Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Ти зборуваш за окупација, а тоа е сосем друга работа.
Сменување на режим може да се изврши на многу различни начини и со многу различни средства.
Може да испратат баталјон во одредени подрачја, да бомбардираат каде што треба, но окупација од типот на земја како Ирак, далеку од Русија би им требале години за подготовки. Ниту САД би оствариле таква окупација да не поседуваа голем број бази на Блискиот исток.
Бидејќи се работи за штитење на интереси, ниту Русија ниту САД многу не ги интересира Африка или Ј. Америка како што е случајот со Азија.
САД имаат потреба да ги заштитат своите интереси со окупирање на земји, како би ја задржале водечката улога во светот. Русија, од друга страна нема никаква потреба од тоа. Се што треба да направи е да не дозволи некои битни извори на ресурси да паднат во рацете на САД, како што се тие во Нигерија и Венецуела. Засега, одлично им оди.
Ако има потреба, многу лесно може да никнат воени бази во тие земји.
Борбена употреба на тешките бомбардери засега немале Русите, но истите тешки бомбардери си имаат летано над Хаваите, Лондон, Данска, Венецуела итн.
Ве лажат пензионерите по паркови, Русија имала невидлив подводен носач на авиони, не ги слушајте...Југославија
Може крстосувачка?
Значи ако имаат логистика(како НАТО(Македонија) ете во соседната држава ќе летаат Илушин,Антонов со војска.
Како летаа Б-1,Б-52 и Б-2 илјадници километри па правеа пуздер,еве во Грузија и Русија го можеше тоа но зошто кога веќе однапред победија и на крај краеви стратегиска авијација се користи за бомбардирање на бази,индустриски комплекси и.т.н
Еве го Б-2-маестрално
Ирак до 80-сеттите беше регионална сила,но војната со Иран ги Исцрпи,понатаму околу 60 нови летала беа релоцирани во Иран пред пустинската луња.
Да бидеме реални и Абрамсот веќе информиран за ирачките позиции со Вавилонци кои имаат помалоптички и термален досег не можеа да парираат на Абрамсот.
Сепак Ирак пружи отпор.
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Не е само окупација туку било каква интервенција надвор од граничниот појас. Досега немало таков пример а сите тие стратешки бомбардери, подморници и носачи на авиони ниеднаш не биле употребени во борбена мисија, ниеднаш не испукале прокетил in anger, ниеднаш не биле во војна... а нема ни да бидат употребени, од 200+ нуклеарни подморници денес дали 20 се во оперативна употреба, од 5 носачи е само еден. Сето тоа ќе си оди фино на сув док каде ќе биде исечено за старо железо без да биде употребено.
Остануваат само теории дека ако сакале можеле ама не сакале, можеле ама биле премногу арни, можеле ама имало друг начин,ако имале потреба ама немале, можеле ама било облачно...или имат или немаат, трето нема.
Каде надвор од граничната зона русија пратила батаљон да интервенира !?
Многу изнапишавте неточни работи.
Грузија има копнена граница со Русија и две енклави во кои има руски аскер.
Б-1 летал иљадници километри затоа што имало потреба да лета, бидејќи интервенцијата не била во Канада туку на 20.000 км далечини. Споредбата не чини и ги потценува русите, дури и тие не би летале иљадници километри користејќи Ту-95 за да стигнат до Грузија со која граничат...
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Тоа е неспоредливо со интервенција на 10.000 км од матична земја, како Франција во Брег на Слонова Коска или Чад or w/e или Британија на Фокланди или во Сиера Леоне. За САД е познато веќе, демократија фрчи на сите континенти.
Русија е како Сауди Арабија, иако влијанието на Сауди Арабија е далеку поголемо.
Се додека има нафта и гас ќе има некакво макар и скромно влијание. Кога тоа ќе се исцрпи, а ќе се исцрпи за 15-20 години, олигархијата ќе си оди на азурен брег, флорида или тајланд а рајата ќе си продолжи да срка боршч.
Периферна сила, тоа го знаат и во Русија, тоа и Сталин го знаел затоа си читкал книги од адмирал Махан и правел мегаломански планови за супер-морнарица со носачи на авиони, огромни бојни бродови, десетици крстосувачи, стотици фрегати и разурнувачи и преку 1000 подморници која на отворено море ќе можела да избори превласт. Откако цркнал, тие планови пропаднале.
Сличен случај била и Германија со мал исклучок пред 1914.