Религијата (не) го унапредува општеството

  • Креатор на темата Креатор на темата 321456
  • Време на започнување Време на започнување
3

321456

Гостин
Тоа беше тезата на дебатата одржана на 20 декември 2012 организирана од Младинскиот образовен форум.
425754_10151354943470960_216969288_n.jpg

Снимката од дебатата може да се погледне тука

Кое е вашето мислење на темата и вашето мислење за дебатата?

Јас мислам дека иако негацискиот тим имаа солидно излагање, дебатата беше слаба. Прво не беше фер, афирмативниот тим беше многу слаб, и плус Ферид Мухиќ си замина порано, а и самиот тој во излагањето немаше некоја идеја и кажа многу небулози.
Во тој тим наместо отецот требаше уште еден со световна професија. Отецот беше премногу искулиран во одговорите и не успеа да ја погоди темата на дискусија, како и што всушност повеќето попови не успеваат да си го најдат нивното место во модерниот секуларен свет.
Најголем cringe момент од кој и мене ми падна срам ми беше кога Владо Јовановски во некој од одговорите сакаше словенската писменост да ја припише на религиската мотивација, ама не му успеа, сакаше да рече дека таа азбука, тие букви не паднале од небо, и пред да ја заврши реченицата увиде дека тоа е во спротивност на она што го тврди. http://youtu.be/xne2F6OKHP0?t=1h39m11s
 
Имав прилика во живо да ја следам дебатата. Не ми се допадна воведниот говор на проф. Мухиќ кој ги прикажа Француската буржуаска и Болшевичката револуција како револуции кренати од одпадниците на Бога и како тоа довело до многу крвопролевање... Да не беше Француската револуција немаше да ја имаме денешнава демократија. Црквата ќе останеше над кралот и ќе ја водеше државата. Откако негацискиот тим, мислам дека беше проф. Ванковска ја спомна инквизицијата, отец Калпаковски излезе со: „дајте ве молам да го прекинеме ова со инквизицијата. Православната црква нема ништо со тоа“. Тогаш, зошто неговиот тим воопшто како факт против атеизмот ја става Француската револуција која не е поврзана со нас...? Друго, ме разочара Владо Јовановски кој беше поголем поп од Калпаковски. Според него писмото ни е дирекно пратено од Бога за да не описмени... Бог на сон му ги издиктирал глаголичните писма на Кирил филозоф... Трендо само шоу правеше и успеа да го закопа во земја Фрчковски :pos:

Според мене, до неодамна религијта немаше никакво влијание врз општеството. Но, во поледно време почна да се меша во работи кои не треба да им бидат од интерес. Ванковска убаво кажа, гг Стефан да се фокусира на верата и како народот да го придобие, не да полемизира зошто Грувски бил јајцуван во Албанија.
 
Робеспјер и пола од тогашна француска елита што ја водеа револуцијата беа деисти, не атеисти. Не гледам логика. Нека прочита и попот за богомилството и како се искоренувала „заразната болест“ од страна на православното свештенство, негде 3-4 века пред да се воспостави инквицизијата.
 
Трендо - Фрчко, 1:0 :pos::pos::pos:
(1h18m и нешто).

Лоша дебата, без добра насока, еден професор ја напушти, крајно несериозно... Мислам, на форумов има подобри дискусии...
 
Само што го пуштив видеото да го гледам, Мухиќ ги закопа уште од старт со фактот : Атомската бомба беше создадена од научниците, а не свештените лица. Тие не беа прелажани дека таа служи за садење на компири. ЦАР ! Да го догледам цело видео, па ќе пишам мој осврт кон дебатава. :)
 
Сметам оти религијата е таа која што го уназадува општеството и му дозволува само технолошки развој,а не духовен.Таа теза неможат никакви тврдења да ми ја отстранат од главата,бидејќи сум бил сведок и носител на настани кои ме натерале да подрзамислам.Доколку нема религија или би постоела монотеистичка религија,во која ке учествува целиот свет,ќе има повеќе толеранција а не да се дели на муслимани и христијани итн ... :D It`s just my opinion
 
Религијата ги поврзува луѓето - Ферид Мухиќ.Хммм...
На кој начин?

Дали фундаменталистите од Блискиот Исток кои редовно на своите пиуни им даваат задача да се само-разнесат или да масакрираат Евреи,Христијани,Хиндуисти,Будисти или да сквернават некои храм од наброените.

Во Европа,заради екстремно-либералистичкиот став кои владее со децении воскреснува фашизмот,еден типичен пример е Герт Вилдерс.

На ваков начин ли ги поврзува религијата луѓето?

:)
 
Сметам оти религијата е таа која што го уназадува општеството и му дозволува само технолошки развој,а не духовен.Таа теза неможат никакви тврдења да ми ја отстранат од главата,бидејќи сум бил сведок и носител на настани кои ме натерале да подрзамислам.Доколку нема религија или би постоела монотеистичка религија,во која ке учествува целиот свет,ќе има повеќе толеранција а не да се дели на муслимани и христијани итн ... :D It`s just my opinion
Ај објасни јас оваа реченица, јас не можам да сватам како религијата технолошки го развива општеството.
 
Само што го пуштив видеото да го гледам, Мухиќ ги закопа уште од старт со фактот : Атомската бомба беше создадена од научниците, а не свештените лица. Тие не беа прелажани дека таа служи за садење на компири. ЦАР ! Да го догледам цело видео, па ќе пишам мој осврт кон дебатава. :)
Научниците ја создадоа атомската бомба затоа што не беа религиозни.

Христијаните ја создадоа инквизицијата,ловот на вештерките,крстоносците...

Исламистите сеуште создаваат и ќе создаваат,сеуште се во фаза на еволуирање,во фаза која полека низ годините треба да ги доближи кон модерниот,секуларен свет.Моментално се во Dark Ages.

Атомска бомба (Хирошима+Нагасаки) ~ 200 000.
Во име на религијата (се разбира забележано во историските читанки, не и во библијата)
~ 809 000 000
Шах мат научници.
 
Атомска бомба (Хирошима+Нагасаки) ~ 200 000.
Во име на религијата (се разбира забележано во историските читанки, не и во библијата)
~ 809 000 000
Шах мат научници.

Плус два и пол милиони убиени во Библијата од страна на Бог или по наредба на Бог...

Журка...
 
Религиjата не го унапредува општеството во ваква форма.
Интересна дебата, малку сиромашна од афирмативниот табор поради недостаток на аргументи и многу мутави примери, посебно на Владо Jовановски што се запнал за глаголицата ко ќор за стап. Според мене и интегрално кога би се применувала религиjата т.е сите позитивни работи од светите книги, пак нема да биде тоа во ред затоа што секогаш ќе има хомосексуалци, секогаш ќе има манипулатори и лоши луѓе, секогаш ќе има научници што ќе ги оспоруваат догмите и секогаш ќе има плурализам во општеството. Сржта на религиjата е конзервативизмот, 21 век е спротивен на тоа и во модерните држави преовладува либерализмот, либерализам и христиjанство или либерализам и ислам е како да мешаш вода и зеjтин. Но поради фактот што дотичните религии се човечка творевина, нема да ме зачуди доколку светите книги бидат пренапишани и надополнети во наредните години (доколку опстоjат) со цел да не исчезнат од лицето на земjата.
 
Ферид Мухиќ:"Пробајте да замислите потполно Атеистичко општество.Тоа е невозможно."
Ова е кажано со цел,дека доколку би настанало такво општество,хипотетички кажано,таквото општество би било безчуствително,без етика.
Но емпириските докази го тврдат спротивното,Атеистите немаат робовски морал како Теистите и не страдаат од апатија,од затупеност,Атеистите се тие кои се отворени кон светот,кои ги рушат стереотипите.

Ферид оди си дома,пијан си !

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom