Реновирање паркет?

F

Flatter

Гостин
Здраво,

Во едната соба паркетот е стар скоро 10 години и има траги од фарба(црвена боја) и поликолор и така на некој места има некој гребатинки и исто така лакот е скоро отиден.

Е сега ме интересира совет а како да го од прилика барем средам ако е можно?

И сакам да знам дали е можно фарбање на паркет во боја?

Е сега паркетот ми е во стилот на овој дизајн па ме интересира дали е можно да се среде и офарба во ваква боја?

Фала ви многу. Поздрав.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
355
Поени од реакции
275

Прво се зависи од квалитетот на дрвото, доколку паркетот не е отиден и изеден внатрешно или пропаднат/издигнат, може да се среди. Процесот не е којзнае што ама зема доста време и работа. Значи прво треба површински целосно да се отстрани лакот од него и да се измазни, па да се лакира наново. Бојата на паркетот многу зависи од лакот, ама сепак баш онаква каква што објави мислам дека нема да може да се добие бидејќи тоа на сликата е Ламинат.
Еве едно видео да видиш од прилика како би изгледал процесот изработен правилно :)
 
Ова е се со машини, јас немам ги тие потребни машини. Можно ли е без тие машини?

Инаку еве гледам на јутуб има доста слични видеа со некој си метод:)
https://www.youtube.com/watch?v=qJmYdlALpNg
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.319
Здраво,

Во едната соба паркетот е стар скоро 10 години и има траги од фарба(црвена боја) и поликолор и така на некој места има некој гребатинки и исто така лакот е скоро отиден.

Е сега ме интересира совет а како да го од прилика барем средам ако е можно?

И сакам да знам дали е можно фарбање на паркет во боја?

Е сега паркетот ми е во стилот на овој дизајн па ме интересира дали е можно да се среде и офарба во ваква боја?

Фала ви многу. Поздрав.
Ќе си викнеш мајстори паркетари кои ќе ти го истругаат, излакираат и ќе биде како нов.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
355
Поени од реакции
275
Ова е се со машини, јас немам ги тие потребни машини. Можно ли е без тие машини?

Инаку еве гледам на јутуб има доста слични видеа со некој си метод:)
https://www.youtube.com/watch?v=qJmYdlALpNg
Топло би ти препорачал да си викнеш мајстори, само да знаеш дека цените се изгор изгор скапи. Од друга страна сам да работиш ќе се убиеш од стругање...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.003
Од 5 евра нагоре а зависи од квалитет,материјал и паркетарот
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.476
Здраво,

Во едната соба паркетот е стар скоро 10 години и има траги од фарба(црвена боја) и поликолор и така на некој места има некој гребатинки и исто така лакот е скоро отиден.

Е сега ме интересира совет а како да го од прилика барем средам ако е можно?

И сакам да знам дали е можно фарбање на паркет во боја?

Е сега паркетот ми е во стилот на овој дизајн па ме интересира дали е можно да се среде и офарба во ваква боја?

Фала ви многу. Поздрав.
За паркетот да го реновираш, т.е. обновиш, најпрво треба да го истругаш. Ако имаш таква машина за стругање, добро, ако не треба да викнеш мајстор. Потоа сите оние места на кои настанало одвојување, се појавила пукнатина или некое дупче, можеш да ги пополниш со силикон за дрво. Пред да почнеш со лакирање, треба целата прашина и струготини добро да ги исчистиш, затоа што ако останат, кога ќе поминеш со лакот ќе биде катастрофа.

Што се однесува до бојата, можеш да постигнеш нешто слично на она што си го постирал погоре, од проста причина што во денешно време се произведуваат лакови за паректи и за патос во различни бои. Но сепак каква боја ќе се добие, зависи и од бојата на дрвото, т.е. паркетот.

:)
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
10.629
Поени од реакции
4.471
Од 5 евра нагоре а зависи од квалитет,материјал и паркетарот
Каде тоа толку скапо? Можда во Скопје да, иначе 2 евра е стругањето и лакирањето, нормално, лакот на твој трошок.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.003
Каде тоа толку скапо? Можда во Скопје да, иначе 2 евра е стругањето и лакирањето, нормално, лакот на твој трошок.
Е од 2 евра за м2 нагоре плочки се лепат
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.467
Поени од реакции
586
Има ли некој трик или начин најлесно да се справиш со црви во паркет?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.476
Има ли некој трик или начин најлесно да се справиш со црви во паркет?
Па има повеќе начини како да се справиш. Едниот е да купиш Неопитроид Алфа и да го раствориш во вода, во однос на упатството од производителот, и да ги пополниш сите дупчиња/пукнатини кои ги направиле црвите. Другиот начин ти е да купиш Фентин и да ги пополниш сите можни пукнатини и дупчиња што ги направиле црвите, а потоа тие дупчиња/пукнатини да ги затвориш со восок. Во таков случај ако ептен се размножени црвите и направиле голема штета, се користи Белоцид, но неговото користење е малку покомплицирано.

:)
 
F

Flatter

Гостин
Фала ви многу на сите, нека остане темава отворена за сите тие што имаат прашања поврзани со реновирање на паркет.

Инаку некој да не знае по колку се движат цените на машина за стругање(шмирглање) има ли шанси нешто да се најде до 4000 денара?
 
F

Flatter

Гостин
Знае ли некој како да ги остранам тие флеките од мрсна боја што ги има на паркетот(знам предходното лето се фарбаше нешто па има некој флеки на паркетот)

Незнам дали ќе се остранат со разредуваш пошто веќе има година дена одкако се исушени?

Чаре некое?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.476
Знае ли некој како да ги остранам тие флеките од мрсна боја што ги има на паркетот(знам предходното лето се фарбаше нешто па има некој флеки на паркетот)

Незнам дали ќе се остранат со разредуваш пошто веќе има година дена одкако се исушени?

Чаре некое?
Чим капне бојата на паркет, одма треба да се избрише. Но кога веќе биднало, или обиди се нежно со шпакла или некој друг поостар предмет да ја отстраниш капката/дамката или обиди се со разредувач, но ептен пазливо, зошто можеш и бојата од паркетот да ја извадиш. Земи нож, шестар или нешто друго остро, загреби ја дамката и капни една капка од разредувачот. Причекај неколку секунди и одма избриши со сува крпа. Но се што правиш гледај да биде само кај што е бојата, немој и на паркет.
 
На врв Bottom