Ајде сега искрено малце да направиме споредба, еден работен ден во јавен и приватен сектор во МК :
Јавен сектор : Работно време ти започнува во 8 часот пример. Во 8 излагаш од дома. Стигаш на работа 8,30, одма нервозно го бараш далечинското од климата и ја пушташ на 30 степени. Имате парно во канцеларија, но подобро да е претопло отколку малце да ви застуди. Сакаш да играш на сигурна страна. После тоа започнуваш да вариш кафе, ако стигнал некој од останатите колеги пред тебе ( малце веројатно, сепак е 8,30 ) , вариш кафе за сите. Излагаш надвор нели кафе и цигара шема мора. Веќе започнале да се редат странки пред канцеларија но не е битно, ќе почекаат. Се враќаш во канцеларија, Станка донела колачи од визитата сношти. Вариш уште едно кафе, полесно да лизгаат. Во 9,30 започнуваш со прием на странки. Притоа ја истураш цела нервоза што си ја собирал во тебе. Те изнервирала жена, деца, комшија? Нема зошто да плаќаш терапија за ослободување стрес, идеш на работа и се дереш на странките.
Завршуваш со една странка после 30 мин, дошло време за пауза. Одиш 1 час на пауза, сепак и ти си човек, си бара душата малце одмор.
Во 12 се враќаш на работа. Примаш уште 2 странки максимум, доаѓа 2 часот, конечно малце слободно време за колегите. Дискутирате колку е неправедно тоа што приватен сектор зема К-15, а вие не. Какви морони. Во 2,30 одиш до трговски да си купиш нешто, се враќаш, 3,30. Кој ќе дојде во 3,30 си велиш, и си одиш дома.
И вака до пензија. Со покачувања, со одмори, со празници платени, викенди слободни.
Ајде сега приватен сектор.
Работно време ти започнува во 8, ама шефот сака во 7:45 да си тука спремен за работа. Значи од дома излагаш 7,15 . Кафе не правиш пошо немате кај да варите кафе, евентуално кафе машина имате ама тоа се наплаќа па го скокаш. Почнуваш да работиш, голем дел од времето стоечки. Во зависност од газдата, просторот е или на собна температура, или ако не си толку среќен ќе се греете со дишење. Мора ново БМВ да се купи на крај на година за газдата, мерки на штедење има. Имаш пауза за ручек во 12, исто ако си среќен имате менза каде што се служи пинерла или грав. Јадеш, малце муабет со колегите, после пола час се враќаш на работа. Слушаш некој од вработените шушкаат за организирање синдикат, ама нема, кога се вработивте потпишавте некое документче кое ви ги ограничува правата. Доаѓа 4 часот, ти завршува работно време. Слободен ден во неделата, евентуално само недела, сабота мора да се работи,не се престига колку работа имате. Сакаш одмор? 10 дена годишно, 15 ако си среќен. К-15? Ќе ти исплатат во вторник, во среда сабајле те чекаат да им го вратиш на рака. За покачување си слушнал некаде по телевизииве, обично јавна администрација се жалат за тоа, али на твоја рака не си го искусил.
Одиш дома и од утре пак исто.
Која будала би избрала секој ден да го живее второто сценарио,не знам.