Се обидувам да не генерализирам, но фактите ме тераат на спротивно.
Фактите велат дека без разлика кој им продава оружје и муниција на муслиманските народи кои живеат на Блискиот Исток, на крајот подебелиот крај секогаш го извлекува невиното цивилно население.
Тешко е да не се прави споредба помеѓу политиките на поранешниот Советскиот Сојуз и политиките на денешната Руска Федерација, бидејќи политиките се премногу слични, да не речам исти. Тоа што денешна Русија не се залага за ширење на социјализмот како што тоа го правеше поранешниот СССР не значи дека денешна Русија применува поинакви надворешни политки од политиките на поранешниот СССР.
Христијанството, исто како и јудаизмот, потекнува од западниот брег на Блискиот Исток и исто како и јудаизмот, е религија постара од исламот. Но токму на Блискиот Исток каде што постои само една вистинска демократска држава, а тоа е Израел, државите од типот на Саудиска Арабија, Јордан, Либан, Иран и ред други кои се во меѓусебни конфликти од трети причини, сепак имаат заеднички став не само за христијаните, Евреите и атеистите, туку општо за сите немуслимани, а тој став е дека сите тие немуслимани мораат да бидат или исламизирани или прогонети или погубени, без разлика дали станува збор за автохтони народи или за доселеници, иако значителен дел од тие немуслимани се автохтони народи кои своеволно преминале од ислам кон некоја друга религија.
На Балканот е слична реалноста за исламот, кој на Балканот се појавува кон крајот на 14-от век со поразот на Србите во битката на Косово, и почетокот на втората половина на 15-от век со падот на Константинопол и распаѓањето на Византиската Империја.
Христијанството не е забрането во Израел, не е забрането на Балканот, не е забрането во Европа, а истовремено во истите тие држави не е забранет ни исламот, а од друга страна, во тазе "демократизираните" држави како Тунис и Египет активно се работи на прогонување или истребување на христијаните, тоа е ептен чудна демократија во која некој треба да биде прогонет или погубен поради неговата/нејзината религија.
Во Либија до денешен ден не се знае кој е легитимна власт во државата, а кој не. Таканаречените борци за слобода и демократија кои САД, НАТО и ЕУ без никакво двоумење ги поддржуваа во соборувањето на Моамер Гадафи, денес водат меѓусебни борби за превласт во одредени области, во одредени градови и села, а некаде водат меѓусебни борби за превласт и во одредени улици, а бројот на цивилни жртви и понатаму расте. Иронично е тоа што на крајот испадна дека Моамер Гадафи ја говорел вистината кога говорел дека таканаречените борци за слобода и демократија се поранешни криминалци, а не политички затвореници, голем дел од тие луѓе навистина испаднаа убијци, силувачи, педофили, наркодилери и што ли уште друго не, а западот токму нив ги поддржа за да донесат слобода и демократија во Либија.
Во Сирија, таканаречените борци за слобода и демократија веќе почнале да им се закануваат на христијаните и на Евреите дека ги чека смрт откако ќе го соборат Башар ал Асад. Колку чудно, наводно соборуваат диктатор, а веќе најавуваат истребување на немуслимани откако ќе го соборат диктаторот, ова е многу чудна демократија, не гледам на Балканот да се примени истата политика кон муслиманите, кои исто така не се автохтони.
Поентата не ми беше кој на чија страна е, туку дека без разлика каква е надворешната држава на Русија, на САД, на Кина, на Велика Британија, на Франција, на Германија, или на било која друга држава која се занимава со продажба и извоз на оружје и муниција, крајната цел е профит, без воопшто земање во предвид на човечките жртви, кои секогаш ги има во изобилие.
...
Секако дека одредени радикални исламистички групи ќе се обидат да го максимизираат “профитот“ со чистење на своите територии, исто како и Албанците кои во намерата за креирање голема Албанија пропагираат и екстремни исламистички пораки и се обидуваат да го исчистат теренот “во име“ на Исламот.
Сите овие дејствија се вкалкулирани во развојот на насилствата кои ги произведува САД и НАТО и тие секогаш ќе бидат искористувани како завеса зад нивното остварување профити.
Стратешки гледано, освојувањето и придобивањето на сите земји кои го опкружуваат региониот околу Иран, претставува олеснителна околност во евентуалната воена офанзива над Иран.
Очигледно Русија има поинакви планови.
Не се обидуваат да го максимизираат "профитот", туку веќе го спроведуваат својот план за етничко чистење на дело, а западот молчи, исто како што и истокот молчи, односно Русија и Кина молчат од тотално оправдливи причини, бидејќи и нив, исто како и западот, ги интересира исклучиво профитот.
Иран е непослушното дете, кое се осмели да му го сврти грбот на западот со исламистичката револуција во 1979 година, со која беше соборен владејачкиот режим на шахот, а беше воспоставен радикален исламистички режим на чело со ајатолахот.
Можеби САД ќе се обидеа да ја задушат револуцијата на почетокот на 1980-те години, но неочекувано, иако водеше во сите анкети и цел свет очекуваше да освои втор претседателски мандат, сепак Џими Картер изгуби на претседателските избори 1980 во САД од страна на неговиот противник Роналд Реган, кој повеќе се фокусираше на борење против советските вооружени сили во Авганистан и против ширењето на социјализмот во западната хемисфера, како што беше во случајот со американската инвазија на Гренада, отколку да се замара со задушување на исламистичката револуција и со враќање на шахот на власт во Иран.
Секако дека САД сакаат нивни марионети да бидат на власт во Иран, која е една од државите со најголеми резерви на нафта во светот, а истовремено и да ги остават Русија и Кина без доста важен купувач на нивните оружја и муниции, на кого Русија му помага во развивањето на сопствена нуклеарна технологија.
Но за мене лично, вистинската опасност во Иран е радикалниот исламистички режим кој постојано повторува како расипана плоча дека ќе го уништи Израел и ќе ги истера Евреите во морето. Тие луѓе не се закануваат со празни зборови, туку активно работат на масовно вооружување и сакаат да имаат нуклеарно вооружување, не само со цел целосно етничко чистење на Блискиот Исток од немуслимани, туку и со цел понатамошно етничко чистење каде што има муслимански малцинства, а Балканот е едно од тие места каде што има муслимански малцинства и воопшто не треба заканите на радикалниот исламистички режим во Иран да се сметаат за празни закани, бидејќи прашање на време е додека да станат реални, поради што се повеќе станува прифатливо решението кое предвидува неутрализирање на иранската воена сила.
А плановите на Русија во Иран, исто како и плановите на Кина, се остварување на што е можно поголем профит од продажба на оружје и од помагање во збогатување на иранскиот ураниум, без разлика дали истиот ќе биде користен за енергетски цели или за воени цели.
Пред мене ја држам книгата „ Nuklearne strategije supersila “,автор Радован Вукадиновиќ, издание 1985
На страна 339 е дадена проценка: САД : СССР = 100 : 55
Не знам на што се однесува соодносот во проценката, меѓутоа ако судиме според нуклеарниот арсенал, САД имаше предност се до 1978 година, кога СССР ги надмина во поседот на боеви глави.
И понатаму проценките од 2006 година покажуваат надмоќност на Русија со 6000 боеви глави повеќе од САД.
Robert S. Norris and Hans M. Kristensen, "Global nuclear stockpiles, 1945-2006,"
Bulletin of the Atomic Scientists 62, no. 4 (July/August 2006), 64-66.
Тоа и јас сакав да го спомнам.
Претпоставувам дека Русија ја поседува најголемата количина на нуклеарни боеви глави во светот, но без разлика дали тоа е вистина или не, едно е 100% сигурно, а тоа е фактот дека Русија дефинитивно поседува далеку поголем број на нуклеарни боеви глави во споредба со САД.