Русија - смена во надворешната политика?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.808
Поени од реакции
34.061
хаха наместиха им воjна во Афганистн,да да,а револуциjaта? За цената на нафтата -да така е. Симнаха ja.
Ехееј... скриншот! Практично е согласуваме дека и тогаш и сега на дело го гледаме америчкиот империјализам заради кој умираат и страдаат милиони човечки битија.
Сеуште има надеж за тебе fmi. Верувај во себе! ;)
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ехееј... скриншот! Практично е согласуваме дека и тогаш и сега на дело го гледаме америчкиот империјализам заради кој умираат и страдаат милиони човечки битија.
Сеуште има надеж за тебе fmi. Верувај во себе! ;)
:) Само да припамтам беше предложено на Русиja покачуване на нафтата,но да падне Башар. Тоа е играта на некаков империализам,а мегу сунити и шиити. ;)
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.897
Поени од реакции
13.023
России посулили военные базы в офшоре

Претседателот на Кипар ќе достави предлог до Русија за воспоставување на Руска авиобаза и военаморска база на кипарско тло, за време посетата на Русија на 25 Фебруари.

Преговорите за Руска база започнаа во 2007, кога Русија финасиски го подржа Кипар во време на банкарската криза.

Според Рускиот експерт Сиваков, ваквата база на Русија би можела да овозможи постојано присуство во источниот и централниот Медитеран.
Сиваков тврди дека капацитетот на авиобазата би можел да има капацитет од 100 воени авиони.

За разлика од него Леонид Ивашов, смета дека иако предлогот доаѓа од дипломатски висок круг е само медиумска мамка. Според него со ова Кипар се обидува да го поправи пријателскиот рејтинг во Русија кој би резултирал со зголем број на туристи.

Тој смета дека ваков потег нема да биде овозмжен од страна на Нато, посебно тука влијание би имала Турција која не би се чуствувала безбедно при ваков потег на економскиот партнер Русија, и поради тоа Русија не би можела да ги игнорира интересите на Турција која сега за сега има добри односи кон Русија.

Единствена база која Русија би можела да ја има во средното море е во Сирија, на Тартус. На која му е потребна модернизација и зголемување на капацитетите.[DOUBLEPOST=1423426769][/DOUBLEPOST]Ах да и да се затнат голем дел од буреко јадачиве на темава за Русија.

Русија завзеде 14то место на листата на глобални иновациони земји.

Не не, освен нафта и гас немаат ништо у Русија.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.327
Руските воени експерти после војната со Грузија заклучија дека оружјето кое го поседува Русија, не е во состојба да даде целосен одговор на модерното оружје на НАТО. Затоа спроведоа програма за модернизација и зголемување на квалитетот на оружјето кое го поседуваат и произведуваат.
Чисто ме интересира како тоа го заклучија....

Дали според фактот дека за уништување на Грузиската флота траеше во часови,
Дали според фактот дека единствено успешно турнати Авиони Грузијците имаа со Бук и Тор системите. А имајќи во предвид дека имале полна логистика од НАТО системите за рано предупредување, кои патем признаа дека не ја завршиле својата намена.

Или дали е тоа фактот, што војната траеше 5 дена и за резултат добивме безусловна капитулација на војска која беше фалена како војска со високи оценки според НАТО стандардите.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432

Ако можам ќе ги побарам деталите, имав читано порано што не му штимало, и што не му работело како што треба.

Во глобала руската команда не била задоволна од реакцијата, мобилноста и брзината на справување со таква мала војска. Исто така им требало многу поголема количина на воена сила за да одговорат соодветно.

Затоа заклучиле дека во случај на судир со посериозна НАТО сила и со пософистицирано оружје, Русија нема да може да одговори како што треба.

Можеби воениот врв искористил ситуација за да добие поголеми финансии, било како било, Русија вложи многу напори во усовршување на постоечкото и создавање на ново оружје. Сега во моментов се тестира во Украина.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256

A ti mislish deka Rusite se budali pa ke navalat na kutrata Gruzija so najmodernoto shto go imaat?
Ja pregazija Gruzija so oruzhje koe beshe spremno za otpad.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.808
Поени од реакции
34.061
Прашање: Што вели доктрината за одбрана на Р.Ф. кога националната безбедност е загорозена до таа мера да конвенционалното оружје не може да осигура безбедноста и егзистенцијата на татковината?

Прашање2: Дали некој овде навистина смета дека конвенционалното оружје е наменето за било што друго, освен за судири со ненуклеарни сили?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.327
Ако можам ќе ги побарам деталите, имав читано порано што не му штимало, и што не му работело како што треба.

Во глобала руската команда не била задоволна од реакцијата, мобилноста и брзината на справување со таква мала војска. Исто така им требало многу поголема количина на воена сила за да одговорат соодветно.

Затоа заклучиле дека во случај на судир со посериозна НАТО сила и со пософистицирано оружје, Русија нема да може да одговори како што треба.

Можеби воениот врв искористил ситуација за да добие поголеми финансии, било како било, Русија вложи многу напори во усовршување на постоечкото и создавање на ново оружје. Сега во моментов се тестира во Украина.
Ок тоа е веќе друго,
Тоа не е ништо повеќе од стандардна анализа на веќе обавена воена активност. Од тој аспект, секогаш има нешто да се научи повеќе, па и тоа дека Русија не беше дотолку спремна за посериозна офанзивна воена дејност против посериозен противник... да речеме.

Другиот аспект мене повеќе ме интересира. Јас доста сакам воената интервенција во Грузија да ја споредам со НАТО интервенцијата во Југославија 1999. Тука можат да се направат 2 споредби.
Цивилните жртви на НАТО 3 месечното бомбрардирање беа околу 6000, додека во Руската интервенција не повеќе од 500.
Воените губитоци на Војската на Југославија беа минорни, додека Грузијците претрпеа сериозен пораз.

Од политички аспект, многу полесно Грузијците би се наклониле кон Русија во иднина, одколку Србите кон САД и НАТО.

Одтаму и неможеш да направиш споредба со овие 2 конфликти, Реално кажано и Русија имала „паметни“ ракети, да гаѓа рандом објекти под разни изговори и да изнуди од Грузија повлекување од Јужна Осетија со например 3 месечно интензивно бомбардирање, без притоа ниту еден војник да влезе во Грузија.

Од друга страна пак, доколку НАТО влезеше копнено во Југославија, нема баш да си поминеа со петдневен излет.

Ако од грешките може да се учи, тогаш САД многу повеќе имал да научи од интервенцијата во Југославија, одколку Русите од Грузија.
 
Хммммм
Се што кажа има логика и е точно, но не ти ја сваќам споредбава, зошто ја правиш.

Несомнено САД си учи на грешките во војувањето и уште од првата заливска војна почна да се менува. Претходно постоеше еден подолг период каде САД не беа директни учесници во воен конфликт, па беа малце зарѓани.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.808
Поени од реакции
34.061
:) Само да припамтам беше предложено на Русиja покачуване на нафтата,но да падне Башар. Тоа е играта на некаков империализам,а мегу сунити и шиити. ;)
Се разбира дека Асад беше цената што ја бараа од Русија. Само Русија треба да се навистина eкстремно глупави (или покорумпирани од тие што го распуштија СССР) за да се согласат со предавање на Сирија (и Башар Асад).

Мислев дека целта на денешнава зла империја треба да ја знае секој што следи геополитика. Империјата мора да го намали влијанието на Русија врз Европа. Но Европа е зависна од руските енергенси, најмногу гасот. Значи империјата мора првин да обезбеди енергетска алтернатива на рускиот гас.
Тука во фокусот влегува Катар со своите големи количества гас. Целта е да се изгради гасовод од Катар кон ЕУ, но тој гасовод мора да помине преку Сирија... и така доаѓаме до Башар Асад.

Значи Русија треба да се откаже од својот енергетски пазар во ЕУ (со тоа и своето влијание таму) за да „добие„ повторно високи цени на нафтата... ОД ШТО ЌЕ КОРИСТАТ СИТЕ.

Сите сакаат да се крене цената на нафтата!
ОК, Саудијците сакаат и да го зголемат својот пазар, посебно сега со новиот извор на нафта од шкрилци. Но генерално, цената на нафтата секако ќе се качи во некое догледно време... Русија ова многу добро го знае, и не се будали да ги дадат Асад и Сирија, а со тоа и ЕУ.

Затоа сега има војна во Украина, а богами мириса и на претстоен светски судир затоа што другава страна враќа и почнува да се ниша статусот на петровалута која доларот ја ужива... Засега.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
12.411

Па да, гасоводот од Катар мора да помине низ Ирак, но не мора да помине низ Сирија, бидејќи може да помине низ северен Ирак во источна Турција и со тоа да се заобиколи Сирија.

Но се разбира тоа е поскапата опција, а што е уште поважно, во северен Ирак и во источна Турција живее курдско население, а Турција не сака Курдите да населуваат територии кои ќе бидат од огромно енергетско и профитерско значење, па затоа е избрана пократката траса за планираниот гасовод од Катар, која треба да поминува низ Сирија.

Изградбата на гасоводот Јужен Поток ќе ја оставеше Украина во втор план кога станува збор за увозот на руски гас во источна Европа, а особено во југоисточна Европа, па затоа мораа да се изнајдат механизми за блокирање на изградбата на Јужен Поток.

Но сега со овој новопланираниов Турски Поток, Украина сепак ќе остане во втор план, но истовремено и Бугарија ќе биде оставена во втор план кога станува збор за увозот на руски гас во југоисточна Европа, па затоа сега западот повеќе од било кога досега, игра на се или ништо.

Примирје во Украина и во Сирија е последното нешто што го западот го посакува, бидејќи западот сака или Русија да игра на неговата музика, или да биде целосно изолирана од источна Европа, а ако е можно и од блискиот исток.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.808
Поени од реакции
34.061
@Dexter26 сигурно постојат повеќе опции. Но колку се возможни, или стратешки добри, или исплатливи... е тоа е веќе друга работа. Вака кога ги гледам мапите, на прв поглед е нејасно зошто не преку Сауди-Јордан- и потоа мора или преку Сирија, или преку Израел, или голем детур накај Суец/Египет. Освен тоа, кај курдските региони е голем потенцијалот за лесно развивање воени жаришта. Така Русија го контролира азерсбејџанските гасни извори, ако претнат нешто Азерите ќе се разгори кај Нагорно Карабах војната со Ерменија.

Како и да е, мислам дека да постоела друга изводлива варијанта со катарскиот гасовод до ЕУ, до сега ќе ја направеа. Инаку не би запнувале толку жестоко за Сирија.
 
Нема капацитет Азербеџан за гасовод од размер на Јужен Тек.
Тап или како се именуваше проектот од Азербеџан имаше приближен капацитет само доколку Туркменистан изгради дополнителен гасовод преку Каспиското Море кој ќе се вклучи во системот претходно изградениот систем. Азербеџан имаше потенцијал од околу 18 билиони кубни метри годишно, а заедно со гасот од Туркменистан тој потенцијал беше околу 60(матни ми се бројкиве, веќе имав пишувано за ова,мислам дека се тука некаде).
Проблемот е што земјите од Каспискиот регион, во Септември регион потишаа меѓународен договор за забрана на НАТО бази во регионот на Каспиското Море. Второ се договорија дека ќе ја зачувуваат флората и фауната на Каспискиот регион и ако има нарушување на истата од некој енергетски проект истиот да се напушти. Веќе Иран и Русија притискаат околу ова.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.808
Поени од реакции
34.061
... се договорија дека ќе ја зачувуваат флората и фауната на Каспискиот регион и ако има нарушување на истата од некој енергетски проект истиот да се напушти. Веќе Иран и Русија притискаат околу ова.
Се разбира официјално дека ќе кажат „заштита на флора и фауна„, и такви еколошки приказни. Сигурно нема да кажат дека Русија ги стиска... (онаму де). :)
Немој да ме разбереш погрешно, јас сум 100% за зачувување на природата. Ама реално, тоа е последно место на приоритет во светскава геополитика. На жалост.

Русија е далеку од најлоша по ова прашање, ама не е ни пример за еколошки одговорност (не па дека посотои таков пример).
САД се катастрофа од тој аспект, посебно со фракингот матер е*аваат на животната средина а едвај да е исплатлив (и тоа со субвенции, од „евтини„ фиат пари кои ги принтаат до бесвест на сметка на светот). Арно ама, со таа нафта сега прават преплавување на пазарот, и така во соработка со Саудиска Арабија ја симнаа цената на нафтата (на некое реално ниво).

Русија е целта на сето тоа, се разбира. На истиот начин го докусурија и СССР, погледнете ја цената на нафтата во тие последни години од постоењето на Советскиот Сојуз. Тогаш нафтата од Северното Море испадна како нов извор на нафта кој го преплави пазарот (заедно со Саудијците). Сега Америте од шкрилци, со дебели загуби штанцаат од нивната „лесна нафта„ (помалку калорична, ама евтина).
Но се додека Русија е во зијан, САД се во ќар... они ќе си исштанцаат нови количини долари (кои сите ние ќе ги платиме).

Стратегијата на Русија е да издржи под овие огромни притисоци. Да не попушти за Сирија. Да го диверзифицира пазарот, посебно кон Азија.
Овојпат, за разлика од СССР имаат солидни залихи од капитал. И овојпат немаат предавник (предавници) на чело на државата.

Затоа НАТО (САД) продолжуваат со ескалација на конфронтациите на сите (прокси, и други) фронтови.
САД станаа зла империја, и покрај сите декларации за демократија и либерализам... и што е најлошо за нив: За ова стануваат се посвесни и посвесни се повеќе американски граѓани. Тие што ги пратат нивните социјални мрежи го знаат ова.
Моментално за светот е најважно да не дојде до ескалација... со светски последици. Русија има полно право да се брани, а од друга страна се тешки психопати (под контрола на моќната светска олигархија).

Мислам дека релативно сеедно ќе ни биде на нас целото човештво, кој прв го притиснал копчето... ако дојдеме до MAD (Мutual Аssured Destruction).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom