Забележувам дека фановите на Архангел (посебно помладите) се збунети и недоволно информирани за тоа кои се вистинските членови на групата и кој од нив ќе настапува на 20. декември. За тоа тие не се виновни, бидејќи во периодот по издавањето на последниот албум 2003, во „Архангел“ продефилираа најразлични свирачи кои го изведуваа веќе постоечкиот комплетен репертоар, оформен и создаден од:
Според реден број на албумот: Ристо Вртев (1, 2, 3, 4) Драган Гиновски (1, 2, 3, 4) Петар Јанков (1, 2, 3) Димитар Димовски (1, 3, 4) и Михаил Парушев (2).
Според број на песни со потпишано авторство: Ристо Вртев (36) Петар Јанков (2) и Драган Гиновски (1).
Според инструменталните аранжмани: сите горе наведени.
На 20.декември, од Архангел ќе учествува само Ристо Вртев.
Ова е 100% веродостојно.
Ако фановите на Guns N' Roses може да ги знаат хороскопските знаци (и подзнаци) на членовите, тогаш ред е фановите на Архангел да ги знаат барем имињата на членовите на групата.