Религиска поделеност или Меѓурелигиски соживот?

Религиска поделеност или Меѓурелигиски соживот?


  • Вкупно гласачи
    82
T

templar55

Гостин
Требаше само да ја поврзиш мојата реченица со почетокот на твојот пост и се ќе ти беше јасно.Никако не дозволувај омразата да те наведе на неправда!

И на крајот: Исламот ги ослободил жените од ропство.
И на крајот: Исламот ги ослободил жените од ропство
И на крајот: Исламот ги ослободил жените од ропство






Со вакви ли имбецили ке градиме соживот ? Да не се лажеме, никаде во светот не ги почитуваат, јас искрено сум христијанин и ги почитувам сите други религии освен исламот, мада според мене ислам и не е баш религија.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Меѓурелигиски соживот?
Како може да има соживот кога за хрстијаните се што не е христијанско е грешно, и како соживот кога со изјавите дека само Исус е патот и вистински бог-човект го негира богот на другите?;)
Очигледно се дрзнуваш самиот себе да се судиш и лажеш предходно да не го знаеш ставот на единствената црква Христова..
Ако се повикуваш,мислиш/сметаш на сектите и протестаните(догмите надвор од црквата) според нив можеби, зошто имаат сосема погрешни толкувања и прописи.
Но во Православието единствената црква Христова тој став не е ни најмалку сличен кон неверните и нехристијаните!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Ок, поправи ме, не лажам, само има можност да сум згрешип.
Ајде просветли ме и кажи ми ти каков е ставот на православната црква кон: исламот, католицизмот, протестантите, источните школи, кон атеистите, кон евреите...

Повели, просветли ме. Кажи ми како православната црква го решава „соживотот“ со другите, за кои нема баш добро мислење!
Или да одам на премин порталот јас да ти побарам да видиш како учени попови за источните пракси кои ги има во хиндуизмот велат дека тоа е сатанизам!

Ти мене ќе ми раскажуваш сказни за соживот и како едната ти мајка православната ти црква е најчистото чисто во однос на соживот? Ма ајде ти се молам, со лажење и прикирвање само се проширува јазот за соживот!
Дајте го вистинското лице, кажете дека или со христос или не. Или со алах или не! Ниту еден христијанин не го поднесува Алах и смета дека Мухамед е лажен пророк за кој и зборувал Исус дека ќе дојдат после него, за исламот Исус е обичен пророк, како и другите пред него...
Сето тоа едната и другата религија го смета за голема навреда кон нивното верување! Нема соживот и нема да има! Што се филмате...

Собери си чергата и нозете до пола черга да си ги пружиш, бидејќи некоја христијанска секта ќе ти нагазне на прстот! Полека, верувај си ти така убаво, но не се расфрлај по толку многу :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Еј секташу...кажи ми дали е можен соживот помегу секти 666 и нормални луге?
Престани по темиве да им се нафрлаш на луѓево со офтопици, баниран си и од оваа тема, каде и да е и од форумов. И не досаѓај по ПП.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Религија и соживот не одат рака под рака. Тенденцијата на религиите е насилно(дали со оружје или пропаганда) собирање верници. Така да ова ти е научна фантастика.
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Кога увидов колку од вас не се расположени за соживот, залудно е јас сам да барам соживот, терај те си по ваше, јас ќе си терам по мое, го пременив мислењето, од овој момент гласа за втората опција на анкетата!!
Како сакаш да има соживот кога различните луѓе од тебе ( по релиѓија, морал, начин на живот, итн) ги нарекуваш изопачени и бараш спас во твојата религија, истата таа религија која што со нејзините морални вредности те убедила дека тоа е така и истата таа религија ти налага да ги уништиш на истите со цел да ја запознаат вистината.
Кога согледуваш дека од другите луѓе различни од тебе не си прифатен т.е твоите морални норми, твоето видување на животот твојата религија ти се повлекуваш од барање соживот,
што ти тоа значи се прашувам. Ке чекаш затворен и повлечен се додека не си мнозинство со твоите истомисленици, брака по религија и тогаш со сила ги наметнете вашите морални норми да важат за вас и потоа и за другите луѓе со различни убедувања, па ако некој се противи ке биде линчуван, што е моментално ситуација во некои африкански држави, каде што муслиманите ја имаат зголемена нивната бројност преку раѓање на многу деца и водат војна џихад со другата половина на население на државата. А некоја група на луѓе како хомосексуалцита ке ја немаат ни таа привилеѓија да се подчинат на моралните норми на исламот т.е по дифолт ке бидат уништени, за земјата да биде исчистена од “гнасите“.
За да имааш соживот најпрво треба да ги почитуваш на различните луѓе од тебе по род, релиѓија, сексуална ориентација и се друго, и тие се луѓе како тебе кои сакаат да живеат, да бидат почитувани, да се еднакви, да бидат среќни, да успеат да ги остварат своите желби итн. За жал религиите тоа не го дозволуваат, тие по секоја цена (дури и крвопролевање) сакаат да ги наметнат своите морални норми над целата популација, и со тоа се судираат меѓу себе и ескалираат војни.
Тоа одамна е увидено, одсекогаш имало, има и ке има различни луѓе со огромни разлики мегу нив и тоа е причината на создавање на секуларни држави, каде религијата е одделена од државната власт, сите луѓе се исти и еднакви и имаат исти права без разлика на нивна вероисповед, род, етничка припадност, начин на живот. Доколку одредена група не се осека рамноправно има механизми за да се направи промена и да се избегне крвопролевање (религиите не ја имаат оваа опција), т. е да се има соживот меѓу луѓето.
Доколку сакаш ти да имаш соживот овде во Македонија би ти препорачал да ја прифатиш оваа држава како секуларна држава и да се трудиш тоа така да остане, бидејќи ако исчезне секуларноста посебно во Македонија, која е крстосница на различни религииски убедувања со сигурност ке има војна меѓу муслимани и христијани, а твоите религиозни обичаи негувај си ги дома со семејството.
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
Во духот на меѓурелигискиот дијалог и соживот.
Крстот во Аеродром ќе се гради од донации!
Советот на Општина Аеродром доцна во петокот донесе одлука да се отстапи простор за изградба на 33-метарски крст кај висококатниците. Одлуката е донесена со 17 гласови за, на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, додека советниците од СДСМ гласаа воздржано. Во одлуката се вели дека општината отстапува простор за изградба на времен објект со културна и верска содржина.

Светскиот македонски конгрес смета дека е добро во општината Аеродром да се постави крст со големи димензии бидејќи 99 отсто од населението е христијанско", а локацијата, на крстосницата на булевар Србија" со Трета македонска ударна бригада ја смета за поволна, бидејќи крстот со димензии од 33 метри, ќе се гледа и од Гази Баба и од Чаир и од Кисела Вода".
- Крстот не е ниту конспирација, ниту провокација, туку културна афирмација. Крстот не е антиисламски симбол, туку дел од културата на Македонија. Крстот има право на простор во Македонија, затоа што Македонија е основата на христијанството во Европа. Во Македонија, во градот Филипи, од Светиот Апостол Павле е покрстена првата христијанка во Европа, Македонката Лидија, стоеше во соопштението од Светскиот македонски конгрес.
Главниот проект до општината Аеродром ќе биде доставен до крајот на 2013 година, а македонскиот православен крст ќе биде подигнат во рок од 60 дена од добивањето на дозволата за градење.За неговата изградба ќе се собираат донации.
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
А што тука не е во ред што го попречува меѓурелигискиот соживот?

И џамиите сметаат па никому ништо!
Не реков јас дека ми смета,100 метра нека биде.
Ова беше во склоп со темата за гласноста на џамиите.
:)
 

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
А што тука не е во ред што го попречува меѓурелигискиот соживот?

И џамиите сметаат па никому ништо!
Џамиите не сметаат и не треба да сметаат, туку проблемот е што повекето муслимани постојано и на секаков начиин сакаат да ја потенцираат супериорноста на Исламот и некако немаат осет за реалност и самокритика и своеволно си се гетоизираат.Инаку не ми смета ничија идеологија и верувања и го почитувам , само што они некогаш знаат да претераат .Па после ке биде оти сите се плашат од нас . зашто не не сакаат итн.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
само 2 мин издржав
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 20:34 ---
што е муабетот?
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 20:34 ---
Најлоша земја за жените е...
Од 22 земји од арапскиот свет, жените најлошо живеат во Египет, а најдобро на Коморските острови, покажуваат резултатите од годинешното истражување на експертите за родови прашања

Истражувањето кое го спровела фондацијата Томсон Ројтерс, покажува дека состојбата со правата на жените е на најниско ниво во Египет, поради големиот број случаи на сексуално вознемирување дискриминаторски закони, криумчарење на жени, присилно мажење, висока стапка на обрежување на жените и јакнење на конзервативните исламистички групи.

Втората најлоша земја за жените е Ирак, каде жените сега живеат полошо од времето на Садам Хусеин, а по оваа земја следат Саудиска Арабија, Сирија и Јемен.
Од друга страна, во арапскиот свет жените најдобро живеат на Коморските Острови, каде држат 20% од министерските места, а во најдобрите пет спаѓаат Оман, Кувајт, Јордан и Катар.
Експертите во рамки на анкетата проценувале фактори како што се насилството врз жените, правото на раѓање, односот кон жените во рамки на семејството и улогата на жената во политиката.
Во рамки на анкетата испитувани се 330 експерти во 21 земја, а ова е трето годишно истражување на оваа фондација за женски права од почетокот на арапската пролет во 2011 година.
Според извештајот на на ОН, од април, 99,3% од жените и девојчињата во Египет се жртви на сексуално вознемирување.
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 20:35 ---
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=27031
 

Kajgana Shop

На врв Bottom