Nekolku energetski firmi vekje propadnaa. Smetkite kaj nekoi se pokacija za 50%. Primer si bil na eftina prepaid tarifa so nekoja od malive firmi i oni koa zatvorat Ofgem avtomatski te prefrla kaj druga firma za da ne ostanis bez struja. Drugava firma moze cenite im bile povisoki i za toa smetkite kaj nekoi se pokaceni mnogu.
Sea za sea bas i nema nekoe resenie. Ne sum politicki opredelen nitu pak glasam na izbori ali vladava sekogas ceka najlosoto scenario da dojde za da prezemat nesto. Sea sigurno ke cekaat da snemame struja za da pocnat da mislat sho da se prai. I ova e radi brexit i vekje ja nemaat sigurnosta na ceni koja im ja davase EU.
Realno isto e u site zemji, tie na vlast si gledaat za niv a ne za narodot, zatoa i ne se zamaram so politika.
Najmnogu ke osetat onie na minimalna plata bidejki se zivo e poskapeno, ne e samo strujata. Primer najeftinata flasirana voda na asda za 4 sisinja od 2l bese £1.02, sea e £1.25.
Vozacite na kamioni prethodno bea plateni 13-14 od saat sea odi i preku £20 od saat. Bas vcera vidov nekoja firma za mlecni proizvodi plakjala 78.000 funti samo za da gi zadrze vozacite. Normalno tie pari firmata ke treba da si gi vrati od negde i logicno mlekoto ke poskape.
A platite ne rastat, osven kaj soferite. Ili pa ko vladata sho naprai, im pokaci 3% na NHS i posle mesec najavija deka pokacuvaat NI za 1.25% kaj site.
Okolu benzinot povekketo benziski sea stavija £30 limit. Vcera sabajle site benziski kaj mene bea zatvoreni iako obicno rabotat 24 saati. Posle kaj 10 otidov vo soseden grad i cekav 2 saati i 20 minuti za nafta da stavam. Mene mi treba kolata za odenje na rabota bidejki odam na razlicni mesta i do pogolem broj od tie mesta nema javen prevoz. Ali ima i takvi sho gi polnat kolite pa i uste 7 tubi zemale, za da im sedi kolata parkirana u dvor. Isto ko sho pravea so toaletnata lani.
Фатална грешка ти е негласањето на избори, без разлика дали си политички определен или не.
Ако ги почитуваш законите и ги плаќаш даноците, тогаш придонесуваш за општеството и имаш право да го кажеш својот став на избори или на референдум во однос на прифаќање или отфрлување на било какви општествени политики и/или промени.
Ако не се бавиш со политика, тогаш политиката и уште пострашно, политичарите, ќе се бават со тебе.
0:33 - 0:45
Кога сме кај недостатокот на било кои основни производи и/или услуги, за истиот не е заслужно излегувањето на Велика Британија од ЕУ, туку незаинтересираноста на британските политичари да изнајдат алтернативни решенија за вакви случаи.
Во 2016 година британските политичари беа речиси едногласни во нивниот начин на размислување, според кој очекуваа британските гласачи на референдумот на 23 јуни 2016 да гласаат за останување на Велика Британија во ЕУ.
Иако референдумот не резултираше со нивниот посакуван исход, требаше веќе наредниот ден, 24 јуни 2016, да почнат да бараат алтернативни решенија, свесни дека со слободата која им ја носи излегувањето од ЕУ, следуваат и поголеми одговорности.
Ги имаа 5 (ПЕТ) години за да се подготват за вакви можни сценарија, но наместо да бараат решенија, Дејвид Камерон и подоцна неговата наследничка Тереза Меј, ги вложија сите свои сили и напори во саботирање на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, процес кој фала му на Бога заврши неуспешно за нив и за нивните истомисленици.
Дали државата треба да ги регулира квалитетот, квантитетот и цените на одредени основни производи и услуги во едно општество, секогаш ќе остане предмет на дискусија, конзервативците секогаш се крајни противници на таквите политики бидејќи ги сметаат за социјалистички, либералите речиси секогаш ги прифаќаат таквите политики бидејќи лесно се привлекува рајата со ветувања од типот "ќе го вратиме тоа што му припаѓа на народот".
Велика Британија секако дека не е исклучок, лабуристите го формираа Националниот Здравствен Сервис после Втората Светска Војна, кој секако дека беше пречекан на нож од страна на конзервативците како социјалистички производ, за на почетокот на 21-от век да си ги сменат улогите - токму лабуристичката влада на Тони Блер планираше и подготвуваше приватизација на Националниот Здравствен Сервис, но планот им пропадна со доаѓањето на конзервативците на власт во 2010 година, кои па сега се декларираат себеси како бранители на овој државен сервис кој пред нешто повеќе од 70 години го плукаа како социјализам.
Капитализмот ги остава квалитетот, квантитетот и цените во рацете на пазарот, притоа повикувајќи се на немешањето на државата во пазарот како основен услов за бизнисот да си цвета.
Додека важат ваквите правила и закони, трговците се тие со апсолутна слобода и токму трговците треба да ги обезбедат основните производи и услуги за граѓаните, а не сопствената неподготвеност, а до некаде и неспособност, да ги припишуваат на државата која ги спроведува правилата и законите кои им ја гарантираат истата таа апсолутна слобода.