Рок спектакл на Архангел во СЦ Борис Трајковски 20.12.2013

Член од
2 јули 2012
Мислења
8
Поени од реакции
17
Забележувам дека фановите на Архангел (посебно помладите) се збунети и недоволно информирани за тоа кои се вистинските членови на групата и кој од нив ќе настапува на 20. декември. За тоа тие не се виновни, бидејќи во периодот по издавањето на последниот албум 2003, во „Архангел“ продефилираа најразлични свирачи кои го изведуваа веќе постоечкиот комплетен репертоар, оформен и создаден од:

Според реден број на албумот: Ристо Вртев (1, 2, 3, 4) Драган Гиновски (1, 2, 3, 4) Петар Јанков (1, 2, 3) Димитар Димовски (1, 3, 4) и Михаил Парушев (2).

Според број на песни со потпишано авторство: Ристо Вртев (36) Петар Јанков (2) и Драган Гиновски (1).

Според инструменталните аранжмани: сите горе наведени.

На 20.декември, од Архангел ќе учествува само Ристо Вртев.

Ова е 100% веродостојно.

Ако фановите на Guns N' Roses може да ги знаат хороскопските знаци (и подзнаци) на членовите, тогаш ред е фановите на Архангел да ги знаат барем имињата на членовите на групата.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Барем се предомислија од ATTENDING луѓе што идат само кај што им иде друштвото, или што воглавно си слушаат поп. На раат. :)
 
Член од
6 септември 2012
Мислења
75
Поени од реакции
35
Си земав јас карти и крај. Се додека главниот вокал е Ристо немам проблем инструменталниот дел верувам дека ќе биде достојно отсвирен од бројни музичари кои можат да го доловат оригиналниот звук а не се дел од првичната постава, нешто што не може да се каже и доколку се смени вокалот... А кој си бара изговори нека си седи дома и нека си слуша цедиња.
Кога сме тука има некоја збиранка за концертов или слабо?

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
До сеа не сум видел добар концерт во оваа сала. Веројатно и овој ќе биде таков.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.175
Поени од реакции
15.985
До сеа не сум видел добар концерт во оваа сала. Веројатно и овој ќе биде таков.
Шо не закачиш и овде некоја статија објавена од Meталург?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
На фб го хејта чудово.......дај некој нека чкрапни опис два.
Ме интересира како поминало.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
^ Првото нешто што го помислив кога слушнав Архангел и Филхармонија - помислив на Рубин Кармин. Зошто не ја свиреа таа песна?
Второ, Филхармонија не го чуваше грбот на Архангел, немаше Архангел, имаше Ристо Вртев и драгите пријатели.
Поприлично сум разочарана, не дека очекував многу повеќе, ама шознам бе.. Незнам немам зборови, не сум импресионирана. Архангел имаат преубави текстови, преубави песни, ги сакам, ги слушав, ги слушам и ќе ги слушам, и ги ценам, ама ова од вечерва.. ај, доста, да не си отворам рана. :oops: Доста разочарувачки ми беше Ред Џон у Менталист, уште ова и.. ај.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Шо хејтате бре, арен си беше концертот, јес да можеше да трае уште малце да чуевме уште 2-3 песни. Поздрав до екипата, специјално за вас информација- додека возев назад накај дома на радио ја пуштија Рубин кармин, некаде пред патарината кај Велес беше тоа.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
На Ристо му фали поставата на Архангелите. Без нив не е тоа, тоа. Филхармонијата солидно, без некое посебно дефинирање на мелодијата. Сепак некои песни возбудуваат. Оти сепак се песните на Архангел. Убав помин, тумач пипл за мој вкус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom