А јас мислам дека СДСМ и не се баш така слаби, а пак ВМРО-ДПМНЕ не се којзнае колку јаки. Сите мислите дека ВМРО-ДПМНЕ е многу популарно кај народот. Е, не е! Познавам многумина кои ги мразат комунистите, и отсекогаш биле за ВМРО-ДПМНЕ, па сега сакаат да гласат за СДСМ. Кои се ВМРО-ДПМНЕ? Нус појава од СДСМ, оние кои никогаш не добиле шанса во СДСМ, секогаш биле втора постава, си ја сменија идеологијата. Што направи оваа Влада? Ништо! Здравството е катастрофа, ама баш за никаде! Бесплатни лекови, со што ги омаловажуваат веледрогериите. Едно смоки од Витаминка го направија поскапо, од Аналгин, на пример! Велите светски тренд било поскапувањето, а не кажувате дека секоја влада во светот се труди да тоа нема таков осетен удар на населението. Па зејтинот е поефтин во В. Британија! Борба против олигархијата нема никаде, затоа што и самите се од олигархијата! Повеќе пари даваат за реклами отколку за АРМ. Дали овие предвремени избори беа предвидени со Преродбата во 100 чекори? До кој чекор стигнаа? Или се сопнаа уште на старт? Заострија со казнувања за фискални каси, ама каде? Во Источна Македонија, и во Југозападна.
Ви велам, не го преценувајте Груевски, а не ги потценувајте СДСМ!
П.С. Јас ќе излезам на гласање, но имам намера да нацртам една свастика на ливчето.