1.Mене ми е уште појасна. Човек што слуша експериментални ванземаљци се раководи според тези
Фер инаф!
Еве ти уште нешто:
Се што ќе кажам, може да биде напразно, а ќе биде. Од следните причини.
2.Не знам ништо за тебе. Не знам на кој начин си импресиониран од Флојд. Да знаев што ОСТАНАТО слушаш, ќе имав појасна слика. вака, можам само да нагаѓам. И тоа пак напразно. Ама, ќе си ја пробам среќата.
3.Можеби имаш преслушано се од Флојд, а тоа не е единствениот бенд што го слушаш. Не е единствен квалитетен. Ако има повеќе, тогаш - кул. Тогаш, нема да бидеш претерано импресиониран, оти ... во споредба со други богови на музиката, Флојд се во најмала рака, обични. Нели? А кога е така, каверите кои се кладам дека и тие не знаат што им значат, прават разлика. И кога ќе се додадат текстови кои воопшто (понекогаш) немаат смисла, а човекот е импресиониран од толку големата симболика, која НЕ ПОСТОИ, тогаш Флојд се најголемиот бенд во историјата.
4.Ако слушаш музика која е минималистичка (пример - Бон Џови, прости за примерот, може и некој друг, ама и него нека го) тогаш, Флојд пак те импресионираат, на начин кој не можеш да го сфатиш. Воопшто немаш појма што се дешава со текстовите, со музката која изгледа краааааајно депресивна и симболична, и се надополнува со психоделичните верси, но ти си ипресиониран па сакаш да го покажеш тоа пред другите, при што ги делиш нивните мислења. Патем, пак не знаеш ништо за нивните кавери на плочите, за кои и тие не знаат нииииишто!
5.И да не лупетам напразно пак, ќе завршам вака.
6.Флојд не се ништо поголеми од другите. Музички се надарени. Апсолутно. Беспрекорни се, но зошто?
Бек, Богарт и Апајс го снимија својот екстравагантен прото хеви албум за 22 саати. Може имаат грешка,но нејсе.
Флојд МОРА да бидат безпрекорни, за никој да не им фати замерка, оти ако им фати, отиде митот за ванземаљството во неповрат. Затоа снимаат албуми (без жарни и неенергични) по сто години. Споредба? Бек и Апајс со Флојд? Може?
7.Не е се во безпрекорноста и глумењето.
важно е да се свири музика - добро. Но, не ги свириш инструментите со умот, ги свириш со
половиот орган.
Нели?
8.И бидејќи пак не ти одговорив на прашањето, кое, ако го прочиташ пак, нема смисла доколку си запознаен со флојд, а очекуваш и јас да сум запознаен. Или, ти одговорив, но не лаконски. Затоа, да се дообјаснам.
9.Повели, оти мелам како празна воденица, кажи ... што слушаш друго, па ќе дискутираме повторно.