Религијата (не) го унапредува општеството

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Абе на човек да му е страв да те чита... ми се стресоа коските... и сржта ми испари...:pos:
Напишаното не е за страв море... нешто не си разбрал ко што треба...
Треба да потикне да се надминеш, да победиш за да бидеш подобар, не да побуди страв и заради тоа да правиш нешто...
Та новото време не бара страшливци ами херои :) Да се дејствува не да се плаши човекот... Смртта е за сите, нема страв од нејзе.

Религијата пробуваше со векови со страв да направи нешто подобро кај човекот, ама не бидна ништо со тоа. Затоа мора да се објасни на човекот дека религијата нуди страв, но не и подобро време и промена (религијата не сака промени, нели?).
Зборувам за догматска религија. Да се објаснам, да не ме коментирате со под-прашања.
--- надополнето: 13 јануари 2013 во 15:59 ---
На тебе татко ти мора да е од Шутка...:pos:..тие потекнуваат од Индија па затоа и практикуваш јога...:pos:
За ова не си спиел за да смислиш нешто за да ме навредиш а? :eek:
Браво, просветлен...
Ми кажувале дека е лесно да го напуштиш селото, тешко е тоа да излезе од тебе :(
Ќе те оставам во калта да се препелкаш самичок...

И почни да ги сакаш луѓето дури и ако не се согласуваш со нив. ;)
За богови и религии не се губат луѓе и не се убиваат (во името на богот еден куп умирале, и ништо)

Религијата не го подобрува општеството бидејќи секоја религија нуди своја слика за уредувањето... премногу религии, премногу напредок нели? :drk:
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264

Абе кој кого следи.....

Ги сакам јас луѓето, ама луѓето а не стока од луѓе.
Баш затоа што ги сакам, сакам и да ти помогнам...да те одглавам од гомната во кои си пропаднал.
Ќе ти догоре свеќата и после што праиш?
За реинкарнација тешко....многу си ниско на скалата.
Пепел ќе се сториш брат...
И научи дека религијата не го прави општеството...било тоа во феудализмот...сега сме 21век...или во шутка уште е феудализам?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Ти себе не се сакаш не пак другите :cautious:

Имаш премногу „свои“ поими кои немаат врска со општо-прифатените објаснувања и не се разбираш воопшто со луѓето.
Тоа што ти сакаш да одглавиш некој, правиш само лошо. Сите се таму кај што треба да се во моментот... Напредувањето не се прави со твоите простачки муабети по форумов.
Твојот пат за некој е кал и блуткава пот бесцелна... и ете како што ти велиш и мојот или нечиј друг за тебе е никаков пат. Но тоа ако се заморуваш со другиот...
А ние телемитите велиме : не ми е грижа за твојот пат, не го мешај со мојот, има место за сите во Универзумот. Твојата волја, твој проблем, не е наш.

Проблемот е што ти мислиш дека секој друг има гнасен и погрешен пат, освен ти самиот.
Тука ти лежи маката и чудната ти потреба да плукаш по сите како спијат, како ова како она...
Не суди го другиот се додека не знаеш дали ти може да му ги поминеш искушенијата... Биди малку мудар.
Со навредувања, со плукање и со простачко однесување, никој не се спасува ниту пак поучува.
Ти така лошо почна, со лева нога. Секој може да биде на твое селско простачко ниво и да се труди да го омаловажи соговорникот по било која цена.
Не така момак...

Постојано ти зборуваш за другите кај се... гледај си таму патот главата во земја и молчи ако немаш што мудро да кажеш.

И не може да зборувам со тебе за религија... за тебе религија е сешто... мирисање цвеќиња ти е јога... Ти не ги сакаш религиите, но бидејќи повеќе мразиш атеисти, одбираш да браниш помало зло за тебе!
И реков, ти не сакаш луѓе кои не ти ги одобруваат размислите. Тие ги сметаш за непријатели, би убил некој таков во името на твојот фантомски искасапен бог.
Тоа се секташки размисли и раѓаат килави следбеници кои ги проектираат врз другите своите недостатоци.

П.С: Ееее види колку убаво ти напишав како да правиш и да бидеме во супер однос, а не да се препукуваме ко мали деца (не ми се допаѓа постојано со тебе да се тегнам и да пазам да не ме свлечкаш во простачко навредување по форуми).
Биди ми поздравен и намали со нервозата заради мои или било чии размисли... Ќе направиш глупост.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Брат..јас те опоменав уште на почетокот.
Секогаш кога ќе ме наречеш со друго име освен со ова Г. ќе ти биде вратено во иста мера у најмала рака.
Твоите поими за религија не ме интересираат воопшто, тоа си е твој проблем.
Али на цинизам и провокации враќам со иста мера.
и на крај...ТИ не ја разбираш мојата религија. за да ја разбереш, требе да ја знаеш Вистината.
Ај имај пријатен ден..одам на кошарка.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Напишаното не е за страв море... нешто не си разбрал ко што треба...
Треба да потикне да се надминеш, да победиш за да бидеш подобар, не да побуди страв и заради тоа да правиш нешто...
Та новото време не бара страшливци ами херои :) Да се дејствува не да се плаши човекот... Смртта е за сите, нема страв од нејзе.

Религијата пробуваше со векови со страв да направи нешто подобро кај човекот, ама не бидна ништо со тоа. Затоа мора да се објасни на човекот дека религијата нуди страв, но не и подобро време и промена (религијата не сака промени, нели?).
Зборувам за догматска религија. Да се објаснам, да не ме коментирате со под-прашања.
--- надополнето: 13 јануари 2013 во 15:59 ---
Еми страшен си што да се прави... ист ко религиине догматични си...сееш страв и надеж...:P Арно што си се објасни дека се догматични оти има религии и религии... а религиозност слабо, ретко... Биди во моментот.. Што имаш да надминеш, со што да се бориш за да победиш... саде илузии брат... живеј го животот во целост, биди во светот, но не дозволувај он да навлезе во тебе...(под светот мислам за човечко создадениот свет, не и за природата, оти ние сме природата...)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Браво :)
Де врати ми на провокација со простачки муабети бидејќи не знаеш да се контролираш :)
Усоврши јогата, Виница.
Паѓаш на провокации??? :facepalm:
Веќе не ми е филм... ми расипа едно задоволство. Не си фер.
Ајде, со среќа на кошарка...

И религиите СЕ општество, затоа имаат хиерархии кои ти не ги поднесуваш. Затоа и ти не си припадник на ниедна религија, ами секташ.
Гурџиев бил секташ, ти како следбеник си секташ... ;)
Ама тоа си е твое...

Религиите секако се примитивно општество и уредување на живеењето (духовно и физички). Прави муабет со некој монах, поп... ќе видиш...
Вака бесцелно мене ме заморуваш и ми велиш дека не знам, кога ти не си ни истражувал во врска со религијата (затоа тебе битието ти е религија). :cautious:
--- надополнето: 13 јануари 2013 во 16:31 ---
Ок ок :)
Држи се на темата...
Живее секој како му е волја, со кого му волја, каде му е волја... или пак не можете така?
Ограниченост нели... неспособност, немоќност...

Религијата е религија. Кажи ми име на религија, а потоа на религија (y) И нормално кои се разликите.
Повели.
 
Ево ти, па ти после думај... Христијанство VS Зен... Разликите најди си го сам(мала помош... во квалитетите на живеењето;) )
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Ево ти, па ти после думај... Христијанство VS Зен... Разликите најди си го сам(мала помош... во квалитетите на живеењето;) )
Не се думам, реков ако сакаш да ми кажеш разлики помеѓу религија и религија (едната вистинска другата лажна).
Ама ок, штом не сакаш, нека биде така...
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Не се думам, реков ако сакаш да ми кажеш разлики помеѓу религија и религија (едната вистинска другата лажна).
Ама ок, штом не сакаш, нека биде така...
Ех бре човек да ве храни со лажичка... :P Пример... Дали знаеш каква била придобивката и напредокот на јапонското општество откако се појавил Зен...? А каква била за општествата во кои се појавило Христијанството...?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Само што го пуштив видеото да го гледам, Мухиќ ги закопа уште од старт со фактот : Атомската бомба беше создадена од научниците, а не свештените лица. Тие не беа прелажани дека таа служи за садење на компири. ЦАР ! Да го догледам цело видео, па ќе пишам мој осврт кон дебатава. :)
И?
Благодарение на науката Мухиќ збореше на микрофон. Благодарение на науката ти ги лупаш глупостиве на форум. Тебе те прелажаа дека интернетот е за лупање глупости или?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom