Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.492
Градовите ги претставуваат кандидатурите за ОИ 2016
Градовите кандидати за организација на Олимписките игри во 2016 година почнаа со претставувањето на нивните програми пред претставниците на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во склоп на последната фаза од двегодишната кампања.
Мадрид, Чикаго, Токио и Рио де Жанеиро од вчера до утре ја претставуваат целокупната програма за организација на ОИ 2016. Претставниците на МОК ќе ги обиколат сите градови кандидати, по што ќе поднесат извештаи до челниците на оваа организација, кои на 2. октомври во Копенхаген ќе ја донесат конечната одлука за организаторот на Игрите во 2016 година.
Се претпоставува дека претседателот на САД Барак Обама ќе се појави во Данска во октомври да ја поддржи кандидатурата на Чикаго. Поранешниот премиер на Велика Британија и тогашниот претседател на Русија Владимир Путин го сторија истото кога нивните земји ги претставуваа програмите за организација на Игрите. Лондон ја доби организацијата на летните во 2012, а Сочи на зимските во 2014 година.
Извор: www.kajgana.com.
Што мислите, кој град има најмногу да понуди од овие 4? Кој според вас би требало да ја добие довербата од ИОК и истата да се обиде да ја оправда? Дали мислите дека некој од од овие градови - кандидати ќе може да ја повтори спектакуларноста на отворањето/затворањето и организацијата на ЛОИ Пекинг, 2008?
4 града од 4 континенти, кој ќе ја има честа?
Според мене, Мадрид отпаѓа од игра. Не дека немаат капацитети Шпанците, туку ЛОИ 2012 се резервирани за европски град (Лондон), така да тешко дека повторно Европски град ќе ја добие организацијата.
Од друга страна, ништо чудно организацијата да ја добие Америка преку Чикаго, можно е да им дозволат од ИОК на америве да се исфилмаат малце на своја почва . Се шегувам, сега за сега немам фаворит, но би ме радувало Рио ако ја добие кандидатурата, да видиме какво отворање би ни спремиле "Кариоките"
P.S. За постови од типот "Токио дефинитивно", "Рио мислам.." и слично ќе отворам анкета, не се мачете да постирате.