Русија - смена во надворешната политика?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.510
Поени од реакции
79.664
Атомските бомби спасија животи, околу 2 милиони американски и околу 10 милиони јапонски. Да не капитулираа Јапонците, следуваше спремно сценарио со горните проценки за жртви. Немало план за долгогодишна поморска блокада, од икс причини, туку погоре споменатото сценарио на инвазија.
Атомските бомби имаат заедно вкупно мртви помалку од дводневното бомбардирање на Токио околу 10 март, ама за тоа никој не збори.

Уште многу има тука да се каже, ама мислам дека Русите можеле со друг пример од историјата на САД да се послужат, на пример, што знам - да му се извинат на Ирак, пошто инвазијата беше направена затоа што имале оружје за масовно уништување.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Со МНР на Русија раководи Лавров, не е баш тип што тресе зелени и нема аргументи. До толку е поткован што лесно ги тера у мајчину западњаците кога ќе му излезат со некое министерче кое тера агенда! Изгледа и он се информирал добро и не од документарец, штом Хирошима ја избрале за адут за у ребра!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.510
Поени од реакции
79.664
Со МНР на Русија раководи Лавров, не е баш тип што тресе зелени и нема аргументи. До толку е поткован што лесно ги тера у мајчину западњаците кога ќе му излезат со некое министерче кое тера агенда! Изгледа и он се информирал добро и не од документарец, штом Хирошима ја избрале за адут за у ребра!
Поткован е, верувам, ама во политиката не се следат баш исправни историски наративи. Тие се обликуваат како што е потребно.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.639
Поени од реакции
26.162
Поткован е, верувам, ама во политиката не се следат баш исправни историски наративи. Тие се обликуваат како што е потребно.
Таман си е наративот, во склоп на впечатоците. Како што кажа за бомбардирањето на Токио никој незнае, а Хирошима и Нагасаки се учи уште во градинка.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.433
Поени од реакции
29.964
...во политиката не се следат баш исправни историски наративи. Тие се обликуваат како што е потребно.
Taка е, и додека си кај историјата - ај потсети се кој пишува.

Атомските бомби спасија животи, околу 2 милиони американски и околу 10 милиони јапонски. Да не капитулираа Јапонците, следуваше спремно сценарио со горните проценки за жртви.
Чиво е тоа сценарио?

Немало план за долгогодишна поморска блокада, од икс причини, туку погоре споменатото сценарио на инвазија.
Кои се тие причини?
Да не се можеби искористување шанса за заплашување на светот и притоа тестирање ново ужасно оружје, со цел светска доминација?

Уште многу има тука да се каже, ама мислам дека Русите можеле со друг пример од историјата на САД да се послужат, на пример, што знам - да му се извинат на Ирак, пошто инвазијата беше направена затоа што имале оружје за масовно уништување.
Сакаш да кажеш дека не гледаш проблем во постапките на САД, не гледаш проблем во убивање на цивили со атомски бомби, колку што ти е проблем тоа што руското МНР не ја употребило најоптималната реплика кон САД? :unsure:

Да не навлегувам во иронијата што „светските полицајци“ на една страна продаваат муда за бубрези за „демократија и човечки права“, изговор под кој малтретираат неброени помали држави, а на друга страна нескриено убиваат цивили со целосно игнорирање на вредноста на човечкиот живот - не само во Јапонија пред 70+ години, туку и до ден денес.
Ова долу е одговор на чаушот на Стејт Департментот, кога ја прашуваат дали вредеше да убијат повеќе од пола милион деца во Ирак, повеќе детски жртви и од Хирошима:

Мислам дека забегавме со муабетов...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
на една страна продаваат муда за бубрези за „демократија и човечки права“, изговор под кој малтретираат неброени помали држави
Дека продаваат муда, продаваат. Ама баш Јапонија (а и Русија) во 2СВ ти е пример дека сопствените лидери, си го малтретираат сопствениот народ.
Не знам што толку си им љут на јенките, кога е*ењето не ни гине. :toe:

Кога веќе не ни гине, тогаш подобро јенките да го прават тоа, него источните, или не дај боже жутите. Ако сметаш дека другите подобро би правеле од јенките, презентирај некои мислења, примери...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Дека продаваат муда, продаваат. Ама баш Јапонија (а и Русија) во 2СВ ти е пример дека сопствените лидери, си го малтретираат сопствениот народ.
Не знам што толку си им љут на јенките, кога е*ењето не ни гине. :toe:

Кога веќе не ни гине, тогаш подобро јенките да го прават тоа, него источните, или не дај боже жутите. Ако сметаш дека другите подобро би правеле од јенките, презентирај некои мислења, примери...
Упатство при силување: Ако веќе не можете да спречите да ве силуваат, опуштете се и пробајте да доживеете барем некакво задоволство од ....... :facepalm:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Упатство при силување: Ако веќе не можете да спречите да ве силуваат, опуштете се и пробајте да доживеете барем некакво задоволство од ....... :facepalm:
Па ете ти како претставник на ЈНА, кажи пример како ќе спречиш... Видовме како ЈНА една од најмоќните војски, успеа да спречи силување, а се колневте :P
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Па ете ти како претставник на ЈНА, кажи пример како ќе спречиш... Видовме како ЈНА една од најмоќните војски, успеа да спречи силување, а се колневте :P
Си се зезнал во преставникот, јас никогаш не сум бил поборник на ЈНА, па откако ја одслужив таа година таму уште поодвратна ми стана војската! ЈНА беше трула до немајкаде, раководеа глупи националисти и затоа заврши како што заврши! Штета за децата кои по закон мораа да гинат или да си губат здравје за некои дебелогази педеришта да си ги полнат џебовите:mad: Избегнав затвор таму само ради фактот што го фатив командантот на батаљонот дека краде муниција и никому не кажав, после он ме спаси! Батали војска е гадна ствар.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.510
Поени од реакции
79.664
Чиво е тоа сценарио?
Не гледам потреба од одговарање на прашања на кои и самиот им го знаеш одговорот.
Не е тоа само сценарио, туку подготвен план. Операција, составена од неколку помали операции. Зарем некој очекувал дека немало спремно план, во случај Јапан да не капитулира?

Кои се тие причини?
Има многу практични причини.
Блокадата значи долгогодишно проектирање на сила, на толкава далечина, на многу ресурси и многу човечки потенцијал, само околу Јапан. Тоа значи исто така, дека на фамилиите во САД, после четири години клање, некој треба да им објасни оти Војната не завршила за нивните мажи, синови и др., за разлика од целиот свет. Голем дел од нив ќе треба да останат уште неопределено време (години).
Има и други работи, но ако мислиш дека овие две работи се мачја кашлица, ок.

Сакаш да кажеш дека не гледаш проблем во постапките на САД, не гледаш проблем во убивање на цивили со атомски бомби, колку што ти е проблем тоа што руското МНР не ја употребило најоптималната реплика кон САД? :unsure:
Не знам како ова го заклучи, но си имаш ти своја логика.

Јапан се извлече најлесно од сите (сили на оската).
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.827
Поени од реакции
8.488
Кои се тие причини?
Да не се можеби искористување шанса за заплашување на светот и притоа тестирање ново ужасно оружје, со цел светска доминација?

Сакаш да кажеш дека не гледаш проблем во постапките на САД, не гледаш проблем во убивање на цивили со атомски бомби, колку што ти е проблем тоа што руското МНР не ја употребило најоптималната реплика кон САД? :unsure:
Кој и да ја имал атомската бомба во 1945 ќе ја упоребел.
Тито да ја имал ќе ја употребел. Јапонците дефинитивно би ја употребиле да ја имале.

Во 1945 цел свет знаел што направиле Јапонските војски во Кина, Кореја и на Филипините, преживеаните заробеници раскажале се за маршевите на смртта, мачењата, натпреварите во сечење глави, медицински експерименти, масовни силувања и повремен канибализам.

Едноставно речено остатокот на планетата ги заболе патка што ке им се случи на Јапонците.

Исто така земајќи го во обзир фанатичниот Јапонски отпор се направила проста математика, зошто да загинат стотици илјади сојузнички војници и милиони Јапонски цивили кога моше се да се реши со 2 бомби. Јапонскиот план буквално вклучувал деца со копја да јуришаат кон мостобраните.

Покажување сила на остатокот на планетата е секако само бонус кој секој би го зграпчил да нивно место.

Буквално Јапонија најлесно поминала од силите на Оската.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.510
Поени од реакции
79.664
Има многу проблеми у дијалозиве за Хирошима и Нагасаки. Многу работи кои денес е лесно да се превидат.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.827
Поени од реакции
8.488

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, преку својот фејсбук-профил откри дека денеска македонското Министерство за надворешни работи испратило информација дека се надева дека Москва нема да испрати ниту еден македонски дипломат дома затоа што Македонија во Русија има само двајца дипломати.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.510
Поени од реакции
79.664
не знае она за што све е способна нашата пушикурска власт на УЧК и СДСМ
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.595
Поени од реакции
11.763

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, преку својот фејсбук-профил откри дека денеска македонското Министерство за надворешни работи испратило информација дека се надева дека Москва нема да испрати ниту еден македонски дипломат дома затоа што Македонија во Русија има само двајца дипломати.
Па ако се само двајца дипломати, поисплатливо би им било да ја затворат амбасадата, и онака во 30 години северенфиромистан нема направено ништо за да се зближи со Русија, а сега како полноправна членка на НАТО баш и нема причини за да бара не подобри, туку било какви односи со Русија.

Цела една амбасада имавме во Јужна Америка - не дека нешто беше потребна, но сепак станува збор за единствено дипломатско претставништво на цел еден континент, па сепак и тоа едно дипломатско претставништво го затворија бидејќи не им било исплатливо, нека го следат истиот пример и со дипломатското претставништво во Русија, па ич нема да се замараат со некаква наводна грижа поради бркање на македонски дипломати од држави во кои не ни има дипломатски претставништва на северенфиромистан.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom