Русија - смена во надворешната политика?

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107
Полска ја дадов како пример од аспект на моменталната ситуација во Украина. Поентата со Русија е дека е голема. Истовремено е на далечниот исток, средниот исток, блискиот исток, кавказот и во Европа...... Подобар непријател за една студена војна, неможеш да најдеш. Трката за вооружување бара достоен ривал, за да полесно буџетските пари биваат одлевани во воените фабрики.
Не можам а, да не се согласам со ова, точно, Русија е џинот што секогаш стоел на патот на Западот. Точно е и дека воените контрактори сакаат трка за вооружување. Но тука станува збор за бизниси многу поголеми од тие на воената индустрија. Патем, за бизниси кои ја исклучуваат воената индустрија. Боинг (малку иронично, затоа што Боинг е еден од главните воени партнери на Пентагон) им продава авиони на Руски авио компании. Замисли, амерканска фирма продава авиони на Руски авиокомпании. Ова пред 2 децении беше невозможно да се помисли, а камоли да се оствари. Замисли, Газпром и БП соработуваат. Овие се само мал број примери, од целокупната економска соработка меѓу Русија и Западот. На воената индустрија можеби не и оди најдобро последните неколку години (во спореба со Студената војна), но одлично профитабилни се. Сигурно нема да зафркнат се што изградија последниве години, за само воената индустрија да има екстра профит.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.972
Нема подобар изговор од Студена Војна за повторно прекумерно вооружување и полнење на џебовите на корпорациите за воена опрема. Затоа оваквиот расплет најмногу им одговара на америчките корпорации за кои е познато дека финансираат и извезуваат воени конфликти.

Замолив некаде да се проверат бизнис релациите на Џон Меккејн кој симптоматично се појавува точно минута пред да избие нова војна и има улога на воено славејче кое отворено заговара “воена помош“ на засегнатата страна, денеска тоа го направи со Украина за која побара од Обама да се даде помоќно оружје на Украина.
John McCain wants to send weapons to Ukraine
http://beforeitsnews.com/opinion-conservative/2014/03/john-mccain-wants-to-send-weapons-to-ukraine-2821934.html

А во минатото истото го правеше и во Сирија и претпоставувам на другите жаришта:
John McCain: Syrian Rebels Need Heavy Weapons
http://www.huffingtonpost.com/2013/05/31/john-mccain-syrian-rebels_n_3368036.html

Во Либија:
McCain called on all nations, especially the U.S., to recognize the National Transitional Council in Benghazi. He said some of the Gadhafi regime’s frozen assets should be redirected to the rebels and the U.S. should facilitate the delivery of weapons to rebel fighters. He clarified that by facilitate he meant not directly arming the rebels, but ensuring that they receive weapons as the U.S. did in the 1980s with the mujahideen battling the Russians in Afghanistan.

According to a September 2012 Land Destroyer report:

The men McCain was defending were Libyan Islamic Fighting Group (LIFG) militants, terrorists linked directly with Al Qaeda according to West Point reports (.pdf), and listed to this day by the US State Department, the UK Home Office (.pdf), and the UN as a “foreign terrorist organization.” McCain was not only rhetorically supporting listed terrorists, but calling for material support including weapons, funds, training, and air support in direct violation of USC § 2339A & 2339B, “providing material support or resources to designated foreign terrorist organizations.” Tony Cartalucci, US-Backed Terrorists Murder US’ Own Ambassador in Libya, Land Destroyer Report, September 2012)

http://www.globalresearch.ca/senator-john-mccain-foreign-relations-adviser-to-al-qaeda-death-squads-in-syria/5348383?print=1

Досега успеав да најдам еден интересен текст во кој се вели дека на име на сопругата имал офшор сметки на кои стигале пари од разни корпорации:

John McCain’s Wife Hiding War Profits, Untaxed Off-Shore Accounts?
http://www.veteranstoday.com/2013/08/15/john-mccains-wife-hiding-war-profits-untaxed-off-shore-accounts/
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Макфол предвидува враќање на „студената војна“

Поранешниот амбасадор на САД во Москва, Мајкл Макфол, смета дека односите на САД и Русија влегуваат во една нова фаза, фаза која наликува на времето на „студената војна“, пренесува „Газета.ру“.
„Идеолошката борба меѓу авторитаризмот и демократијата повторно се појавува. Заштитата на европските држави од руската агресија повторно има првостепено значење“, напиша Макфол на својот Фејсбук.
Според мислењето на дипломатот, приоритет на САД и нивните европски сојузници повторно треба да стане „поддршката на ранливите држави, пред сѐ Украина“. Освен тоа, Макфол укажа на можната политизација на водењето бизнис со руските и западните компании.
„Најтажното од сѐ е тоа што во обидите да се изолира рускиот режим, многу Руси, кои инаку не се поврзани со владата, исто така, ќе го почувствуваат врз себе ефектот на изолацијата. Се надевам дека овој темен период нема да трае долго како „студентата војна“, подвлече Макфол.
Нема подобар изговор од Студена Војна за повторно прекумерно вооружување и полнење на џебовите на корпорациите за воена опрема. Затоа оваквиот расплет најмногу им одговара на америчките корпорации за кои е познато дека финансираат и извезуваат воени конфликти.

Замолив некаде да се проверат бизнис релациите на Џон Меккејн кој симптоматично се појавува точно минута пред да избие нова војна и има улога на воено славејче кое отворено заговара “воена помош“ на засегнатата страна, денеска тоа го направи со Украина за која побара од Обама да се даде помоќно оружје на Украина.
John McCain wants to send weapons to Ukraine
http://beforeitsnews.com/opinion-conservative/2014/03/john-mccain-wants-to-send-weapons-to-ukraine-2821934.html

А во минатото истото го правеше и во Сирија и претпоставувам на другите жаришта:
John McCain: Syrian Rebels Need Heavy Weapons
http://www.huffingtonpost.com/2013/05/31/john-mccain-syrian-rebels_n_3368036.html

Во Либија:
McCain called on all nations, especially the U.S., to recognize the National Transitional Council in Benghazi. He said some of the Gadhafi regime’s frozen assets should be redirected to the rebels and the U.S. should facilitate the delivery of weapons to rebel fighters. He clarified that by facilitate he meant not directly arming the rebels, but ensuring that they receive weapons as the U.S. did in the 1980s with the mujahideen battling the Russians in Afghanistan.

According to a September 2012 Land Destroyer report:

The men McCain was defending were Libyan Islamic Fighting Group (LIFG) militants, terrorists linked directly with Al Qaeda according to West Point reports (.pdf), and listed to this day by the US State Department, the UK Home Office (.pdf), and the UN as a “foreign terrorist organization.” McCain was not only rhetorically supporting listed terrorists, but calling for material support including weapons, funds, training, and air support in direct violation of USC § 2339A & 2339B, “providing material support or resources to designated foreign terrorist organizations.” Tony Cartalucci, US-Backed Terrorists Murder US’ Own Ambassador in Libya, Land Destroyer Report, September 2012)

http://www.globalresearch.ca/senator-john-mccain-foreign-relations-adviser-to-al-qaeda-death-squads-in-syria/5348383?print=1

Досега успеав да најдам еден интересен текст во кој се вели дека на име на сопругата имал офшор сметки на кои стигале пари од разни корпорации:

John McCain’s Wife Hiding War Profits, Untaxed Off-Shore Accounts?
http://www.veteranstoday.com/2013/08/15/john-mccains-wife-hiding-war-profits-untaxed-off-shore-accounts/
Распаѓањето на Советскиот Сојуз испадна најлошото нешто што можеше да им се случи на САД на крајот од 1980-те години и почетокот на 1990-те години, бидејќи заврши Студената Војна и социјалистичката закана ја снема. Пијаницата Борис Јелцин беше избран за претседател на Русија, а подоцна со помош на ЦИА беше и реизбран во наместени избори, а воената индустрија почна да губи добар број на договори, бидејќи ако нема војни, тогаш нема потреба ни од оружје и муниција, а немање потреба од оружје и муниција буквално е смртна пресуда за воената индустрија.

Затоа беа потребни Првата Заливска Војна позната како Операција Пустинска Бура во периодот 1990-1991 година, војните на Балканот во 1990-те години на територијата на Југославија, затоа беа потребни косовската криза и бомбардирањето на Југославија кои им дојдоа како благослов на американските компании кои произведуваат оружје и муниција, а терористичките напади на 11 септември 2001 и почетокот на борбата против тероризмот беа добивка на лотарија за американската воена индустрија, која на дебело профитираше од инвазијата на Авганистан и од Втората Заливска Војна позната како Операција Слобода за Ирак од 2003 година.

Но ни Југославија, ни Авганистан, ни Ирак не можат да надоместат за загубите кои воената индустрија ги трпи, на производителите на оружје и муниција едноставно им треба долготрајна војна од типот на Виетнамската Војна, па затоа и не треба да се изненадиме ако крвопролевањата во Сирија потраат уште неколку години, а најавите за нова Студена Војна не се ништо ново, додека американските историчари и политичари од една страна ги величат Роналд Реган и Маргарет Тачер како заслужни за падот на берлинскиот ѕид и за распаѓањето на Советскиот Сојуз, воената индустрија и нејзините лобисти од друга страна плукаат по Реган и Тачер бидејќи буквално им го одзедоа лебот на воените профитери.

Американскиот генерал и 34-ти претседател на САД, Двајт Ајзенхауер, во својот последен говор од Белата Куќа пред да го заврши својот втор и последен претседателски мандат во јануари 1961, убаво спомнал дека американците мораат да се чуваат и пазат себеси од воениот индустриски комплекс.

Но за жал, добар дел од неписмените американци, навлечени на Ким Курдашијан, Мињонсе, Лејди Кака и останатите од нивни калибар, не ни знаат што значи изразот воен индустриски комплекс.

Од тука следува заклучокот дека нова Студена Војна и тоа како само е добредојдена од страна на американската воена индустрија, која секогаш профитира на дебело од било кои и било какви крвопролевања во кои САД се вмешани на било каков начин.

Се разбира, тука има профит и за лобистите на воената индустрија, како што е поранешниот воен затвореник од Виетнам, еден од осомничените за пожарот на американскиот носач на авиони Форестал од 1967 година, главниот виновник за оштетување на далноводи во Шпанија додека летал со својот борбен авион, поради што бројни населени места подолг временски период останале без струја, поранешниот кандидат за претседател на САД од редовите на Републиканската Партија за време на редовните претседателски избори 2008 во САД, пратеникот во американскиот Сенат и се разбира, воениот профитер - Џон Мекејн.

Поентата на Ајзенхауер од 1:40 до 1:50.

Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
За "весникот" што го цитираш може да пишува секој, дури и јас и ти. Колку повеќе прегледи добие твојата статија, толку повеќе пари заработуваш.
На "новинарите" им е во интерес статиите да се бомбастични.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
How do Guardian Liberty Voice writers get paid?

GLV writers are paid through an ad per impression model. This means that if you choose to write for the GLV, you will be paid on a CPM basis for four ads per page. In plain English, that means for every 1,000 views your article gets, you will earn a certain amount of money. This amount changes but at least for now, it often ranges between one to three dollars. To put it simply, an article with 5,000 views would earn money in this way.

5,000 (views) / 1,000 * 4 (ads per page, assuming $1 value and it's usually higher) = $20

Part of these earnings then go towards the GLV and part of these earnings are awarded to the writer via a commission. Commission rates also vary. This is not the only way to earn money as a GLV writer. Editors earn money for five ads per page on their articles as opposed to four. Trainers earn a certain percentage of all trainees income and team leaders also earn a percentage of their team members income. The GLV is always looking for higher quality advertisers, meaning that the numbers I am presenting now will likely be much larger if you are reading this in the future.

http://guardianlv.com/about-us/
http://guardianlv.com/work-for-the-guardian/
Is Guardian Liberty Voice a Scam?
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.333
Погрешна информација. Добро што ме оправи.(y)
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
За "весникот" што го цитираш може да пишува секој, дури и јас и ти. Колку повеќе прегледи добие твојата статија, толку повеќе пари заработуваш.
На "новинарите" им е во интерес статиите да се бомбастични.
Значи не е во ред да се пишуваат слободни текстови?

Во случај кога имаме политичко-медиумски пропаганди на висока скала од страна на најголемите информативни корпорации, ти најде за неопходно да упатиш забелешка на редакцијата на овој скромен интернет портал.

И што е најинтересно не го забележа ова на крајот од текстот:

By Jerry Nelson

Sources
First Post
GuardianLV
Voice of Russia
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Значи не е во ред да се пишуваат слободни текстови?

Во случај кога имаме политичко-медиумски пропаганди на висока скала од страна на најголемите информативни корпорации, ти најде за неопходно да упатиш забелешка на редакцијата на овој скромен интернет портал.

И што е најинтересно не го забележа ова на крајот од текстот:

By Jerry Nelson

Sources
First Post
GuardianLV
Voice of Russia
Ги проверив и тие извори, но во нив немаше ништо за руски воени бази во Аргентина.

Види, не ми е целта да одам контра на некој, увидов дека информацијата не е точна и сакав да укажам на тоа.
Секоја информација што ја постирам на форумов, пробувам да ја потврдам од различни извори во случај да е дезинформација.
Но, колку и да си претпазлив, некогаш интернетот ќе те излаже. И мене ми се случувало истото и ти ме прекори дека сум постирал "бљувотини".
Jа поздравувам секоја корекција и демант, на информациите пренесени на форумов.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Веста ми изгледаше сумничава од неколку причини:
  1. Тоа би било огромна вест. Русија после толку години укотви еден воен брод во Куба и сите медиуми ја пренесоа таа вест како да е голема работа. Дента кога би се договорило градење руски воени бази во американската хемисфера, тоа ќе е вест на деценијата.
  2. СССР беше глобална сила, Русија сеуште е регионална. СССР никогаш немаше воени бази во Северна и Јужна Америка. Пробаа да изградат во Куба, Американците ќе го уништеа светот, но не дозволија. Во моментов, секој премиер или председател од Ј или С Америка, што би потпишал договор за воени бази, со тоа би потпишал или смртна пресуда или паѓање од власт. Путин тоа го знае и не би ги жртвувал малкумината пријатели во тој регион.
  3. Како што реков Русија е регионална сила. Путин треба да го среди својот двор за да игра глобално.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

List of Soviet Union military bases abroad

"Under the Constitution, we cannot establish foreign military bases in our country," - Venezuelan Foreign Minister Elías Jaua in a press conference in Brazil.
El Universal - Caracas

Vice-President of Nicaragua Omar Halleslevens and army commander General Julio Cesar Aviles both said establishing a base would breach the nation's Constitution.
ITAR-TASS
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Да речеш дека Русија е регионална сила и да ја израмниш со тоа да речеме со Пакистан, Турција и слични држави е надвор од умот и е елементарно непознавање на светските текови. Русија неможе да се спореди ниту со Кина, а камо ли со вакви третокласни сили.

Збориме за држава која има нуклеарни боеви глави повеќе од сите други држави заедно. Целосно неприкосновена и доминантна вселенска програма. Тотално надмоќна ракетна технологија и неприкосновен противвоздушен систем. Притоа да напоменеме дека армијата на Кина 2/3 е вооружена од оружје со Руско потекло од 4та генерација.

Што тоа подразбираш под светска сила, а што под регионална?
 
Дали некоја земја е глобална или регионална сила се мери по дофатот на нејзината воена и политичка моќ.

На пример, Русија да сака утре да изврши инвазија на Никарагва, многу тешко.
Зошто? Нема армиски бази во близина, има само еден носач на авиони и нема морнарички бази за складирање и дотур на гориво.

САД ако сака да го нападне Иран на пример, има бази скоро во секоја соседна држава. Тоа е според мене мерило.

Американски воени бази во близина на Иран:

И во друг пост реков, Русија е на прав пат, но не сеуште. Мислам дека Русија е регионална сила, со потенцијал за глобална моќ.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Дали некоја земја е глобална или регионална сила се мери по дофатот на нејзината воена и политичка моќ.

Многу експерти се помалку оптимистични од тебе и ја сметаат на Русија за регионална сила, со потенцијал за глобална моќ.

На пример, Русија да сака утре да изврши инвазија на Никарагва, многу тешко.
Зошто? Нема армиски бази во близина, има само еден носач на авиони и нема морнарички бази за складирање и дотур на гориво.

САД ако сака да го нападне Иран на пример, има бази скоро во секоја соседна држава. Тоа е според мене мерило.

Американски воени бази во близина на Иран:

Второ, економски.
Ако го земеш БДП-то на сите земји на БРИКС и го помножиш со 2, ќе го добиеш БДП-ти на САД.

И во друг пост реков, Русија е на прав пат, но не сеуште.
Тоа е до доктрината на една држава, а не до проекцијата на воената моќ. Има повеќе начини за воена интервенција во некоја држава и регион, едниот од нив е ракетен напад, било тоа да е конвенционален или нуклеарен, Русија со својата технологија предничи во тоа. Понатаму, да се направи авионски напад, во било кој дел од светот и на крај и да се изврши десант исто така во било кој дел од светот, било морнарички било да е во прашање воздушен десант.

Разликата во доктрината помеѓу САД и Русија е што Русија нема потреба да задржува во окупација територии кои се далеку од Русија заради минерали или енергенси од причина што Русија ги има на претек, а окупацијата кошта сама по себе и човечки жртви и пари и политичка нестабилност. Само медиумска кампања за внатрешна употреба на САД за подршка на една војна во Ирак кошта баснословни суми.

Доктрината на Русија е да гради стабилно партнерство и да игра на подолги патеки, за разлика од САД која во држави попут Ирак се понаша по онаа Српската „држи воду док мајстори не оду“. При што во државите кај што делува создава пред се антагонизам.

Што се однесува до економијата, економските показатели на САД ако ги гледаш према БДП се навидум големи и недостижни, меѓутоа како што кажав тие показатели се прво зависни од ресурсите на териториите каде што имаат привремена окупација (тн демократизација). Овие окупации како што кажав имат цена, која ја плаќаат граѓаните на САД, а од друга страна од тие окупации имаат највеќе придобивка поединци.

Поради се поголем дебаланс економската ситуација во САД се повеќе се усложнува, поради што се повеќе се задолжува за да одржи каков таков баланс внатре во САД. Тоа во моментов не изгледа како проблем за САД, имајќи во предвид дека имаа доминантна улога во светската политика. Меѓутоа како идат работите, Русија цврсто застана на своите ставови. Ваквата ситуација на теренот во прв момент се одразува врз економската стабилност. Да се подсетиме светската криза почна 2008 година, можеби е неповрзано, но е индикативно што таа година се случи петдневната војна.
------
Иначе кога сме веќе кај логистика, Русија иде доста понапред од САД и во тој поглед:
http://mk.rbth.com/multimedia/infographics/2013/08/05/prvata_plovecka_nuklearna_centrala_vo_svetot_24993.html

http://mk.rbth.com/news/2013/07/09/izgradbata_na_prvata_plovecka_nuklearna_centrala_na_svetot_ke_bide_dovrs_23957.html
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
@jamajka

Причина за тоа што не се разбираме е тоа што јас зборувам за моменталната ситуација, а ти зборуваш за иднината.

Ти опишуваш некаква идна дегенерација и крах на американската економија, некои идни руски проекти.

Сето тоа е во ред. Мене ми е јасно дека Русија е во нагорна траекторија, но исто ми е јасно дека треба тој курс да го одржи уште 10-20 години за да им конкурира на САД.

За доктрините:
Има само една доктрина за проекција на сила, од памтивек. Морковот и стапот.
За послушните - морков (економска и воена помош), за непослушните - стап (бомби, инвазии, атентати). Секоја сила се користела и ќе се користи со тоа. И Русија исто. Украина дури беше послушна- морков, сега-стап.

Во моментов рускиот "стап" е во рамките на нивното соседство, а рускиот "морков" до кај што им се протегаат гасоводите.

За ресурсите:
СССР ги имаше истите ресурси, дури и повеќе, па се распадна. Не е поентата само да ги имаш, туку да знаеш како да ги искористиш. Погледни ја Африка.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.226
Поени од реакции
84.189
Во светската политичка дипломатија, крајниот збор сепак го имаат нуклеарните боеви глави, како ултимативен дострел во историјата на вооружувањето. Ако земјата со најголем број нуклеарни глави ја нарекуваш регионална сила, тогаш другите што се?
Русија не може никогаш да биде регионална сила со самиот факт дека се простира на поголем дел од од светските меридијани. Кој факинг регион е тоа? Регионот на планетата Земја?
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Русија нуди 15,5 милијарди евра инвестиции во северна Бугарија

Русија е подготвена да инвестира над 3 милијарди евра во развојот на основната транспортна инфраструктура во Црното Море и реката Дунав , за која ЕУ не ни додели речиси никакви средства .

Ова стана јасно по срештaта на членови на Бугарско- руската стопанска и индустриска комора со премиерот Пламен Орешарски и министрите за транспорт и економијата Данаил Папазов и Драгомир Стојнев . Еден од проектите кои ќе бидат вложени дел од средствата е сеопфатна модернизација на пристаништето Варна , вклучувајќи и поместување на терминал " Исток " во каналот.

Изградба на сообраќајна и железничката автопат помеѓу Варна и Русе , довршување на "Хемус " и модернизација на линијата Варна - Горна Орјаховица - Софија се други проекти , во кои сака да влага Русија . Ова го соопшти Георги Минчев , заменик-претседател на Управниот одбор на Бугарско- руската стопанска и индустриска комора .

Предлогот беше упатено неодамна директно кон министерот за транспорт Данаил Папазов . Тоа е од Андриј Валентинович Синебок , сопственик на Азовско морски порта и на групата компании "Ц" научи "Стандард" . Со него биле запознаени и другите членови на кабинетот " Орешарски " , вклучувајќи и самиот премиер , тврдат осведомен од Бугарско- руската стопанска и индустриска комора .

Предлогот не е поради сегашните односи меѓу Русија и Украина , објаснија од палатата . Тоа било направено уште пред околу една година и во кабинетот " Борисов " , но остана без одговор , посочија запознаени .

Покрај тоа, Русија предлага да инвестира и 12,5 милијарди евра за реиндустриализација на Бугарија . Предлогот е во тесна врска со проектот "Јужен поток ", коментираа уште бизнисмени. Инвестицијата предвидува изградба на фабрики за преработка на дел од природниот гас, кој ќе минува по " Јужен поток " , во азотни ѓубрива , алкохол , полимери и други производи на органската хемија . Тоа е огромна шанса и за оживување на " Химко ", коментираа уште од палатата .

на бугарски http://darikfinance.bg/novini/105595/%D0%F3%F1%E8%FF+%ED%E8+%EF%F0%E5%E4%EB%E0%E3%E0+15.5+%EC%EB%F0%E4.+%E5%E2%F0%EE+%E8%ED%E2%E5%F1%F2%E8%F6%E8%E8

http://www.standartnews.com/biznes-ikonomika/rusiya_ni_predlaga_e3_mlrd_investitsii-231367.html
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
@ЛУДОГОРЕЦ
Коментарите под веста на Стандарт се интересни за читање.
истите ќе бидат ако во скопје разберат дека такви пари ќе бидат инвестирани само во источна македонија.Такви луѓе не веруваа дека Руси ќе купуваат станови во Бугарија а само за последните 2-3 години се купени барем 100 000 стана от руси.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom