Русија - смена во надворешната политика?

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Има многу проблеми у дијалозиве за Хирошима и Нагасаки. Многу работи кои денес е лесно да се превидат.
Еден од проблемите е што на сите тие решенија се гледа од денашна гледна точка. После битка сите се генерали.
Автоматски споено мислење:

Па ако се само двајца дипломати, поисплатливо би им било да ја затворат амбасадата, и онака во 30 години северенфиромистан нема направено ништо за да се зближи со Русија, а сега како полноправна членка на НАТО баш и нема причини за да бара не подобри, туку било какви односи со Русија.

Цела една амбасада имавме во Јужна Америка - не дека нешто беше потребна, но сепак станува збор за единствено дипломатско претставништво на цел еден континент, па сепак и тоа едно дипломатско претставништво го затворија бидејќи не им било исплатливо, нека го следат истиот пример и со дипломатското претставништво во Русија, па ич нема да се замараат со некаква наводна грижа поради бркање на македонски дипломати од држави во кои не ни има дипломатски претставништва на северенфиромистан.
Друже Раша не не стаала начур одамна. За неа ние едвај да постоиме, какво подобрување на односи? Не е чудо таму да се улебени некои роднини на зоќо и аљи кои и не знаат руски, па и да ги протераат не е нешто штета. Плус предлогот на Захарова е добар, нека протераат некој од бугарската амбасада :D успат онака.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.524
Поени од реакции
11.595

Па затоа велам да ја затворат амбасадата, еден проблем помалку.

На тие двајца дипломати експресно ќе им најдат нов дипломатски дом некаде, на руската дипломатија не и требаат заштитени извори на ЦИА со дипломатски пасоши од северенфиромистан, не дека тоа е некоја новост за Русија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.349
Поени од реакции
29.822
Не гледам потреба од одговарање на прашања на кои и самиот им го знаеш одговорот.
Не е тоа само сценарио, туку подготвен план.
Реторичко беше прашањето.
Поентата е дека Америте решиле да „поштедат“ американски животи кои не морале да ги потрошат. Јак изговор за да убиеш цели градови цивили.

Мене ми беше интересно што главната замерка ти е зошто руското МНР не употребило подобар аргумент. Кој подобар аргумент од првата употреба на оружје за супер масовно уништување врз цивили и цивилни цели. Увертира во MAD, или гарантирано меѓусебно (само)уништување. Тогашниот ПОТУС и целата тогашна влада треба постхумно да се прогласат за воени злосторници.

Во 1945 цел свет знаел што направиле Јапонските војски во Кина, Кореја и на Филипините, преживеаните заробеници раскажале се за маршевите на смртта, мачењата, натпреварите во сечење глави, медицински експерименти, масовни силувања и повремен канибализам.
Обичниот Јапонски народ бил крив за тоа?
Или Америте биле борци за правда, па убиле куп недолжен народ а директните убијци ги земале за слуги. Тоа е правда?

Покажување сила на остатокот на планетата е секако само бонус кој секој би го зграпчил да нивно место.
Ма какви, баш ова е главната причина.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.316
Поени од реакции
79.057
Реторичко беше прашањето.
Поентата е дека Америте решиле да „поштедат“ американски животи кои не морале да ги потрошат. Јак изговор за да убиеш цели градови цивили.
Морале да ги потрошат. Планот кој следувал е тој.

Американците не знаеле тогаш, (а ни Јапонците) кои се точно ефектите од бомбата.

Мене ми беше интересно што главната замерка ти е зошто руското МНР не употребило подобар аргумент. Кој подобар аргумент од првата употреба на оружје за супер масовно уништување врз цивили и цивилни цели. Увертира во MAD, или гарантирано меѓусебно (само)уништување. Тогашниот ПОТУС и целата тогашна влада треба постхумно да се прогласат за воени злосторници.
Не. Тие спасиле со бомбите многу повеќе отколку што убиле. Убиле помалку од 200.000, спасиле милиони.

Обичниот Јапонски народ бил крив за тоа?
Или Америте биле борци за правда, па убиле куп недолжен народ а директните убијци ги земале за слуги. Тоа е правда?
Не знам дали обичниот Јапанец, Германец или денес во нашиов случај Албанец, е невин за срањата кои ги прави мнозинството, бидејќи масовно ги подржувале тие методи, индректно.

Јапонците најлесно поминаа.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.400
Поени од реакции
7.849
Па затоа велам да ја затворат амбасадата, еден проблем помалку.

На тие двајца дипломати експресно ќе им најдат нов дипломатски дом некаде, на руската дипломатија не и требаат заштитени извори на ЦИА со дипломатски пасоши од северенфиромистан, не дека тоа е некоја новост за Русија.

Повеќе од сигурно американското разузнавање смета на тие двајца арслани кои ги пратила Државата Македонија, како нивна примарна пенетрација во безбедносниот систем на Руската Федерација, меѓутоа не е тоа ништо чудно ако се земе предвид дека безбедносниот систем на Државата Македонија е високо ценет во светот, према ова не би ме изненадило и руското разузнавање да се потпира на пенетрацијата во американскиот безбедносен систем од страна на нашите кадри распоредени низ македонските дипломатско конзуларни претставништва на територијата на САД.
Ако се земе во предвид дека нашата дипломатија може е и повеќа ценета од безбедносниот систем, веројатно ние сме најмоќната мрежа на двојна агентура во светот, сепак сме директни потомци на Александар Македонски, јбг гентика :icon_lol:
 
Причина повеќе за да летаат тие двајца арслани надвор од Русија.

Не е потребна цела војска на заштитени извори на ЦИА, понекогаш доволен е само еден за укинување на цела држава.

И еден е премногу, а не па двајца или повеќе.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.400
Поени од реакции
7.849
Причина повеќе за да летаат тие двајца арслани надвор од Русија.

Не е потребна цела војска на заштитени извори на ЦИА, понекогаш доволен е само еден за укинување на цела држава.

И еден е премногу, а не па двајца или повеќе.

Јасно, странски служби и жолти комбиња се криви за сВе (y)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.524
Поени од реакции
11.595
Јасно, странски служби и жолти комбиња се криви за сВе (y)
Па и да не се криви за се, сепак добро е да се отстрани канцерогеното ткиво додека сеуште не зараснало.

Ниту една влада на северенфиромистан во 30 години нема направено ништо за да одржи било какви односи со Русија, па ништо нема да ги чини да затворат уште една амбасада со цели двајца дипломати - што одлично говори за тоа колку навистина постои интерес за одржување на било какви дипломатски односи со Русија.
 
Член од
15 декември 2020
Мислења
93
Поени од реакции
385
Русите знаат да играат - подели и владеј.
Русија со спротивставени пораки кон С Македонија и Бугарија за празникот на сесловенските просветители

Руската дипломатија денеска испрати различни односно спротивставени пораки кон македонскиот и бугарскиот народ честитајќи го празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Руската амбасада во Скопје преку Твитер пренесе дел од говорот на претседателот Владимир Путин истакнувајќи дека писменоста во Русија пристигнала од македонската земја. Но, руската амбасадорка во Софија преку видео-порака честитајќи го празникот, се заблагодари на бугарската држава за писменоста.
https://360stepeni.mk/rusija-so-sprotivstaveni-poraki-kon-s-makedonija-i-bugarija-za-praznikot-na-seslovenskite-prosvetiteli/

Језуити:D
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.808
Поени од реакции
8.405
Обичниот Јапонски народ бил крив за тоа?
Или Америте биле борци за правда, па убиле куп недолжен народ а директните убијци ги земале за слуги. Тоа е правда?
Отприлика крив колку и Кинескиот народ во Чонкинг, Нанкинг и безброј други места. Или Филипинскиот народ во Манила и слично.

Нема правда во војна, само победа или пораз.

Можеби во 2001 АРМ не требало да ги користи Су 25 или Ми 24?

Ма какви, баш ова е главната причина.

Во 1945 атомската бомба била само уште едно оружје.

Не главна причина но секако спречила снимање на филмови за Јапонските деца који со копја требало да јуришаат кон мостобраните кои маринците би ги бранеле со тешки митралези, артилерија, фрлачи на пламен, бродска артилерија, тенкови и напалм:
war and social upheaval: World War II Japan Ketsugo700 × 417

Предлагам дискусијата да ја продолжиме во https://forum.kajgana.com/threads/Втора-светска-војна-1939-1945-генерална-дискусија.40151/page-120
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.349
Поени од реакции
29.822
Нема правда во војна, само победа или пораз.
Реалполитик, или реална политика... Тоа не е за продавачите на „демократија и човечки права“. Остави му реална политика на Путин, и на Русија.
Кога некој продава „морални вредности“ по цел свет, тогаш најмногу за нив треба да важат истите.

Во 1945 атомската бомба била само уште едно оружје.

Не главна причина но секако спречила снимање на филмови за Јапонските деца који со копја требало да јуришаат кон мостобраните кои маринците би ги бранеле со тешки митралези, артилерија, фрлачи на пламен, бродска артилерија, тенкови и напалм:
Директно од американската пропаганда.

Нуклеарното уружје, и неговото прво користење... О не, тоа е далеку од „само уште едно оружје“.
Тоа е опасна, опасна, наратива која ја буткаат неокон хушкачите (кои се резидентни во владите на САД).

Нуклеарното уружје е увертира во MAD, во гарантирано меѓусебно уништување. Тоа е сѐ само не „само уште едно оружје“. Тоа е game changer со кој мала држава како Израел може не само да опстои опкружена со непријатели, туку и да диктира услови.

Нуклеарното оружје, од средство за наметнување силеџиство стана средство за гаранција на постоењето не само на малиот Израел туку уште повеќе и на државите како Русија и Кина, гаранција дека силеџиите САД нема со војна да ги покорат. Хиперсоничните интерконтинентални балистички проектили, тоа е нова технологија која само ја продлабочува таа гаранција. Во било која војна меѓу суперсилите, победник нема да има. И тоа е гаранција за немање таква војна... Но неокон лудаците од САД го промовираат баш тоа, успеаа да издејствуваат некои „доктрини“ на прв удар, некои теории дека можат да победат само ако удрат одлучно и први. Лудост. Самоуништувачка агенда.

Сакам да ти објаснам дека „само уште едно оружје“, тоа е една многу опасна наратива за нешто толку смртоносно за иднината и опстанокот на човештвото.
Автоматски споено мислење:

Можеби во 2001 АРМ не требало да ги користи Су 25 или Ми 24?
Мислиш на тие Су 25 и Ми 24 кои ги имавме благодарение на Русија (со прокси преку Украина)?
Џабе кога на крај шумарите Америте секако ја запреа „играта“ и објаснија дека сѐ е веќе договорено да победат Шошоните.
И вакви работи им се дешаваат на сите на кои Америте можат да направат да им се десат.

Соодветно лош пример за погрешна теза.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.808
Поени од реакции
8.405
Сакам да ти објаснам дека „само уште едно оружје“, тоа е една многу опасна наратива за нешто толку смртоносно за иднината и опстанокот на човештвото.
Во тој момент било само уште едно оружје. Не работеле само Американците на атомска бомба али први ја направиле.

Да повторам, кој и да ја имал бомбата во 1944-45 ке ја употребел. Тито да ја имал и да можел да ја испорача на цел ке ја употребел (Софија на пример пошто Берлин е далеку:D)

Мислиш на тие Су 25 и Ми 24 кои ги имавме благодарение на Русија (со прокси преку Украина)?
Џабе кога на крај шумарите Америте секако ја запреа „играта“ и објаснија дека сѐ е веќе договорено да победат Шошоните.
И вакви работи им се дешаваат на сите на кои Америте можат да направат да им се десат.

Соодветно лош пример за погрешна теза.
Војната ја изгуби Македонската влада, каков премијер и министри за внатрешни и одбрана имавме добро пројдовме.
И телето кое беше прецедател.

Tolku pari frlile za da gi napravat, a mozea fino lepo da upotrebat hemisko ili biolosko oruzje. I tie bi bile samo uste edno oruzje :toe:.
Затоа што сите други имале хемиско и биолошко оружје, со атомското би биле први и затоа уложиле толку пари.

Да се разбереме, не ја правдам Американската политика тогаш ни сега, само мислам дека од нивна гледна точка постапиле исправно. А и помалку Јапонци загинале него да морале инвазија да прават.

Уште еднаш предлагам оваа дискусија да ја продолжиме на соодветната тема https://forum.kajgana.com/threads/Втора-светска-војна-1939-1945-генерална-дискусија.40151/page-120
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.349
Поени од реакции
29.822

Не заборавај дека не дискутираме за злосторството во Нагасаки и Хирошима само по себе. Појдовниот муабет беше руската критика на дволичноста на политиката на САД, и посочување на иронијата дека САД нашле да критикуваат присилна преселба на кримски Татари кога во исто време направиле убиство на многу повеќе јапонски цивили, и тоа со оружје за масовно уништување кое и ден денес е најголемата закана по постоењето на човештвото.

И сето тоа е од најголемите создавачи на масовна несреќа и убијци не неброени цивили и ден денес. Посочените Јапонија и Авганистан се само пар од многуте такви примери. Ако ги набројуваме сите, до утре може да набројуваме и да имаме уште... Југославија, Сирија, Ирак, Либија, итн, итн...

Уште еднаш предлагам оваа дискусија да ја продолжиме на соодветната тема https://forum.kajgana.com/threads/Втора-светска-војна-1939-1945-генерална-дискусија.40151/page-120
Јас ова го дискутирам од аспект на руската надворешна политика, не сум офтопик само затоа што неколкумина истото го дискутирате изолирано само за себе (и ја промашувате поентата).

и помалку Јапонци загинале него да морале инвазија да прават.
Ова е лажна дилема. Нема дихтомија, проблемот е наметнат од убијците на цивили. „Решението“ е наметнато од убијците на цивили. Оправдувањето на масовните убиства е пропаганда и дволичност.

Едноставно станува збор за престапници кои толку многу пати го повторуваат злочинот, да е бесмислено да досадуваме со финесирање на тој еден злостор како „оправдан“. Зошто ги браниш кога самите јасно и гласно си кажуваат, ете ја Мадлејн Олбрајт, јасно и без срам кажува дека за нејзе е оправдано да се убијат повеќе од пола милион деца во Ирак за да се остварат американските геополитики. Единствена разлика е тоа што денес малку повеќе ги обучуваат за лажење.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.706
Поени од реакции
38.920
што се палите на вакви политички изјави како ова за хирошима и нагасаки, све е тоа игра што ја играат на дезинформации и едните и другите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom