Макфол предвидува враќање на „студената војна“
Поранешниот амбасадор на САД во Москва, Мајкл Макфол, смета дека односите на САД и Русија влегуваат во една нова фаза, фаза која наликува на времето на „студената војна“, пренесува „Газета.ру“.
„Идеолошката борба меѓу авторитаризмот и демократијата повторно се појавува. Заштитата на европските држави од руската агресија повторно има првостепено значење“, напиша Макфол на својот Фејсбук.
Според мислењето на дипломатот, приоритет на САД и нивните европски сојузници повторно треба да стане „поддршката на ранливите држави, пред сѐ Украина“. Освен тоа, Макфол укажа на можната политизација на водењето бизнис со руските и западните компании.
„Најтажното од сѐ е тоа што во обидите да се изолира рускиот режим, многу Руси, кои инаку не се поврзани со владата, исто така, ќе го почувствуваат врз себе ефектот на изолацијата. Се надевам дека овој темен период нема да трае долго како „студентата војна“, подвлече Макфол.
Нема подобар изговор од Студена Војна за повторно прекумерно вооружување и полнење на џебовите на корпорациите за воена опрема. Затоа оваквиот расплет најмногу им одговара на америчките корпорации за кои е познато дека финансираат и извезуваат воени конфликти.
Замолив некаде да се проверат бизнис релациите на Џон Меккејн кој симптоматично се појавува точно минута пред да избие нова војна и има улога на воено славејче кое отворено заговара “воена помош“ на засегнатата страна, денеска тоа го направи со Украина за која побара од Обама да се даде помоќно оружје на Украина.
John McCain wants to send weapons to Ukraine
http://beforeitsnews.com/opinion-conservative/2014/03/john-mccain-wants-to-send-weapons-to-ukraine-2821934.html
А во минатото истото го правеше и во
Сирија и претпоставувам на другите жаришта:
John McCain: Syrian Rebels Need Heavy Weapons
http://www.huffingtonpost.com/2013/05/31/john-mccain-syrian-rebels_n_3368036.html
Во
Либија:
McCain called on all nations, especially the U.S., to recognize the National Transitional Council in Benghazi. He said some of the Gadhafi regime’s frozen assets should be redirected to the rebels and the
U.S. should facilitate the delivery of weapons to rebel fighters. He clarified that by facilitate he meant not directly arming the rebels, but ensuring that they receive weapons
as the U.S. did in the 1980s with the mujahideen battling the Russians in Afghanistan.
According to a September 2012 Land Destroyer report:
The men McCain was defending were Libyan Islamic Fighting Group (LIFG) militants, terrorists linked directly with Al Qaeda according to
West Point reports (.pdf), and listed to this day by the
US State Department, the
UK Home Office (.pdf), and
the UN as a “foreign terrorist organization.”
McCain was not only rhetorically supporting listed terrorists, but calling for material support including weapons, funds, training, and air support in direct violation of USC § 2339A & 2339B, “providing material support or resources to designated foreign terrorist organizations.” Tony Cartalucci,
US-Backed Terrorists Murder US’ Own Ambassador in Libya, Land Destroyer Report, September 2012)
http://www.globalresearch.ca/senator-john-mccain-foreign-relations-adviser-to-al-qaeda-death-squads-in-syria/5348383?print=1
Досега успеав да најдам еден интересен текст во кој се вели дека на име на сопругата имал офшор сметки на кои стигале пари од разни корпорации:
John McCain’s Wife Hiding War Profits, Untaxed Off-Shore Accounts?
http://www.veteranstoday.com/2013/08/15/john-mccains-wife-hiding-war-profits-untaxed-off-shore-accounts/
Распаѓањето на Советскиот Сојуз испадна најлошото нешто што можеше да им се случи на САД на крајот од 1980-те години и почетокот на 1990-те години, бидејќи заврши Студената Војна и социјалистичката закана ја снема. Пијаницата Борис Јелцин беше избран за претседател на Русија, а подоцна со помош на ЦИА беше и реизбран во наместени избори, а воената индустрија почна да губи добар број на договори, бидејќи ако нема војни, тогаш нема потреба ни од оружје и муниција, а немање потреба од оружје и муниција буквално е смртна пресуда за воената индустрија.
Затоа беа потребни Првата Заливска Војна позната како Операција Пустинска Бура во периодот 1990-1991 година, војните на Балканот во 1990-те години на територијата на Југославија, затоа беа потребни косовската криза и бомбардирањето на Југославија кои им дојдоа како благослов на американските компании кои произведуваат оружје и муниција, а терористичките напади на 11 септември 2001 и почетокот на борбата против тероризмот беа добивка на лотарија за американската воена индустрија, која на дебело профитираше од инвазијата на Авганистан и од Втората Заливска Војна позната како Операција Слобода за Ирак од 2003 година.
Но ни Југославија, ни Авганистан, ни Ирак не можат да надоместат за загубите кои воената индустрија ги трпи, на производителите на оружје и муниција едноставно им треба долготрајна војна од типот на Виетнамската Војна, па затоа и не треба да се изненадиме ако крвопролевањата во Сирија потраат уште неколку години, а најавите за нова Студена Војна не се ништо ново, додека американските историчари и политичари од една страна ги величат Роналд Реган и Маргарет Тачер како заслужни за падот на берлинскиот ѕид и за распаѓањето на Советскиот Сојуз, воената индустрија и нејзините лобисти од друга страна плукаат по Реган и Тачер бидејќи буквално им го одзедоа лебот на воените профитери.
Американскиот генерал и 34-ти претседател на САД, Двајт Ајзенхауер, во својот последен говор од Белата Куќа пред да го заврши својот втор и последен претседателски мандат во јануари 1961, убаво спомнал дека американците мораат да се чуваат и пазат себеси од воениот индустриски комплекс.
Но за жал, добар дел од неписмените американци, навлечени на Ким Курдашијан, Мињонсе, Лејди Кака и останатите од нивни калибар, не ни знаат што значи изразот воен индустриски комплекс.
Од тука следува заклучокот дека нова Студена Војна и тоа како само е добредојдена од страна на американската воена индустрија, која секогаш профитира на дебело од било кои и било какви крвопролевања во кои САД се вмешани на било каков начин.
Се разбира, тука има профит и за лобистите на воената индустрија, како што е поранешниот воен затвореник од Виетнам, еден од осомничените за пожарот на американскиот носач на авиони Форестал од 1967 година, главниот виновник за оштетување на далноводи во Шпанија додека летал со својот борбен авион, поради што бројни населени места подолг временски период останале без струја, поранешниот кандидат за претседател на САД од редовите на Републиканската Партија за време на редовните претседателски избори 2008 во САД, пратеникот во американскиот Сенат и се разбира, воениот профитер - Џон Мекејн.
Поентата на Ајзенхауер од 1:40 до 1:50.