Како ти изгледа од сегашна перспектива... Некако не излегува според вашите експертски познавања и прогнози.
Некои кажува дека УК ќе плателе 20милијарди на ЕУ, што бидна со таа казна, ќе се плати или пишман...
Па платија веќе близу 20 милијарди до крајот на оваа година како придонес во буџетот на ЕУ бе, глупердо една.
И им останува уште толку да платат, најголем дел во следните 5 години, врз основа на Договорот за излегување од ЕУ што го потпишаа во јануари 2020. Финансискиот надоместок за излегување од ЕУ, не беше дел од овој договор за слободна трговија, тој е веќе договорен во јануари 2020.
Знаеш ли гугл да користиш? Уствари треба да знаеш што да бараш и кога го користиш.
За договорот го мислам истото што го мислев и претходно, објаснето (ама, за кого) во постот што си го цитирал.
Опциите сега им се сведуваат, да станат EEA земја и да го почитуваат европското законодавство без да имаат никаков глас во неговото донесување, да станат EFTA земја како Швајцарија, или некој сличен статус со склучување на посебен договор, каде ќе мора да го исполнуваат условот на еквиваленција, или да тргуваат по WTO стапки. Сити полоши опции од ова што го имаа до сега.
Сигурно дека пак ќе губам време за со тебе да се допишувам. Научив со кого си имам работа.
он-топик: Ваков договорот за слободна трговија, каков што склучија УК и ЕУ, се предвидуваше како најверојатен исход од цела оваа преговарачка драма, уште во 2016 година. Некаков суи генерис договор, измеѓу билатералните договори за ЕФТА кои ЕУ ги има со Швајцарија и трговските договори со Канада и Јапонија. ЕУ си ги истурка сите свои интереси на повеќе или помалку перфиден начин. УК блефираше до крај со излагање без договор од ЕУ, иако најголема штета од таков потег ќе имаа они самите, и на крај во 5 до 12 потпишаа договор што можеа да го потпишат и пред 5 месеци и пред 15 месеци. Али, во секој случај Џонсон ја искорсти приликата за да го опише како голем успех, а во суштина најголем дел од отстапките ги прави УК, чии "победи" се обвиткани во техникалии и пр јазик. Се тргаат царините и нецаринските тарифи само за трговијата со стоки, со што ЕУ си ја постигна целта и го заштити својот извоз, со оглед на тоа што имаат суфицит од повеќе од 100 милијарди во трговијата на стоки. Нетарифните бариери, како сертификации и стандарди на квалитет остануваат, што значи УК извозниците пак ќе треба да ги почитуваат правилата на внатрешен пазар на ЕУ, ако сакаат да извезуваат во ЕУ. Плус, го вметнаа и условот за level playing field, што ги врзува УК да ги почитуваат стандардите на ЕУ за трудова регулатива, животна средина, даночни олеснувања и субвенционирање. Што значи, најголем дел од потенцијалната трговска конкурентност на УК во однос на ЕУ, е пак затрупано под еден куп на неодреден регулаторен red-tape, од кој Британците нема да можат да избегаат. Ако се обидат да го избегнат, ЕУ има опција преку политчки притисоци, спорови пред специјалното арбитражно тело или (како последно средство) тарифи, да го врати балансот во своја полза.
Веројатно, да не се случеше пандемијата, УК ќе добиеше уште некоја отстапка во текот на преговорите, ама тоа е.
Надвор од трговскиот договор остануваат услугите, особено финансиските услуги, кои сега се подложни на принципот на еквивалентност и кои се најспорниот и најкомплицираниот дел од трговскиот однос помеѓу УК и ЕУ. Воедно и делот каде УК може да (и веројатно ќе) има најголема штета од излегувањето од ЕУ.
Како и да е, со ова се затвара ова прашање, кое од аспект на моменталната гео-економска и гео-политичка ситуација, после ваква 2020 година, е искрено веќе периферно прашање. УК ќе продолжеше да тоне во нерелевантност во следните декади (како и цела ЕУ веројатно), дури и да останеше во ЕУ, поради процеси кои се секако надвор од нивна контрола. Вака, одлучија дополнително да си ја отежнат задачата и да се концентрираат на својот империјален отсјај, како одговор на внатрешно-политичките поделби. Мислам дека во следната декада, ќе мораат во еден момент да имаат сериозен внатрешен дијалог, кога ќе стивне прашината и ќе сфтат дека ЕУ немаше ни 5% удел во нивните домашни економски и социјални проблеми.
Ради тоа што светскиот медиумскиот простор го доминираат медиуми од ангосаконското културно подрачје, добивме впечаток дека овој договор за слободна трговија беше глобално прашање на живот или смрт. Вистината е, дека не беше ни во трите историски највпечатливи меѓународни трговски договори, кои се склучија годинава. Тивко и скоро незабележани од јавноста на западот, годинава се поставија контурите на тектонските поместувања во глобалната економија, кои полека ќе се реализираат во децениите кои следат. Пред некој месец беше потпишан RCEP помеѓу Кина, Ј.Кореја, Јапонија, АSEAN земјите, Австралија и Нов Зеланд, со можност во иднина да се приклучи и Индија, што претпоставувам и дека ќе се случи после оваа администрација на Моди. Со тоа се создаде најголемата зона за слободна трговија во светот, која во иднина ќе претставува 40% од глобалниот ГДП. АСЕАН земјите, Кина и Ј. Кореја веќе имаат степен на надворешно-трговска интеграција, како земјите членки на ЕУ. Околу 50-60% од трговската размена на овие земји е со други земји во блокот. The writing's on the wall, глобалната економија во иднина ќе гравитира околу земјите од Западниот пацифик и Индиски океан, како пред неколку века, времето на земјите од Атлантикот полека заминува во историјата. Јасниот победник во таквата констелација е нормално Кина, која добива дефакто економска, а во иднина и политичка и културна контрола врз регионот на Западен Пацифик.
Другиот договор кој се склучи само пред неколку дена, а помина неприметно позади буката од договорот за Брегзит, е CAI или инвестицискиот договор помеѓу ЕУ и Кина (ако го ратификува и ЕУ парламентот), со кој Кина за првпат го отвара својот домашен пазар за европски компании од многу индустрии, што беше непоимливо пред само неколку месеци. Финансиската, преработувачката, здравствената, консалтинг, дури и индустриите за зелена енергија и електрични возила ќе бидат отворени за европските фирми, на база на реципроцитет. Јасно е дека пристапот до нивниот внатрешен пазар, Кинезите ќе го користат како leverage во својот однос со Европјаните, и ќе се обидат преку него да спречат координиран и заеднички притисок на САД, ЕУ и останите земји од западниот блок, во насока да ја принудат Кина на внатрешни реформи по нивен вкус. Извозно ориентираните ЕУ земји ќе ја искористат приликата и со тек на време ќе станат зависни од кинескиот внатрешен пазар, кој во следната деценија ќе стане најголемиот потрошувачки пазар во светот. Кина ја смени за 360 стратегијата после лошиот пр кој го доби со короната и се сврти кон својот внатрешен пазар како катализатор за економскиот раст и развој со dual-circulation стратегијата и реформите во финанскиот сектор.
Третиот е 400 милијарди вредните договори кои Кина, Иран и Русија ги склучија во текот на годината, со што Иран доби маневарски простор каков што немал од револуцијата во 1979 година. Политиката на администрацијата на Трамп кон Иран, не само што се покажа неефективна, туку и им подари подобри преговарачки позиции на конкурентите на САД, во борбата за влијание во голем регионален играч во значаен дел од светот. Овие договори, заедно со други регионални иницијативи, како SCO, Евроазиска унија и ОБОР, создава мрежа на меѓусебно поврзани трговски блокови, долж целата Евроазиска континетална маса, што е своевиден преседан во модерната историја.
Суштинските трансформации на глобалниот поредок, многу ретко во историјата се случуваат брзо. Најчесто луѓето ги приметуваат дури откако ќе се навикнат на нив. Пандемијата од корона вирус, имаше улога на акцелератор на некои процеси, кои секако ќе се случеа до средината на овој век. Последиците кои пандемијата ќе ги остави врз глобалната економија, веројатно ги прават само работите повидливи. 2020, според мене, само ќе стави симболичен крај на American century и ќе не воведе во Азискиот век.
Нормално, покрај пандемијата, во ваквиот исход свој придонес ќе има и еден од најголемите морони кои биле носители на политичка функција во модерната историја на Западот, Трамп со својата администрација на имбецили, кои успеаја за еден мандат да изгубат позиции кои САД ги градеше во последните 50 години и кој со серија на фијаска, како корона кризата во САД, трговската војна со Кина која ја изгуби, технолошката војна која е на пат да ја изгуби и едностраното повлекување од JCPOA и нелегалните санкции кон Иран, им даваше подароци на своите конкуренти.
Очигледно е дека светот се повеќе се движи во правец на регионализација, а глобализираната економија од 1990-ите ќе се повлече пред географски локализираните supply chain-ови и потрошувачки пазари. Британците одбраа погрешно време за да станат „глобална УК“, барем тоа е мојот впечаток. Каснат 10ина години, а картите кои ги имаат во ракав си ги фрлаат во вода, за суверенитет кој никогаш нема вистински да го вратат.