... се договорија дека ќе ја зачувуваат флората и фауната на Каспискиот регион и ако има нарушување на истата од некој енергетски проект истиот да се напушти. Веќе Иран и Русија притискаат околу ова.
Се разбира официјално дека ќе кажат „заштита на флора и фауна„, и такви еколошки приказни. Сигурно нема да кажат дека Русија ги стиска... (онаму де).
Немој да ме разбереш погрешно, јас сум 100% за зачувување на природата. Ама реално, тоа е последно место на приоритет во светскава геополитика. На жалост.
Русија е далеку од најлоша по ова прашање, ама не е ни пример за еколошки одговорност (не па дека посотои таков пример).
САД се катастрофа од тој аспект, посебно со фракингот матер е*аваат на животната средина а едвај да е исплатлив (и тоа со субвенции, од „евтини„ фиат пари кои ги принтаат до бесвест на сметка на светот). Арно ама, со таа нафта сега прават преплавување на пазарот, и така во соработка со Саудиска Арабија ја симнаа цената на нафтата (на некое реално ниво).
Русија е целта на сето тоа, се разбира. На истиот начин го докусурија и СССР, погледнете ја цената на нафтата во тие последни години од постоењето на Советскиот Сојуз. Тогаш нафтата од Северното Море испадна како нов извор на нафта кој го преплави пазарот (заедно со Саудијците). Сега Америте од шкрилци, со дебели загуби штанцаат од нивната „лесна нафта„ (помалку калорична, ама евтина).
Но се додека Русија е во зијан, САД се во ќар... они ќе си исштанцаат нови количини долари (кои сите ние ќе ги платиме).
Стратегијата на Русија е да издржи под овие огромни притисоци. Да не попушти за Сирија. Да го диверзифицира пазарот, посебно кон Азија.
Овојпат, за разлика од СССР имаат солидни залихи од капитал. И овојпат немаат предавник (предавници) на чело на државата.
Затоа НАТО (САД) продолжуваат со ескалација на конфронтациите на сите (прокси, и други) фронтови.
САД станаа зла империја, и покрај сите декларации за демократија и либерализам... и што е најлошо за нив: За ова стануваат се посвесни и посвесни се повеќе американски граѓани. Тие што ги пратат нивните социјални мрежи го знаат ова.
Моментално за светот е најважно да не дојде до ескалација... со светски последици. Русија има полно право да се брани, а од друга страна се тешки психопати (под контрола на моќната светска олигархија).
Мислам дека релативно сеедно ќе ни биде на нас целото човештво, кој прв го притиснал копчето... ако дојдеме до MAD (Мutual Аssured Destruction).