постојано се наголемува од шеесетите, а фертилитетот иако незначително покачен е далеку од потребите за достигнување на нивото од пред распадот. За тоа ќе им треба децении и векови, барем според графиконот. Тоа ти е исто како да си заработувал некогаш да речеме 500 евра, си западнал во тешка криза и си паднал на 50 евра, но во последно време имаш благ пораст и си стигнал до 80 евра...
А структурата на населението кое има пораст? Муслиманите се во рекореден број во руската историја жители и имаат висок наталитет.
Кај русите пак по старо...

http://www.km.ru/v-rossii/2011/09/27/sotsialnye-problemy-v-rossii/alkogolizm-i-narkomaniya-problema-strany-1
http://www.pravda.ru/society/family/pbringing/06-02-2012/1106888-suicid-0/

Наркоманијата руши рекорди, алкохолизмот е стандард, хив/сида, самоубиства, убиства, бездомници, напуштени деца...се е тоа во драматичен пораст. Дури се лидери во светот по самоубиства на деца !
Дипломите не значат премногу. и РМ за некоја година ќе биде рекордер по глава на жител ако се земе предвид дека 96% од средношколци се запишуваат на факс. Не е тоа некоја причина за радост.
--- надополнето: 27 март 2012 во 03:26 ---
Самата констатација дека освен нафта, природен гас и оружје треба да значи минорна економија? Се слушаш ли што збориш?

Објасни ми како ќе трпи за леб земја која има најмногу плодно земјиште по глава на жител? Има дупло повеќе шума од Бразил, дијаманти колку Африка, Ураниум 3 пати повеќе од цел свет заедно. Уствари еве ја моменталната економија занимавај се и читај: http://en.wikipedia.org/wiki/Economy_of_Russia

Добро, а каква е ситуацијата во Европа? Белата чума не се чувствува во Европа од причина што се населуваат Турци, Арапи, Индијци, Кинези и така натака.

Баш би била интересна споредбата. На времето голем процент од проститутките во Европа беа од Русија. Но, откако Бугарија и Романија влегоа во ЕУ и во НАТО, Романките и Бугарките им го земаа лебот на Русинките. Значи откако е Путин на власт, проститутките од Русија низ Европските земји се намалуваат драстично, а нив ги менуваат проситутки од ЕУ и НАТО земјите Бугарија и Романија. Имаш во една погорна тема за проституцијата на Бугарките линкови со детални бројки.

Кога Европа последен пат водела војна? Не да биде учесник со смешен број, туку да испланира и да води војна? И што има врска бројката? Ако се гледа бројката тогаш Кина и Индија се најјаки у свет. Тоа што ја споредуваш Русија со Канада, те прави далеку несериозен и се гледа дека збориш за инает. Не дека твоето зборење ќе го напраи ова вистина, туку пак ќе остане само лупање зелени, ама ај нека ти биде...

Не е дека тебе ќе ти промени нешто во животот, пошто капацитетот на резимирање на работите си го покажа и во овој пост. За среќа не си единствен што чита овдека. Но заради тие што сакаат да научат нешто повеќе и за да го направам твоето тролање полезно, еве уште еднаш линкот во кој така површно се надзира потенцијалот на Русија.
http://en.wikipedia.or/wiki/Economy_of_Russia
--- надополнето: 27 март 2012 во 02:21 ---

Освен тоа, што Израелските научници се обучувани во Руските универзитети, треба ли некоја друга причина да и заблагодари.
Дали некогаш си сретнал Евреин во животот? Во Израел, буквално 80% од населението потекнува од Русија, почнувајќи од првите иселеници, до сегашните. Јас познавам само 2 евреи во Израел кои немаат потекло од Русија(а познавам многу). Едната има потекло од Битола, а другиот од Канада.
Иначе се користиш со доста стара литература, нуклеарната програма е нешто што се дешавало на крајот на 60тите години. Денеска е доста поинаку. Врските со Русија се многу изразени. Како што кажав Рускиот јазик се слуша насекаде во Израел. Има весници и телевизии на Руски јазик, и така натака.

Израел е свртен кон Израел, тоа е точно, беше свртен кон СССР до педесет и некоја после се сврте кон УСА. Израел ја бира победничката страна и сега ја одбира Русија. Како што кажав, 100.000 евреи со постдипломски студии се преселени од Русија во Израел, Руските универзитети се причина што Израел во моментов од земја, до пред 20 години длабоко зависна од западна воена технологија, стана држава со сопствена воена технологоија, која е една од најнапредните во свет.

BTW, колку резерва има САД. Како резервен енергенс, колку има САД резерва природен гас, а колку има Русија?
Овој линк не кажува ништо друго, туку дека кога ќе снема Русија и нејзините сојузници нафта, ќе снема и САД и нејзините сојузници. Додека плин сеуште ќе има Русија, речиси во неограничени количини.
Нема никакво вртење на Израел кон Русија.
Израелската воена технологија се базирала и се базира на западни системи и нивен развој и модификување. Француски и американски авиони, авионски мотори, радари, тенкови...приспособени за нивни специфични потреби иако и извозот им е се поголем.
За тие евреи кои се иселувале во Израел од СССР било дебело плаќано во валута. Инаку прашај русин што е разлика меѓу рубља и валута.
Ако било добро и тогаш и сега немало да бегаат во Израел. И во Лондон имаш весници на Полски но тоа не е знак дека Британија се врти накај Висла.

Не е толку до конкуренцијата од Бугарија и Романија колку што е до намалувањето на бројот на руските протитутки поради хив,сида и остали болештини,дрога,убиства,протерување назад....
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.118
Поени од реакции
9.520
И што бидна? Има ли Руски трупи во Сирија или не?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Те лажат пензионерите.

Графиконот покажува загрижувачка слика. Смртноста постојано се наголемува од шеесетите, а фертилитетот иако незначително покачен е далеку од потребите за достигнување на нивото од пред распадот. За тоа ќе им треба децении и векови, барем според графиконот. Тоа ти е исто како да си заработувал некогаш да речеме 500 евра, си западнал во тешка криза и си паднал на 50 евра, но во последно време имаш благ пораст и си стигнал до 80 евра...
А структурата на населението кое има пораст? Муслиманите се во рекореден број во руската историја жители и имаат висок наталитет.
Кај русите пак по старо...

http://www.km.ru/v-rossii/2011/09/27/sotsialnye-problemy-v-rossii/alkogolizm-i-narkomaniya-problema-strany-1
http://www.pravda.ru/society/family/pbringing/06-02-2012/1106888-suicid-0/

Наркоманијата руши рекорди, алкохолизмот е стандард, хив/сида, самоубиства, убиства, бездомници, напуштени деца...се е тоа во драматичен пораст. Дури се лидери во светот по самоубиства на деца !
Дипломите не значат премногу. и РМ за некоја година ќе биде рекордер по глава на жител ако се земе предвид дека 96% од средношколци се запишуваат на факс. Не е тоа некоја причина за радост.
Графиконот покажува дека смртноста во последните години се намалува, а раѓањето постојано се зголемува со што се зголемува и наталитетот во земјата.
Муслимани, христијани... каква врска има тоа кога сите се Руси? Религиите и онака не се битни, а уште помалку ќе бидат во иднина.
Ќе требаат неколку децении за да се поврати она население што е изгубено, но битното е дека населението расти.

Социјалните проблеми се решаваат за брзо време и ги има секаде.

Дипломите и тоа како значат. Кај нас можеби не, но во Русија и тоа како важат. Впрочем можеш да видиш погоре од постот, само информатичката технологија има раст од 40% секоја година. Ти викаш не важат, реалната ситуација е сосем поинаква...
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Русија е јака земја, тука нема дилема !
Русија може да ја победи било која земја членка на НАТО-пактот(Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија,Турција и.т.н.), но само под услов борба еден на еден, но Русија сама да се бори против целиот НАТО-пакт е тоа е мишн-импасибл !
Америка и Кина се посилни од Русија, дури и при борба еден на еден, но сепак Русија реално гледано е трета во светот(воено), додека пак економски незнам дали е и меѓу првите 10 најголеми економски сили во светот !
Инаку да Русија може да ја освои(читајте згази)цела Европа, но прво треба да фрли неколку боеви глави врз некои локации(UK/D/FR...) и решен проблем ! :D
Немам ништо лично против Русија, но поентата ми е дека Русија во последниве 2 децении води некако крајно дефанзивна политика, за разлика од западот кој води експанзионистичка и офанзивна политика !
Русија во последниве 20 год. единствено се занимава самата со себе и по нешто со Украина, Белорусија, Грузија т.е. на Кавказ, централна Азија и толку, воопшто не се занимава со Балканот на пр. ниту пак со некои други региони во светот, додека пак западните сили се мешаат глобално насекаде !
 
Бројот на офанзивни оружја што Русија ги поседува е неспоредливо поголем од офанзивните оружја што ги поседуваат земјите членки на ЕУ.
Бомбардерите, ракетите со краток дострел, артилеријата со долг дострел, крстосувачките проектили итн, се само дел од она што во евентуален судир би ја поразило Европа. Без употреба на оружја за масовно уништување.
Дали Америка е посилна од Русија... глобално можеби да, но во воен судир, не. Ниту Русија е во состојба да ја победи Америка, ниту обратно.
Кина воено е далеку послаба од Русија. Плус е зависна од Руска воена технологија.
Патем, Руската територија е невозможно да се освои или навлезе.

Русија глобално е замешана каде што има интереси... Венецуела, Нигерија, Либија и сл.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Русија оваа година извезе жито околу 20 милиони тони што ја стави меѓу трите најголеми извозници во светот.
Русија има суфицит во трговската размена со Македонија и со сите балкански земји.
Русија го има Бољшој Театар како културен производ.
Русија ги има најдобрите конзерваториуми за школување на музичката уметност.
Ако имам дете и тоа дете е талентирано за спорт секако дека би сакал да учи од тренерите кои ја создале Иснибаева Савинова Зајцева Плушенко Бутирскаја Попов Садовни Кузнњецова Дементијева Кафелников ..................................и стотиците други олимписки шампиони,русите во фудбал гледаат дерби помеѓу Занит Спартак ЦСКА,кошарка ракомет.
Русија ги има книгите како производ кој е многу купуван,од Пушкин па се до последната генерација руски писатели.
Русија ја има Лада Нива,Камаз,Тупољев го има најголемиот транспортен хеликоптер во светот.заедно со Украинците го произведуваат Антонов кој е нејголем транспортен авион во светот.
Оваа година Русија извезе вооружување во износ од околу 12 милијарди долари што ја смести на второто место на листата на извозници.
Русија ја има клиниката Фјодоров,знаат сите што значи таа во својата област.
Русија го има Ермитаж и Петроград,двете чудесни нешта.
Русија ја има трансибирската железница најубавата и најдолгата железница на светот.
Русија го има најубавиот кавијар на светот.
Русија,тоа е никогаш недовршена книга за убавината, љубовта,песната,и пред се руската душа.
 
Е да си ми жив и здрав! Ме спаси од куцање :) Ова планирав да го постирам сега

Уште нешто. ТСАГИ е бренд по своето влијаие и фундаментални технологии во авио истразжувањата. УСА ги користеше услугите на ТСАГИ дури и за време на ладната војна, кога беа "Душмани" со СССР. Не е бренд ко кока кола, него е интелектуален и технолошки бренд. Во врска со Хјудаи како бренд, што мислиш чија технологија купи Јужна Кореа за својот нов ПВО систем која "сама го развива"? С-400 друже. Па сега ти види.

Позз
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Гледајќи ја денешната западна младина( денегерерици и педери) , и кога ќе се споредат со чеченците кои беа/се исламски фанатици , кои во ниеден случај нема да се предадат, планински деца vs градски мрсулковци, што мислиш кој ќе пружи поголем отпор?
Висококвалификувана работна сила имаат, тоа беше поентата, во услови на војна тоа е убиствена воена машинерија, индустријата се трансформира во воена. Војната е скапа работа значи треба економски ресурси. Што мислиш зошто скоро редовно богатите војуваат на теренот на посиромашните? Подобро од некои овчари, или што и да се таму некои Чеченци или други неписмени од 3 свет, колку и да се фанатици, овие другиве се и поорганизирани, во војска владее посебна психолгија беспоговорно извршување на наредбите, особено во воена состојба ако земјата е нападната, одбиеш наредба ти си проблемот, може да ти се деси нешто многу гадно.
--- надополнето: 28 март 2012 во 01:21 ---
И што ако Кина и Индија се две милијарди население ? Јапонија од 60 милиони без ќори ресурси како ја прегазија 500 милионска Кина во WW2?
Не стигнаа многу далеку Јапонците во Кина, нешто слично како и Германците во СССР.
На почетокот изгледа многу лесно и навистина се почнува како воена прошетка, но колку се навлегува подлабоко трошоците растат, логистиката има проблеми и во еден момент воената машинерија не може да продолжи затоа што трошоците стануваат неиздржливи, војската уморна а снабдувањето нередовно и она што на почетокот изгледало лесно станува кошмар.
--- надополнето: 28 март 2012 во 01:24 ---
Бројот на офанзивни оружја што Русија ги поседува е неспоредливо поголем од офанзивните оружја што ги поседуваат земјите членки на ЕУ.
Бомбардерите, ракетите со краток дострел, артилеријата со долг дострел, крстосувачките проектили итн, се само дел од она што во евентуален судир би ја поразило Европа. Без употреба на оружја за масовно уништување.
Дали Америка е посилна од Русија... глобално можеби да, но во воен судир, не. Ниту Русија е во состојба да ја победи Америка, ниту обратно.
Кина воено е далеку послаба од Русија. Плус е зависна од Руска воена технологија.
Патем, Руската територија е невозможно да се освои или навлезе.

Русија глобално е замешана каде што има интереси... Венецуела, Нигерија, Либија и сл.
Такви споредби спрема број на оружја, за некои други времиња. Имале повеќе тенкови значи појаки се...
Во војните на балканот Хрватска 1991 немаше ништо, ни авиони ни тенкови, само лесно оружје. Низ Белград поминале илјадници тенкови, борбени возила итн. на пат за Хрватска најавувајќи дека за 2 дена се во Загреб, за 3 во Љубљана, но стигнаа само до Вуковар каде се формира линија на фронтот кој со мали поместувања се задржа до крајот на војната.
 
Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Висококвалификувана работна сила имаат, тоа беше поентата, во услови на војна тоа е убиствена воена машинерија, индустријата се трансформира во воена. Војната е скапа работа значи треба економски ресурси. Што мислиш зошто скоро редовно богатите војуваат на теренот на посиромашните? Подобро од некои овчари, или што и да се таму некои Чеченци или други неписмени од 3 свет, колку и да се фанатици, овие другиве се и поорганизирани, во војска владее посебна психолгија беспоговорно извршување на наредбите, особено во воена состојба ако земјата е нападната, одбиеш наредба ти си проблемот, може да ти се деси нешто многу гадно.
--- надополнето: 28 март 2012 во 01:21 ---

Не стигнаа многу далеку Јапонците во Кина, нешто слично како и Германците во СССР.
На почетокот изгледа многу лесно и навистина се почнува како воена прошетка, но колку се навлегува подлабоко трошоците растат, логистиката има проблеми и во еден момент воената машинерија не може да продолжи затоа што трошоците стануваат неиздржливи, војската уморна а снабдувањето нередовно и она што на почетокот изгледало лесно станува кошмар.

Ќе нападнат во зима, ќе им прекинат газ, ќе измрзнат уште пред русите да стигнат. Џабе ти е индустрија ако како што реков имаш градски мрсулковски да ти ја бранат земјата кои при прва гледка на крв се онесвестуваат.

Не стигнале далеку во Кина? Цела обала и сите важни градови им ги држеа 5-6 години се додека не се предадоа 2ри Август 45та. Споредбата е повеќе како Германска окупација на Франција.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ќе нападнат во зима, ќе им прекинат газ, ќе измрзнат уште пред русите да стигнат. Џабе ти е индустрија ако како што реков имаш градски мрсулковски да ти ја бранат земјата кои при прва гледка на крв се онесвестуваат.

Не стигнале далеку во Кина? Цела обала и сите важни градови им ги држеа 5-6 години се додека не се предадоа 2ри Август 45та. Споредбата е повеќе како Германска окупација на Франција.
Рускиот гас за ЕУ е нешто над 30% од вкупното снабдување со гас, учеството со нафта е уште помало, значи далеку од пресудно. И гасот има алтернативи, еколшки понеприфатливи но ги има. Сега провери колку е нафтата и гасот во извозот на Русија, од што би живееле Русиве да не се парите од запад за нафтата и гасот?
Да градовите на брегот не им беше проблем да ги освојат. Колку одеа подлабоко им беше се потешко.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom