Русија ќе купува оружје од САД

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Никој не спори дека и Русите како и сите нормални земји на светот купуваат оружје и опрема.Спориме за фактот дека во денешно време кога и да купи Русија оружје се прави сензација и се става знак еднакво на Руското модерно оружје и нефукнционалноста/неспособноста итн итн ,затоа и во мојот воведен пост пишав
а што се однесува до генезата и историјатот,веќе еднаш мислам дека го имаме правено муабетот,ама пак ке повторам,навистина е тотално бесполезен оти така ке ја влечеме до биг-бенгот па ке мора и колајдерот да го конслутираме.Илити ке му дојде да не беа Кинезите се што денес функционира на барут немаше да постои.

Ау немој!!!!!
Исто како да си кажал дека да не беа Русите Американците немаше да знаат за хеликоптерите(Сикорски е Русин се сеќаваш?)...тотално беспредметна дискусија.
Каква сензација,обичен новински извештај во кој се известува за намерата на русите да купуваат американска опрема...
Не гледам никаков сензационализам во натписот...
Или не треба да се известува за ова?

Имало муабет и на други теми околу други работи така да не се навраќаме пак...:)
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Каква сензација,обичен новински извештај во кој се известува за намерата на русите да купуваат американска опрема...
Не гледам никаков сензационализам во натписот...
Има,и во написот и во темата,и пак ке те упатам во мојот прв пост каде и образложив зошто и каде е сензационализмот.
Или не треба да се известува за ова?
Треба никому не е забрането,ама не да се прави од мравка слон,како во случајов.Видиш министерот рекол дека Русија е заинтересирана за Американска технологија без да прецизира дали се работи за оружје или за чизми,а овде во написов од време се изнапишале како да присуствувале самите на состанокот.

Имало муабет и на други теми околу други работи така да не се навраќаме пак...:)
Токму така.

Поздрав.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
A што правиме со тоа што Стелтот ф-117 е направен од Американец ама со Руско потекло? Научник кој пребегал по распадот на СССР.

Американецот Ден Бич, кој подоцна го направи “невидливиот авион°, призна дека идејата за “стелтот° ја украл од рускиот научник Уфимчев.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Па? Тоа не го менува фактот дека УСА разви СТЕЛТ технологија 30 год пред Русите и дека сега ја развиваат третата или четвртата генерација, додека Русите со братска Индија првата.... И Србин од Хрватска ја измисли наизменичната струја ама тие држави 50 години се електрифицираа по САД, а Тесла да останеше во Лика, ке пасеше овци.... нешто слично е и со Русот што велиш ја измислил СТЕЛТ технологијата.... Да не го напуштел *распаднатиот* Советскиот сојуз, ке морал да мие чаши во некоја Московска *прчвара*.... Слично како што тогаш по распадот, врвни уметници особено солисти - инструменталисти дури и од прочуениот Баљшои излегоа кутри со своите инструменти да свират на мостови, улици.... во метрото! Да да младичу не беше ретка сликата врвни инструменталисти класа на Максим Федотов, Nigel Kenedy, Joshua Bell, Leila Josefowicz Anne Sophie Mutter, Nathan Milstein, Ivan Galamian.... виолината под мишка и на мост! Ете тоа им го направи твојот СОВЕТСКИ СОЈУЗ! Не, нееее уствари тоа им го направија овие што ги прешкртуваш ти!.... Кој тебе може во спротивно да те убеди! Ти не веруваш ни во ова што ти кажувам!.... Жал ми е што не ти го кажале тоа, ти си бил мал тогаш.... ШКРТАЈ ТИ САМО! ПОПРЕКУ!
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
A што правиме со тоа што Стелтот ф-117 е направен од Американец ама со Руско потекло? Научник кој пребегал по распадот на СССР.

Американецот Ден Бич, кој подоцна го направи “невидливиот авион°, призна дека идејата за “стелтот° ја украл од рускиот научник Уфимчев.

Затоа и одат во САД за да можат да го наплатат својот труд и да си живеат како цареви, а не да завршат во некој гулаг.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.428
Поени од реакции
5.108
Москва ќе потроши 466 милијарди евра за оружје
Во периодот од 2011 година до 2020 година, само за набавка на ново оружје Руската Федерација планира да потроши 19 илјади милијарди рубли (466 милијарди евра), соопшти рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков. - Тоа е минималната сума што би ни овозможила да ги снабдиме нашите вооружени сили со модерно оружје - посочи Сердјуков нагласувајќи дека Русија е заинтересирана за набавка на некоја нова американска воена технологија имајќи предвид дека првпат по повеќе децении Москва има дозвола да купува оружје од САД. Според првиот човек на руската одбрана, станува збор за американска технологија од сферата на телекомуникациите и информациите, како и за оружје со голема прецизност. Минатата година, рускиот претседател Дмитриј Медведев најави обемна замена на оружјето на вооружените сили на Русија по 2011 година, со цел, како што рече, земјата да може да се соочи со заканите од сериозни конфликти во некои региони.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=148883&EditionID=2127

---------------------------------------------------------

Како рековте за руската воена технологија, супериорна дрн, дрн... мадиња :helou:
Американците имаат купувано оружје од Русија.
И Русите имаат купувано оружје од Америка.

Што е финтава што некој спомнал дека е можно да се купи Американско оружје?
Русија сега брзо направи договор за воена соработка со Израел. Размена на технологии.
Купува бродови од Франција.
САД купуваа хеликоптери од Русија и др.
Се заштедува пари и време. Зошто да се развива една технологија 2 пати кога може и еднаш?

На крај краева, треба да загрижува фактот што Русија планира да потроши 450+ милијарди само за модернизација на армијата.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.959
Поени од реакции
8.615
Баш 20?Не 19 не 21 ами 20 години поназад?Ама секогаш кога треба да се продаде некаде на страна тогаш станува опасна и незастарена?Демек улави се едни Јужно корејци или СА кои се заколнати корисници на Американско оружје да купуваат Руско?Или улави се овие од НАСА да купуваат Руски ракети и мотори?Или Израелците кои и одамна користат и купуваат таква заостаната техника?

Не те разбирам.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Реков да ја вратиме темава во живот заради една интересна вест.

Русите во 2010. продале оружје во вредност од $10 милијарди, што не е мала цифра.

Очекуваат уште појаки резултати во 2011 година.


Deputy Prime Minister Sergei Ivanov, who is in charge of military industries, was quoted by Russian news agencies as saying Tuesday that weapons exports will reach $10 billion this year.

That would mark the 11th straight year of increasing sales. Last year Russia sold more than $8.5 billion worth of weapons. It has been second only to the United States in global arms sales over recent years.

While arms sales to Russia's former No. 1 customer China have diminished considerably, there has been robust demand from other nations, including Venezuela and Algeria.

Ivanov said Russia has new weapons orders from foreign customers exceeding $45 billion.

Source: AP News
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.428
Поени од реакции
5.108
Русите во 2010. продале оружје во вредност од $10 милијарди, што не е мала цифра.

Очекуваат уште појаки резултати во 2011 година.
Прво или второ место во светот? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom