Рок музика и рокерски бендови

T

the Carpenter

Гостин

Ете јас сум обичен човек и не ме импресионирал ниту еден бенд толку. И сакам да ми објасниш што ти значи бистрење текст со сила и како се прави тоа, и дали за тебе добра позадина значи онаа што ќе ти текне во рок од првите 5 минути


Кога ќе ми го објасниш кој било кавер на нивна плоча, без да користиш срања ко википедија, ќе ти одговорам на прашањето, може?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.866
Поени од реакции
23.682
Кога ќе ми го објасниш кој било кавер на нивна плоча, без да користиш срања ко википедија, ќе ти одговорам на прашањето, може?
Обично има многу добра теза за луѓе кои на прашање одговараат со прашање, така да фала го добив одговорот што го барав, и јасна ми е ситуацијата.
 
T

the Carpenter

Гостин
Обично има многу добра теза за луѓе кои на прашање одговараат со прашање, така да фала го добив одговорот што го барав, и јасна ми е ситуацијата.
Mене ми е уште појасна. Човек што слуша експериментални ванземаљци се раководи според тези :) Фер инаф!
Еве ти уште нешто:
Се што ќе кажам, може да биде напразно, а ќе биде. Од следните причини.

Не знам ништо за тебе. Не знам на кој начин си импресиониран од Флојд. Да знаев што ОСТАНАТО слушаш, ќе имав појасна слика. вака, можам само да нагаѓам. И тоа пак напразно. Ама, ќе си ја пробам среќата.
Можеби имаш преслушано се од Флојд, а тоа не е единствениот бенд што го слушаш. Не е единствен квалитетен. Ако има повеќе, тогаш - кул. Тогаш, нема да бидеш претерано импресиониран, оти ... во споредба со други богови на музиката, Флојд се во најмала рака, обични. Нели? А кога е така, каверите кои се кладам дека и тие не знаат што им значат, прават разлика. И кога ќе се додадат текстови кои воопшто (понекогаш) немаат смисла, а човекот е импресиониран од толку големата симболика, која НЕ ПОСТОИ, тогаш Флојд се најголемиот бенд во историјата.

Ако слушаш музика која е минималистичка (пример - Бон Џови, прости за примерот, може и некој друг, ама и него нека го) тогаш, Флојд пак те импресионираат, на начин кој не можеш да го сфатиш. Воопшто немаш појма што се дешава со текстовите, со музката која изгледа краааааајно депресивна и симболична, и се надополнува со психоделичните верси, но ти си ипресиониран па сакаш да го покажеш тоа пред другите, при што ги делиш нивните мислења. Патем, пак не знаеш ништо за нивните кавери на плочите, за кои и тие не знаат нииииишто!
И да не лупетам напразно пак, ќе завршам вака.

Флојд не се ништо поголеми од другите. Музички се надарени. Апсолутно. Беспрекорни се, но зошто?
Бек, Богарт и Апајс го снимија својот екстравагантен прото хеви албум за 22 саати. Може имаат грешка,но нејсе.
Флојд МОРА да бидат безпрекорни, за никој да не им фати замерка, оти ако им фати, отиде митот за ванземаљството во неповрат. Затоа снимаат албуми (без жарни и неенергични) по сто години. Споредба? Бек и Апајс со Флојд? Може?

Не е се во безпрекорноста и глумењето.
важно е да се свири музика - добро. Но, не ги свириш инструментите со умот, ги свириш со половиот орган.
Нели?

И бидејќи пак не ти одговорив на прашањето, кое, ако го прочиташ пак, нема смисла доколку си запознаен со флојд, а очекуваш и јас да сум запознаен. Или, ти одговорив, но не лаконски. Затоа, да се дообјаснам.

Повели, оти мелам како празна воденица, кажи ... што слушаш друго, па ќе дискутираме повторно.
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
179
Поени од реакции
49
Слушам рок, ограничена сум повеќе на алтернатив, ама ми се допаѓаат и некои други стилови, флексибилна сум :) Едни од омилените бендови ми се Coldplay, Razorlight, Kings of leon, Oasis, Radiohead . . . и многу се` да ги набројувам.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Mене ми е уште појасна. Човек што слуша експериментални ванземаљци се раководи според тези :) Фер инаф!
Еве ти уште нешто:
Се што ќе кажам, може да биде напразно, а ќе биде. Од следните причини.

Не знам ништо за тебе. Не знам на кој начин си импресиониран од Флојд. Да знаев што ОСТАНАТО слушаш, ќе имав појасна слика. вака, можам само да нагаѓам. И тоа пак напразно. Ама, ќе си ја пробам среќата.
Можеби имаш преслушано се од Флојд, а тоа не е единствениот бенд што го слушаш. Не е единствен квалитетен. Ако има повеќе, тогаш - кул. Тогаш, нема да бидеш претерано импресиониран, оти ... во споредба со други богови на музиката, Флојд се во најмала рака, обични. Нели? А кога е така, каверите кои се кладам дека и тие не знаат што им значат, прават разлика. И кога ќе се додадат текстови кои воопшто (понекогаш) немаат смисла, а човекот е импресиониран од толку големата симболика, која НЕ ПОСТОИ, тогаш Флојд се најголемиот бенд во историјата.

Ако слушаш музика која е минималистичка (пример - Бон Џови, прости за примерот, може и некој друг, ама и него нека го) тогаш, Флојд пак те импресионираат, на начин кој не можеш да го сфатиш. Воопшто немаш појма што се дешава со текстовите, со музката која изгледа краааааајно депресивна и симболична, и се надополнува со психоделичните верси, но ти си ипресиониран па сакаш да го покажеш тоа пред другите, при што ги делиш нивните мислења. Патем, пак не знаеш ништо за нивните кавери на плочите, за кои и тие не знаат нииииишто!
И да не лупетам напразно пак, ќе завршам вака.

Флојд не се ништо поголеми од другите. Музички се надарени. Апсолутно. Беспрекорни се, но зошто?
Бек, Богарт и Апајс го снимија својот екстравагантен прото хеви албум за 22 саати. Може имаат грешка,но нејсе.
Флојд МОРА да бидат безпрекорни, за никој да не им фати замерка, оти ако им фати, отиде митот за ванземаљството во неповрат. Затоа снимаат албуми (без жарни и неенергични) по сто години. Споредба? Бек и Апајс со Флојд? Може?

Не е се во безпрекорноста и глумењето.
важно е да се свири музика - добро. Но, не ги свириш инструментите со умот, ги свириш со половиот орган.
Нели?

И бидејќи пак не ти одговорив на прашањето, кое, ако го прочиташ пак, нема смисла доколку си запознаен со флојд, а очекуваш и јас да сум запознаен. Или, ти одговорив, но не лаконски. Затоа, да се дообјаснам.

Повели, оти мелам како празна воденица, кажи ... што слушаш друго, па ќе дискутираме повторно.



Освен последните 2 албуми, останатите горе долу се на оддалеченост од година-две. Тие од Цепелин, слично. Не знам зш се потпре на та карта дека сто години ги праеле албумиве.

Повеќето нивни албуми се концепт албуми, значит не е пљукни залепи во рок од 22 часа. Другиве бендој не вервам да ги бркал некој, па да немале време од 1 година да седнат, да смислат албум. Можда и напрајле така, сепак не испаднало замисленото толку добар производ како тој од Флојд.

Нивната музика е беспрекорна од други причини: генијалноста (пред се) на Вотерс и на Гилмор. Ти ја нарече депресивна и симболична. То е нивниот стил: експериментален, прогресивен рок. И е еден од најдобрите според многу музички критичари, не според мене или тебе.

Друго. Не биди толку игнорантно настроен кон текстојте. Не се толку тешки за разбирање, со тајни симболи шо ти јас знам. Само се на едно повисоко ниво од другите бендови.

И да се фатиш за дизајнот на каверите на некој бенд во ваква дискусија е.... малку отпојќе глупо.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.866
Поени од реакции
23.682
1.Mене ми е уште појасна. Човек што слуша експериментални ванземаљци се раководи според тези :) Фер инаф!
Еве ти уште нешто:
Се што ќе кажам, може да биде напразно, а ќе биде. Од следните причини.

2.Не знам ништо за тебе. Не знам на кој начин си импресиониран од Флојд. Да знаев што ОСТАНАТО слушаш, ќе имав појасна слика. вака, можам само да нагаѓам. И тоа пак напразно. Ама, ќе си ја пробам среќата.
3.Можеби имаш преслушано се од Флојд, а тоа не е единствениот бенд што го слушаш. Не е единствен квалитетен. Ако има повеќе, тогаш - кул. Тогаш, нема да бидеш претерано импресиониран, оти ... во споредба со други богови на музиката, Флојд се во најмала рака, обични. Нели? А кога е така, каверите кои се кладам дека и тие не знаат што им значат, прават разлика. И кога ќе се додадат текстови кои воопшто (понекогаш) немаат смисла, а човекот е импресиониран од толку големата симболика, која НЕ ПОСТОИ, тогаш Флојд се најголемиот бенд во историјата.

4.Ако слушаш музика која е минималистичка (пример - Бон Џови, прости за примерот, може и некој друг, ама и него нека го) тогаш, Флојд пак те импресионираат, на начин кој не можеш да го сфатиш. Воопшто немаш појма што се дешава со текстовите, со музката која изгледа краааааајно депресивна и симболична, и се надополнува со психоделичните верси, но ти си ипресиониран па сакаш да го покажеш тоа пред другите, при што ги делиш нивните мислења. Патем, пак не знаеш ништо за нивните кавери на плочите, за кои и тие не знаат нииииишто!
5.И да не лупетам напразно пак, ќе завршам вака.

6.Флојд не се ништо поголеми од другите. Музички се надарени. Апсолутно. Беспрекорни се, но зошто?
Бек, Богарт и Апајс го снимија својот екстравагантен прото хеви албум за 22 саати. Може имаат грешка,но нејсе.
Флојд МОРА да бидат безпрекорни, за никој да не им фати замерка, оти ако им фати, отиде митот за ванземаљството во неповрат. Затоа снимаат албуми (без жарни и неенергични) по сто години. Споредба? Бек и Апајс со Флојд? Може?

7.Не е се во безпрекорноста и глумењето.
важно е да се свири музика - добро. Но, не ги свириш инструментите со умот, ги свириш со половиот орган.
Нели?

8.И бидејќи пак не ти одговорив на прашањето, кое, ако го прочиташ пак, нема смисла доколку си запознаен со флојд, а очекуваш и јас да сум запознаен. Или, ти одговорив, но не лаконски. Затоа, да се дообјаснам.

9.Повели, оти мелам како празна воденица, кажи ... што слушаш друго, па ќе дискутираме повторно.
1. Да често се раководам по тези, претпоставки, додека не добијам порелевантни податоци како впрочем и повеќето луѓе кога почнуваат од ново со икс некоја работа. Некогаш се точни, некогаш не но даваат добра основа за дискусија понатаму. Во случајот според тоа подолу што го пиша делуваат како точни.
2. Може да ти оставам кратка биографија, па според тоа да донесеш заклучок. Од Флојд на кој начин сум импресиониран? Од секаков. Текст, музика, аранжман, концертни изведби во живо и да секако од ефектите и во песните и на сцена кои се зачини за да се добие вкусот. Баш на тие зачини ти и се фаќаш во аргументот, за тоа подоцна.
3. Да имам преслушано се од Флојд, под се подразбирам преголем процент од она што може да се најде на интернет, вклучувајки и ретки материјали и изведби. Да не е единствен бенд што го слушам. И да не е единствен квалитетен. И кул и чилаут. Нели не. Се се ама обични не се. Каверите се зачин. Манџата била убава оти и ставиле сол, а во суштина не е убава. Манџа сине се јаде и без сол нема да биде толку убава ама се јаде. Само сол не се јаде. А ти на жалост при твојата анализа (анализа значи разложување на целина на составните компоненти) се фаќаш само за солта. Феилд аргумент од старт. Каверите може им значат нешто, може не им значат ништо, а може и е оставено на слободна проценка на слушателите, а едноставно можеби многумина луѓе во кој спаѓаш и ти не ги разбираат. Не суди бенда по кавера. А за мене лично, па еве ако го земам овој рандом кавер
Прегледај го приврзокот 33690
кој стои во оригиналното це де од албумот Division Bell веднаш до култната High Hopes, мене ми значи многу. Има дури и очигледно значење, ако не можеш да го видиш-жалам. А кога се дискутираат текстови и симболика што тврдиш ти дека најчесто ја нема, дали можеби не треба да се запрашаш да не е до мене случајно и до моите способности за анализирање, разбирање и толкување? Затоа што по реакцијата твоја така ми делува. Обично синдром кај луѓето а особено кај Македонците да го исмеваат и отфрлаат тоа што не го разбираат прикривајќи ги со тоа сопствените ограничени ментални капацитети. Не верувам дека е случајност кога бев во средно тие "потешките" лектири од Достоевски, Кафка, Данте Алигери, Бодлер итн... да бидат окарактеризирани од многу соученици кои да бидам поблаг ги сметав за луѓе со поограничена интелигенција како-тешко срање. А бај д веј и да речеме дека си во право, дека нема никаква симболика, дека голем број интелектуалци ширум светот кои сметаат дека ги разбираат Флојд уствари везе немаат, да речеме е така. Толку полемики и дискусии се водат за текстовите на Пинк Флојд кои немаат никаква симболика. Па ако тој бенд со пишувани глупости, во светски рамки поттикнал анализа и дебата на нивните текстови како и вербални дискусии како оваа меѓу мене и тебе, тогаш се уште поголеми генијалци како вербални манипулатори и фолиранти што успеале во тоа. Зошто на Гоце Арнаудов, Јован Јованов, Мадона и Лејди Гага не им успева тоа? Зошто на Бон Џови текстовите ретко ги среќаваме како тема на дебата? Тогаш алал нека им е капа им симнувам ако се до толку способни. Ама па ете само ти ги напаѓаш или ти си далеку пред своето време а нас останатите нешто ни фали, или е обратното. Да оставиме на читателите да проценат.
4. А ти друже со ставот ми делуваш на некои форумџии да речеме Разиел (би требало до сега да го има надминато тоа), wot, dark king и останата багра млади и надежни поети кои успеат да привлечат внимание со една многу интересна тактика-да си антикул е кул. Тоа што значи-мрчи, биди циник и саркастик, оди контра средината за инат, и како некој вид на сајбер ауткаст добиваш на поени. Ете јас сум тој што ќе се дрзне да ги нападне Пинк Флојд и сите ќе ме прогласат за ертик ама јас ќе излезам паметен бунтовник, затоа што имам оппшт аргумент дека сите им се палат на каверите и никој не им ги разбира текстовите туку глумат лудило а јас со малце итроштина и 3-4 склоени реченици можам да го терам тој филм. Ама како што викаш ти не те знам, може и не е така може друго нешто ти се мота во глава.
5. Се согласувам.
6. Овој дел ми делува како да си член на противничкиот бенд и си им љубоморен. Најголемите дела се градени со многу време и труд како и корекции. Да се согласувам дека има одлични дури и фантастични албуми и песни кои се за ден-два правени под силен наплив на инспирација знаат и чуда да се случат, ама најчесто треба многу работа. И се фаќаш во замка. Не се добри ама мора да бидат беспрекорни. Сега одлучи се не ги бива и го држиш тој став или беспрекорни се а тебе те нервираа тоа за сметка на тоа прво на памет што ќе ти падне тоа тури го. А ти нели сакаш да ти биде беспрекорно (односно пошто тој термин е апсолутен же го земам терминот подобро). Не сакаш тоа што го сакаш и прави да биде што е можно подобро и со помалце грешки? Прости на израз ама аргументот дека бендот не чини затоа што се трудат да бидат беспрекорни и дека посветуваат многу време на албумите е еден од поглупите што сум ги чул во критиките на музика. Споредба? Нема споредба. Едните се фокусираат на уметноста другите на звучноста, перформансот и енергијата. Барем јас така ги доживувам.

7. Горан Алачки свири добро, односно свири одлично. Аха значи не ги свириш инструментите со умот, значи признаваш дека се мозоци, пошто со реченицата сакаш да ме отргнеш од факторот ум да не се фокусирам на него, оти сакаш да ја избегнеш таа страна, туку да се фокусирам на техничкиот перформанс. И.Е. за тебе добар рокенрол е тој што е отсфирен добро односно дојдовме до твојата сумација на се погоре. Значи ако јас имам бенд во кој што сите ние свириме одлично на нашите инструменти тогаш тоа е добар бенд. Се друго е напумпано и исфорсирано. Па поплитко размишљање сине не сум сретнал.

8. Докторе многу се предомислувам или можеби не? Сакам збунити непријатеља вербално.

9. Повторно се согласувам.

И секако ќе ти одговорам на прашањето. Јас слушам многу работи, премногу дури. Бидејќи темава е рокенрол слушам од Бил Халеј енд д Кометс па се до Арктик Манкис и надаље. Меѓутоа да не звучам општо како некои други ќе напишам листа на рокенрол артисти кои почесто ги слушам, што заради кавилтетот на музиката гледано од уметнички аспект што поради тоа што едноставно уживам дур ги слушам и ми дигаат расположение.

Pink Floyd
Led Zeppelin
Radiohead
Porcupine Tree
Motorhead
Deep Purple
Joy Division
Ramones
Iron Maiden
Sonic Youth
The Clash
Black Sabbath
Deep Purple
Jefferson Arplain
The Who
Mizar
Jimmy Hendrix
Nirvana
Soundgarden
Nine Inch Nails
Alice in Chains
AC/DC

доволно за да ме судиш по нив?
 
T

the Carpenter

Гостин
@Sussaro
И да ти кажам право, можеби стварно се „безвеза“ текстовите на Флојд, чим има реки од анализа и дискусија што сето тоа значи. Има и други бендови кои за Флојд се уште поголеми умови (ако веќе утврдивме дека се генијалци), но нивните текстови се јасни како ден. Да ги слуаше пример ... Uriah Heep ... ќе ти беше јасно што сакам да кажам.
И дека свират со паметот. Друже, во никој случај не можам, ниту смеам да кажам дека Флојд се СЛАБИ музичари. да беа слаби, немаше да стигнат до таму каде што се. Само, сето тоа настрана ставено, стигнале таму каде што се со помош на глумење и шминкање, кога сето тоа било непознато. СЕКОЈА ЧЕСТ за можеби иновативноста (иако дефинитивно не се првиот експериментален бенд ниту прв психоделик бенд) и дека протуркале покрај други богови на музиката со производство на нешто друго.

И веќе немам што да ти додадам друго. Дискусијата ја водиш пола пола. Аргументирано и лични напади.
И понатаму, бидејќи се потруди да ми презентираш што волгавно слушаш, ќе резимирам вака:

СЕРИОЗЕН СИ? Рамонс и Пинк Флојд? Парпл и Зепелин? Моторхед и Радиохед?

Ако е така, ништо чудно што си НАЈМНОГУ импресиониран од Флојд, бенд за кој никој не смее да каже нешто поинаку од другите. Ако каже, дефинитивно е ваков таков и онаков. Меинстрим, isin't it?

@Болиглава


Коментарот ти е на место. АМа Флојд можеби снимале на секоја година, во текот на целата година. Не е исто, за разлика од Зепелин, кои првите два ги снимаат во една година, (вкупно две недели), и понатаму веќе се раздвојува временскиот рок.
И добро, нека не е и тоа.
Флојд сакале безпрекорност? Тогаш ... во нив нема ни Р од Рок енд рол, ако се согласувате!
 
Член од
16 август 2010
Мислења
41
Поени од реакции
2
Bruce Springsteen, никој не може да му се приближи :nenene:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.866
Поени од реакции
23.682
@Sussaro И да ти кажам право, можеби стварно се „безвеза“ текстовите на Флојд, чим има реки од анализа и дискусија што сето тоа значи. Има и други бендови кои за Флојд се уште поголеми умови (ако веќе утврдивме дека се генијалци), но нивните текстови се јасни како ден. Да ги слуаше пример ... Uriah Heep ... ќе ти беше јасно што сакам да кажам.
И дека свират со паметот. Друже, во никој случај не можам, ниту смеам да кажам дека Флојд се СЛАБИ музичари. да беа слаби, немаше да стигнат до таму каде што се. Само, сето тоа настрана ставено, стигнале таму каде што се со помош на глумење и шминкање, кога сето тоа било непознато. СЕКОЈА ЧЕСТ за можеби иновативноста (иако дефинитивно не се првиот експериментален бенд ниту прв психоделик бенд) и дека протуркале покрај други богови на музиката со производство на нешто друго.

И веќе немам што да ти додадам друго. Дискусијата ја водиш пола пола. Аргументирано и лични напади.
И понатаму, бидејќи се потруди да ми презентираш што волгавно слушаш, ќе резимирам вака:

СЕРИОЗЕН СИ? Рамонс и Пинк Флојд? Парпл и Зепелин? Моторхед и Радиохед?

Ако е така, ништо чудно што си НАЈМНОГУ импресиониран од Флојд, бенд за кој никој не смее да каже нешто поинаку од другите. Ако каже, дефинитивно е ваков таков и онаков. Меинстрим, isin't it?

@Болиглава


Коментарот ти е на место. АМа Флојд можеби снимале на секоја година, во текот на целата година. Не е исто, за разлика од Зепелин, кои првите два ги снимаат во една година, (вкупно две недели), и понатаму веќе се раздвојува временскиот рок.
И добро, нека не е и тоа.
Флојд сакале безпрекорност? Тогаш ... во нив нема ни Р од Рок енд рол, ако се согласувате!
Најсериозен. А бев и на Аца Лукас и на Саша Матич и си поминав топ. Докомплетирана е твојата слика сега? Ништо ново не ми кажа освен што ја докомплетирав сликата што си ја мислев, и што ја опишав погоре, нешто сличум на фанови на Металика што не го сакаат The Black Album заради тоа што бил најмејнстрим и популарен и дека бла бла со Nothing else matters ја предале публиката. А ти како најпаметен ја сфати цела таа безвеза и еден од ретките во светот на морето фанови си што ја гледа правата слика. Нешто како просветлен рок ен рол Буда. Grow up, не си кул аутсајдер не си сајбер ауткаст и тоа што знаеш 2-3 андерграунд бендови за кои никој не ги чул а баш такви ми те влечат поради фактот "јас сум факинг рокер у душа" не те прави поаргументиран од никого. Не те напаѓам само теоретизирам да го пронајдеш одговорот во себе, и во својата незавршена постадолесцентска бунтовност и мудрување. Величина како нив ретко се достигнува. Мудрувања контра нив без рационална подлога не прифаќам, а на жалост ти ја немаш. А бај д веј можеме да збориме и за Ураја Хип, Ајрон Батерфлај, Крим, Диносаур ЏР, Марц Болан и Т рекс, Фри, Јардбрдси, Грејтфул Дед, Џетро Тал, Дед Кенедис чак што више ако сакаш и за Твистед Систер ќе збориме. Биди реален, дека ти се свиѓа моментот сам против сите, ти смета популаризацијата на Пинк Флојд, а ти ариевска рок душа, и да ја решиме дилемата, или дека благе везе не си сфатил од текстовите. I like smart people i don't like smart asses. Не биди еден од нив, не кога немаш аргументи, не кога комуницираш со човек кој е макар и нескромно кажано е 15години кован на темата. Немој сине. Акни едно соло од Јеф Бек или од Стиви Реј Вон енд тинк абоут ит. Извини на дирекноста што ти не ја искажуваш ама сакаш индирекно да ни ја наметнеш, ама не ќе да сме поглупи од тебе, и не ќе да си ти тој со (што би рекле Енглезите)-епифани. И ако реплицираш, реплицирај со факт и став.
 
T

the Carpenter

Гостин
Не зборуваме за највисоки врвови на Кораб па да зборуваме со факти и ставови. Зборуваме за уметност. А уметноста се перцепира. Секој на свој начин. Некој не може, па му треба LSD. Некој може, ама не како другиот, третиот, ...

Ај вака сега. Што и да напишам, нема да се разбереме за Пинк Флојд. Никогаш! Импресиониран си од нив, тоа е доволно за да кажеме стоп. Но, тоа е доволно и да се направи стоп кога треба да се наметнат Флојдовци на некого.
Ги слушаш - ОК. Не ги поднесуваш - мора да биде ОК пак. Нели не треба да бидат за секого? АКо беа, не ќе беа подобри во ништо од никого, нели?
Не ни имам намера да се правам паметен дека сум знаел андерграунд бендови за кои никој не ни слушнал. Мене ми е задоволство кога некој ќе прифати моја препорака за бенд. Можеби си напрај слика дека си билдам идеја за музички гуру, ама воопшто не е така. И воопшто не е важно како е.
Имам лаички вид, и затоа за мене Мона Лиза е само едно обично дело. Ништо повеќе. Но, за останатиот свет, тоа е Wow остварување. Дур го пишев ова ми текна дека можеби може да се направи паралела за Флојд со Мона Лиза. Генерализирано, тоа е најдоброто дело во историјата на сликарството, или барем едно од подобрите. Но, има милиони бистровидци кои не штедат зборови за „слабото“ дело. И патем, не зборуваат на памет. Многумина од нив си го знаат занаетот многу добро. Има и живи примери. Но за тоа покасно ...

И до кај бев сега. А ... да! Ете, ги нејќам Флојд. Сум преслушал све? НЕ! И немам намера. Но запознаен сум барем со половина од нивната дискографија. Неколку нивни цедејки сеуште стојат во мојата колекција, а преслушани се повеќе пати. За Флојд, не зборувам на памет. Можеби не сум „експерт“ како што сум за Зепелин, ама не сум човек што не знае ништо за нив, а зборува за инает. Како што ме опиша ти!

Поимот рокер. Што е тоа? Човек поинаков од другите? Човек кој одел во училиште за рок неколку години, па откако го научиле дека R.E.M. не е само Losing my religion, туку е многу повеќе од тоа, се запишал на виша металска? Што е тоа? Јас ... појма немам.
За мене, во два три збора, ако се тргнува од музиката, би рекол дека сум човек што ужива во добри рок траки. И да, ограничен сум.
Не слушам се и сешто, демек „ја сум печел знат 15 години и сега можам да го слушам и Дејвид Боуви и Машинхед бе пеер“!
Не, воопшто не можам.
Најмногу сум импресиониран од Led Zeppelin и The Eagles. Тоа ми се првите топ групи , покрај the Beatles, KISS, Judas Priest, ... до Helloween.
Квантитет и квалитет.
И немам што понатаму.
Ако те импресионирале Пинк Флојд со тоа што се фрикови, со тоа што се генијалци, со тоа што експериментираат на најневеројатен начин, што се неверојатни текстописци и имаат срце со мелодија, тогаш .... не знам на кој начин те импресионирале ramones.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.866
Поени од реакции
23.682
Така бе златен, ова веќе повеќе ги објаснува работите. Видиш како знаеме да се разбереме. Не треба да ги сакаш, напротив многу што ги знам не ги слушаат, од икс причини, тешки им се напорни, им се вакви им се онакви им се. И се е тоа ок, да се разбереме. Тоа е ствар укуса. Ама кога некој паметен ми се прави, не е ок. Ти уживај си во рок траки, како што јас си уживам во Рамонс, кои што ме импресионирале баш од таа причина, уживам во нивните песни, или мора да е алгоритмички комплицирана некоја музика па да уживам во неа. А уметноста синко како и се друго на светот си има вредност. Да секој си перцепира на свој начин, ама ако јас со мојот талент ца цртање од првооделенец нацртам куќа со двор не може да има поголема тежина од покомплексни замисли и идеи на што знам еден Моне.
Значи сумарум
Не мора да ги слушаш
Не мора да ги сакаш
Уживај си во тоа што го слушаш
Не ја прави катастрофалната грешка да вреднуваш бендови по кавери (како Пинк Флојд) или личности по музика што ја слушаат(како мене). Не делуваш озбилно во дебата, паѓаш на приемен испит, не си што би рекле старите исшљифуван.
А тоа што ти си ограничен и што апла и после три поста не ти е јасно зошто Рамонс ги слушам само го потврдува она од горе.
И за крај, едно е да не ти се свиѓа, друго е да го нападнеш заради тоа што не ти се свиѓа притоа држејќи се на банални тези кои не држат вода. Да, сето тоа драги мој, те прави лаик.

И тука ќе завршам. Како тебе со Хелоувин, и со една одлична трака, на вас драги читатели кои ви се смачи од мене и дрводелкачот. :)

No fear, no pain

 

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Симнувам капа на Флојд. Посебни се и оргинални. Музиката им е дотерана до беспрекорност. Кога ќе се земе во предвид технологијата со која располагале во нивно време, тие едноставно се ЧУДО.
Не ги слушам којзнае колку, ама имам мислење дека се супер бенд. Можда во 90% од песните се застапени истите ефекти, ама тоа си е стил на бендот и нема ништо лошо во тоа.
За текстовите не можам да кажам ништо посебно. Не гледам некоја посебна симболика и некоја посебна јачина, можеби и затоа што не сум којзнае колку задлабочен во нив.


Ако слушаш музика која е минималистичка (пример - Бон Џови, прости за примерот, може и некој друг, ама и него нека го) тогаш, Флојд пак те импресионираат, на начин кој не можеш да го сфатиш. Воопшто немаш појма што се дешава со текстовите, со музката која изгледа краааааајно депресивна и симболична, и се надополнува со психоделичните верси, но ти си ипресиониран па сакаш да го покажеш тоа пред другите, при што ги делиш нивните мислења. Патем, пак не знаеш ништо за нивните кавери на плочите, за кои и тие не знаат нииииишто!
Инаку the Carpenter, јас те сваќам што сакаш да кажеш.
Познавам и јас многу “Експерти“ за музика, кои поради тоа што немаат блага веза, а за да се направат некои “Мозоци“ зборуваат за Флојд како за нешто најдобро, глумат дека ги разбираат, дека се нивен најдобар бенд.. А всушност најчесто така зборуваат поради тоа што некој батки пишале дека се добри, на википедија се наоѓаат навистина примамливи текстови за нив, и тоа е тоа. Сега ако јас кажам дека слушам Флојд, и го пронаоѓам тоа скриеното (што мислам дека не постои) во нив, тогаш јас сум на некое музичко ниво на другите. :uvo:


Пред некое време се потрудив навистина да го сватам тоа “скриеното“, ама не успеав. :)
Да не бидам сватен погрешно сега. Ако некој може навистина да разглоби некоја песна, да објасни нешто посебно, нека повели, со задоволство би го исчитал.


Инаку ова ми е омилено од Флојд :)

 
Член од
29 септември 2008
Мислења
64
Поени од реакции
2
Новоформиран thrash\metal\HC punk бенд од Скопје бара вокал кој ке биде редовен на проби,ке биде у можност да подмирува месечна кирија за место на праење проби(гаража) и такви бендовски ствари хех...заинтересираните нека пишат.Посрав!
 

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Некако умртвена ни е темава. Многу повеќе Токсиколози на форумот отколку Рокери. Еве една најстрашна ствар од Corey Taylor.


Дајте некој добар бенд. :) Нека ни живне темата малку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom