Смешно е да се каже дека УК неможе без ЕУ, проблемот си го направија сами со отежнување на работниците да влезат во УК ама верувам дека и тоа ќе се среди.
Моментално работни места можеш да бираш како лубеници а и да си прашаш за покачување на плата добри шанси имаш да добиеш.
Доколку во Велика Британија имаат недостаток од евтина работна сила, тогаш на работодавачите им останува да ги подобрат условите за работа на работниците.
Не им е ЕУ крива за сегашната состојба, главниот виновник за денешната социо-економска состојба на Велика Британија се вика Маргарет Тачер, која ги покоси британските синдикати и со тоа им ги скрати ако не сите тогаш речиси сите бенефиции кои им следуваа на работниците, а понатамошното проширување на ЕУ со поранешни социјалистички држави од типот на Полска, Унгарија, а потоа и Романија и балкански татарстан, си го направи своето.
Ако им е за утеха на Британците, ова е глобален проблем со кој се соочува секоја богата и развиена држава во светот која наместо да се фокусира на потребите на работниците и нивните права, си дозволила да стане зависна од увоз на евтина работна сила.
Но проблемот е започнат дома од страна на работодавачи со лепливи прсти за брзи пари стекнати со експлоатација на евтина работна сила, и само работниците, а особено младината, можат да започнат со негово решавање.
Нема потреба од социјализам или работничка револуција, доволно е младите да научат за што служат мотика и лопата, па откако ќе откријат какво е чувството да си го создаваш сопствениот леб од семе до уста, ќе откријат каде лежи зајакот на евтината работна сила и ќе им стане јасно како и зошто си дозволиле да зависат од увоз на евтина работна сила наместо да зависат претежно од сопствената домашна работна сила, која секако заслужува подобар третман од работодавачите во споредба со сегашниот.
Ако не им чинат мотиката и лопатата, секако дека остануваат МекДоналдс и на нив сличните како алтернатива, нели сепак мора од некаде да се започне во слободната пазарна економија, освен ако човек потекнува од привилегирано семејство и израснал во златна лулка, се разбира.
Барем за увозот на евтина работна сила во Велика Британија не може ЕУ да им биде крива на Британците, секако дека е катализатор на таквиот синдром, но не е главен виновник.