Треба уште бааги леб да изедеш и музика да ислушаш, па да дадеш ваква констатација. Врв на рок бендовите се Пинк Флојд, Лед Цеплин, Блек Сабат (метал де, ама ипак се легенди), и бендови од тој калибар кои и после 2-3 години слушање ме тераат да отворам плејлиста и да ги вртам нивните албуми. Ганзи ми беа во плејлиста едно лето и кусур и ги снема. Исто како и некои други бендови како A7x, кои траат едно лето и потоа ми испаруваат од winamp.
Филтерот за добар бенд е времето. Значи ако после 2-3 години, ти можеш уште активно (нон-стоп), а пак ако од нивното постоење минале едно 15-20 години, и уште не се заборавени нивните албуми, значи тие навистина вредат нешто. А Ганзи за да бидат во врвот во ранг на горенаведените бендови... нема теоретски шанси, од никаков аспект. :wink: