Може во еден краток пост да ми сумираш?
Знам дека Bank of England и IMF беа дефинитивно против излегување, незнам за другиве две.
Конвенционалната трговска анализа(она што е "лесно" воочливо и што може нумерички да се изрази) има best case сценарио и worst case сценарио. Претпоставката кај првото е дека UK ќе издејствува спогодба слична на онаа на Норвешка. Кај второто сценарио UK мора да ги применува правилата на СТО.
Статичката анализа вика дека ќе има промена на приходот по жител од : -0,98% , односно -2,29%(£850 - £1,700 на годишно ниво по жител).
Динамичката анализа е тро послободна со претпоставките и се темели на емпириски студии и основната претпоставка за промена на динамиката на трговијата е дека ЕУ земјите претпочитаат да тргуваат со ЕУ земји, UK нема да е ЕУ земја и ќе има контракција на трговскиот волумен, вика дека промената на приход по жител ќе е: -6.3% и -9.5%.
Консензусот за сега е дека ова ќе е вградена состојба во системот. Ефектот нема да е еднократен и истиот ќе постои дури и да се најдат алтернативни пазари(дополнителни транспортни трошоци и бариери за влез/работење).
Ова е само еден аспект, другите се малку поапстрактни и наместо одговор завршуваат со прашање.....